Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren
  • Viel Erfolg, Glück, Frieden, Gesundheit und mögen Eure Träume in Erfüllung gehen
    Wünscht das BalkanForum-Team

Skopje - Bauprojekte

Es wird ein Investor gesucht für das Freizeitpark in Skopje


Распишан уште еден оглас за пронаоѓање на инвеститор за Луна паркот

luna%20park%20Skopje.jpg
Градот Скопје не се откажува од идејата за изградба на нов забавен парк на локацијата на постоечкиот Луна парк. Во печатените медиуми денеска е објавен оглас за доделување на договор за воспоставување на јавно – приватно партнерство во форма на концесија за период од 35 години. Победникот ќе треба да го финансира дизајнирањето, изградбата, работата и одржувањето на забавниот парк, кој согласно со досегашните информации треба да се простира на површина од 40.000 метри квадратни. Крајниот рок за доставување на понуди од заинтересираните субјекти е 3 декември. Во една од претходните објави за пројавување интерес, градските власти истакнаа дека проценетата вредност на проектот изнесува 12 милиони евра.

Локалните власти ќе се раководат од четири критериуми при изборот на најповолен понудувач, и тоа: цена на дневен билет за влез и неограничено користење на реквизитите (25 поени), вкупен износ на инвестиција за шест години (25 поени), број на повеќе од превидените монтирани реквизити во првите шест години (25 поени) и капацитет – број на кориснички седишта на „адреналински“ реквизити (25 поени). Операторот на идниот забавен парк треба да ги задоволи европските стандарди за безбедност на забавни паркови при реализацијата на проектот. За обележување е и податокот дека градските власти во огласот ја опишуваат катастрофалната состојба во која се наоѓа Луна паркот, кој потпаѓа под нивна надлежност.


Актуелната состојба во која се наоѓа Луна паркот:

- Реквизитите се многу стари и нивната состојба не е соодветна за минималните стандарди за квалитет;
- Напојувањето со електрична енергија е старо и не ги задоволува тековните потреби и не ги исполнува пропишаните мерки за заштита;
- Водоводната и одводната канализациона мрежа во моментов е запрена и пумпите не работат правилно;
- Хидрантската мрежа за противпожарна заштита мора целосно да се обнови;
- Oбјектот со години акумулира загуби во работењето, што доведува до исклучување на можноста за самостојна модернизација и за купување нова опрема.
 
Градоначалникот задоволен, стручната јавност со критики за новиот ГУП на Скопје

Во бараките на градската администрација денеска по втор план се расправаше за новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје за периодот 2012 – 2022 година. Скопскиот градоначалник Коце Трајановски е задоволен од процедурата за изработка на важниот документ, иако истата се повторува по втор пат во изминативе неколку месеци. „Успеавме со многу контакти, со општините и со останатите субјекти Нацртот на ГУП да се доведе до фаза кога многу од сугестиите, барањата и предлозите на заинтересираните беа прифатени“, истакна градоначалникот Трајановски во своето обраќање. Наспроти него, стручната јавност упати низа на критики поврзани со предвидувањата за бројот на жители на градот, планираниот процент на зеленило и за дел од вцртаните траси на идните сообраќајници.


strucna%20rasprava,%20GUP%20Grad%20Skopje.jpg

*Извор: Град Скопје


Пензионираниот професор Михаил Токарев, како претставник на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, напомена дека Нацртот на ГУП-от е нереален, бидејќи нема прецизни податоци за бројот на жителите во Скопје поради нереализираниот попис на населението. „Со планерски мерки треба да се оневозможи растење на Скопје на сметка на другите градови во земјава. Овој план се носи повеќе од практични причини да се решат некои актуелни прашања во градот, а не како за репрезентативно и културно средиште на Македонија“, изјави професорот Токарев. Како одговор на констатацијата, Аљоша Шопар од Секторот за планирање и уредување на просторот на Град Скопје истакна дека идниот документ за наредните 10 години треба да ги задоволи потребите на 650.000 жители.

Лилјана Поповска од политичката партија ДОМ постави прашање поврзано со процентот на зелени површини што фигурира во Нацртот на ГУП-от и за зацртаната траса на Јужната обиколница на Водно, која во претходната верзија минуваше над постоечките населби, во заштитената зона на парк – шумата. Претставникот на Градот Скопје објасни дека зеленилото зафаќа 12,87 отсто од вкупната територија на градот, со што е зголемен процентот на зеленило по глава на жител. Во однос на забелешката за Јужната обиколница, тој изјави дека нејзината траса е спуштена надолу и дека главната цел е да се заштити парк – шумата Водно од натамошна изградба на дивоградби.

Томе Костадиновски од Сојузот на стопански комори на Македонија констатираше дека индустриските зони Стенковец и Визбегово повторно се наоѓаат надвор од територијата на Градот Скопје. „Сметам дека ГУП-от е стар по идеја и по донесување бидејќи не донесе нови четврти и нови блокови за инвестиции, за мали и средни претпријатија, за градба на индустриска зона, за незагадувачка индустриска зона и не овозможи нови четврти за градба на станбено – деловни објекти“, истакна Костадиновски во својот говор.

Во конечната верзија на Генералниот урбанистички план постои можност да се зголеми бројот на предвидените градски четврти, за кои општините ќе треба да изработуваат Детални урбанистички планови. Со новиот документ се задржани постојните граници на Градот Скопје, во согласност со извршената територијална поделба од пред неколку години. Правните лица можат да ги достават своите забелешки за Нацртот на ГУП-от во писмена форма во период од 10 дена од одржувањето на стручната расправа. Планот што ќе го исцрта развојот на главниот град е предвидено да се донесе кон крајот на октомври.


 
Skopje City Mall wurde eröffnet

„Skopje City Mall“ ги отвори вратите за посетители

Вечерва беше свечено отворен „Skopje City Mall“ [»мапа], кој со својата бруто површина од 90.000 метри квадратни го презема приматот на најголем трговски центар од затворен тип во државава. Домашната „Fashion Group“ и „Balfin Group“ од Албанија во него вложија над 100 милиони евра и очекуваат околу 7,5 милиони посетители во првата година на работење. Централниот дел на објектот го сочинуваат околу 150 продавници и два импозантни ходници кои креираат кружно движење на посетителите, а во комплексот спаѓа и катна гаража со 1.300 паркинг места. Од вкупната површина на „Skopje City Mall“, 39.000 метри квадратни се наменети за издавање (GLA).

Според инвеститорите, трговскиот центар ќе вработува околу 2.000 лица. За прв пат во Македонија свои продавници отворија брендовите на „Индитекс“ групацијата – Зара (Zara), Бершка (Bershkа), Масимо Дути (Massimo Dutti), Пул енд Бер (Pull & Bear) и Страдивариус (Stradivarius), како и францускиот ланец на супермаркети Карфур (Carrefour), кој според прометот е прв во Европа и втор на глобално ниво. Само хипермаркетот на Карфур ќе обезбеди вработување за околу 250 лица. Закупци во „Skopje City Mall“ се и и-Стајл (iStyle), Афтершок (Aftershock), Литл Буда (Little Buddha), Ворлд оф аксесорис (World of Accessories), Бланко (Blanco), Ив Роше (Yves Rocher), Алдо (Aldo), Урбан џангл (Urban Jungle)… Австрискиот кинооператор Синеплекс (Cineplexx) со своето 3Д кино се очекува да започне со работа во ноември.

Проектот за „Skopje City Mall“ е изработен од страна на тексашката „Laguarda.Low Architects“ и домашната „ДСЦ Дизајн“. Главен изведувач беше „Торус Инженеринг“. На изградбата на објектот речиси во континуитетработеа по околу 1.000 работници, а на моменти се вградуваа и по 1.000 метри кубни бетон дневно. Покрај директните градежни активности, во проектот индиректно се вклучи и Град Скопје. За потребите на „Skopje City Mall“ Градот го дислоцираше буичниот канал во Карпош 3, а исто така изврши проширување на улицата Манапо, која ќе претставува главен пристап до трговскиот центар.

» Форумска дискусија за овој проект


Споредба на затворени трговски центри во државава, според вкупната површина (GBA) и според површината за издавање (GLA):

Skopje City Mall
- 90.000 m[SUP]2 [/SUP]GBA
- 39.000 m[SUP]2 [/SUP]GLA

Vero Center
- 40.000 m[SUP]2 [/SUP]GBA
- 10.600 m[SUP]2 [/SUP]GLA

Palma Mall Tetovo (во изградба)
- 32.000 m[SUP]2 [/SUP]GBA
- 15.200 m[SUP]2 [/SUP]GLA

Ramstore Mall
- 25.000 m[SUP]2 [/SUP]GBA
- 14.500 m[SUP]2 [/SUP]GLA



Галерија од отворањето:













 
Für 5,3 Millionen Euro wird das Aqua Park erbaut..

5,3 милиони евра за изградба на аква паркот во рамки на СЦ „Борис Трајковски“


По неколку неуспешни тендери, спортскиот центар „Борис Трајковски“ склучи договор за реализација на рекреативниот аква парк, како нова атрактивна содржина во рамките на постоечкиот комплекс. Конзорциумот составен од македонските фирми „Жикол“ од Струмица, „Електро – унион“ од Скопје и турската компанија „Полин супарклари ве хавуз системлери аноним ширкети“ ќе го градат долгонајавуваниот проект, при што од државниот буџет за оваа намена ќе наплатат 326.319.894 денари, односно околу 5,3 милиони евра. Рокот за изведба на активностите на терен изнесува 5 месеци, така што аква паркот треба да биде комплетиран најдоцна до крајот на февруари 2013 година. Покрај победничката, на објавениот тендер била поднесена уште понуда од конкурентска градежна компанија.


Akva%20park%20SCBT%20viz11%20Temon.jpg



Планираниот проект треба да се гради на површина од 5.600 метри квадратни, кој заедно со летната тераса на базенот „Младост“ би се простирал на 6.500 метри квадратни. Идниот аква парк ќе се состои од низа на тематски содржини, меѓу кои: базен со бранови, тобогани, мрзлива река со водопад, угостителски објекти и останати рекреативни содржини за посетителите. Идејното решение за зданието го изработи фирмата „Темон инженеринг“ од Скопје, а финансиските средства ги обезбеди Владата на Република Македонија.

- - - Aktualisiert - - -

[h=2]Skopje City Mall überfüllt..

Скопје Сити Мол, денеска ги собра скоро сите жители на градот на едно место.[/h]
skopje-city-mall2500.jpg

Модерниот изглед на Молот и ниските цени, кои повеќето дуќани ги имаа поради отворањето, ги привлече граѓани. Посетителите од рано утринава се насобраа пред влезот на трговскиот и се туркаа на вратата за да влезат и да видат што се има во грандиозниот објект.
skopje-city-mall1500.jpg

Овој модерен и современ мол според сите очекувања ќе ја стави Македонија на мапата највозбудливи шопинг-дестинации во регионот. Организирани шопинг тури кон новиот трговски има и од соседно Косово.
skopje-city-mall4-500.jpg

skopje-city-mall3-500.jpg

skopje-city-mall6-500pg.jpg

skopje-city-mall5-500.jpg

skopje-city-mall7-500.jpg

skopje-city-mall8-500.jpg

skopje-city-mall9-500.jpg

skopje-city-mall10-500.jpg

skopje-city-mall11-500.jpg

skopje-city-mall12-500.jpg

skopje-city-mall13-500.jpg

skopje-city-mall14-500.jpg
 
Die Interesse für das erbauen von Wohnhäusern in Skopje steigt

Продолжува големиот интерес за изградба на нови станбени површини

Трендот на вложување во нови станбени објекти продолжил и во текот на месец август. Според соопштението од Државниот завод за статистика, бројот на предвидени станови за изградба изнесувал 618 со вкупна корисна површина од 51.112 метри квадратни, што претставува пораст од 10,8% во споредба со истиот месец лани кај бројката на станови и зголемување од 8,5% на нивната површина. Од нив, 355 идни живеалишта се инвестиција на физички лица, додека деловните субјекти предвиделе подигнување на 263 станови со површина од 17.024 метри квадратни. Скопскиот (295), пелагонискиот (97) и југозападниот (75) регион предничат во однос на бројката на станбени единици кои добиле одобрение за градење од страна на локалните самоуправи. Општините Центар (94), Битола (75) и Аеродром (68) се локациите на кои постоел најголем интерес за започнување на инвестиција во станбениот сектор во текот на месец август.

Статистичарите констатираат дека во осмиот месец од 2012 година се издадени 272 одобренија за градење што е за 42,4% повеќе во однос на идентичниот период од минатата година. Најголем пораст на градежните дозволи од 264,7% е забележан во секторот нискоградба. Сепак, предвидената вредност на објектите е намалена за 16,6% во споредба со август 2011 година, поточно домашните и странски инвеститори пресметале дека во новите зданија ќе вложат 2.100.584.000 денари или околу 34,2 милиони евра. Процентуално, најголемиот пад од 54,2% е регистриран во секторот реконструкција на стари објекти. Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 197 (72,4%) се наменети за објекти од високоградба, 45 (16,5%) за објекти од нискоградба и 30 (11,1%) за објекти за реконструкција. Од 272 објекти, на 189 (69,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, додека на 83 (30,5%) инвеститори се деловни субјекти.


 
Се бара инвеститор за изградба на идното седиште на Oпштина Аеродром

Министерството за транспорт и врски објави оглас за продажба на градежно земјиште во Реонскиот центар Аеродром, на кое треба да се подигне идниот административен објект на Општина Аеродром. Се нудат две градежни парцели, на кои најповолниот понудувач треба да го изгради сопствениот проект, но и новата административна зграда на локалната самоуправа. Првата парцела е со површина од 4.259 метри квадратни со намена за изградба на комерцијални и деловни објекти и со почетна цена од 5.000 денари за метар квадратен. Заинтересираниот инвеститор е должен пред склучување на договорот за отуѓување на ова земјиште, да потпише договор со општина Аеродром за реализација на објектот со намена за јавни институции, кој е планирано да биде лоциран на соседната парцела, до идното здание за комерцијални и деловни намени.


Opstinska%20Aerodrom%20viz0301.jpg



Победникот на електронското јавно наддавање ќе биде ослободен од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на објектот со комерцијални и деловни намени од страна на Град Скопје и општина Аеродром, на кои според законот им припаѓаат по 40 отсто од вкупната висина на надоместокот. Пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 1 ноември до Министерството за транспорт и врски, а електронската лицитација ќе се одржи на 8 ноември. Идниот објект со приземје и седум ката и максимална висина од 28 метри ќе се простира на површина од 19.120 метри квадратни. За остварување на зацртаниот проект, пред неколку месеци се распиша јавен повик за истата парцела, но тогаш не се јави ниту еден заинтересиран инвеститор.
 
Die 5 neuen Denkmälern im Skopje werden 67 Millionen Denar kosten..

Новите пет споменици во центарот на Скопје ќе чинат 67 милиони денари


Кавадаречката фирма „Урбан инвест“ е избрана од страна на Општина Центар за да ги изработи постаментите за спомен – обележјата на Кузман Јосифовски – Питу, Христо Узунов, Христо Татарчев, Павел Шатев и Васил Чакаларов. Активностите за изведување на градежниот дел на новите споменици ќе чинат 25.960.000 денари, односно над 420.000 евра. Локалната самоуправа од Центар веќе склучи два договора за лиење на скулптури и релјефи во бронза на Васил Чакаларов и Христо Узунов кои заедно чинат 27.712.772 денари и за лиење во бронза на спомен обележјата на Христо Татарчев, Павел Шатев и Кузман Јосифовски – Питу за кои се одвоени 13.006.978 денари. Досегашната збирна сума за изработката на најновите пет споменици во центарот на Скопје изнесува 66.678.850 денари или околу 1,1 милиони евра, без првично одвоените хонорари за авторите кои ги изработија уметничките дела.


DSCN3197.JPG

* Локацијата за споменик на Христо Узунов


„Урбан инвест“ има рок од 90 денови за да ги изработи постаментите за спомен – обележјата, на кои ќе се постават идните споменици, кои во моментов се лијат во италијанската леарница „Гуастини“ и во скопските „РЖ Институт“ и „Панко“. Споменикот на Христо Татарчев ќе се постави на аголот од улиците 11 октомври и Димитрија Чуповски, Кузман Јосифовски – Питу ќе се издигне во близина на споменикот посветен на Македонските бранители во Жена – паркот, Павел Шатев ќе се лоцира на аголот од подземниот влез на Градски Трговски Центар, обележјето на Христо Узунов ќе се смести спроти Министерството за правда на улицата Димитрија Чуповски, додека споменикот на Васил Чакаларов ќе се постави во средиштето од кружниот тек на вкрстувањето помеѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Мито Хаџивасилев Јасмин и Костурски херои во населбата Капиштец.
 
[h=1]Intensive Bauaktivität für die Urbanisation von Kisela Voda..

Интензивни градежни активности за урбанизација на Кисела Вода
[/h]Среда, 10 Октомври 2012 15:04





[h=2]Во општина Кисела Вода се асфалтираат и реконструираат улици, се санираат ударните дупки, се градат нови детски и спортски, а се реконструираат и рехабилитираат веќе изградените повеќенаменски спортски игралишта.[/h]
kv2.jpg

Изминатиот период екипите на фирмата „Изолација“ од Скопје извршија реконструкција и асфалтирање на неколку улици во населбите Пржино и Припор.
Како што информира општина Кисела Вода, асфалтирана е улицата „Мариовска 2“ во Пржино, во должина од околу 175 метри и ширина на коловозот од 4,4 метри. Нов асфалт доби уште еден крак на оваа улица, кој се асфалтираше во должина од околу 55 метри.
kv3.jpg

Санација на улиците се врши и во Припор, каде се крпат ударни дупки на улицата „Христо Татарчев 14“ (поранешна „Сава Ковачевиќ“). Следниот период, нов асфалт ќе добие и крак на улицата „Мегленска“ во Пржино, во должина од околу 55 метри.
Градежни активности се одвиваат и на улица „Марко Орешковиќ“ во населбата Кисела Вода. Оваа улица е асфалтирана во должина од околу 400 метри, а следниот период ќе се изврши асфалтирање и на крак од оваа улица, која води до црквата „Св. Ѓорѓија“ во должина од околу 150 метри.
kv1.jpg

Во населбата 11 Октомври – бараки, во комплексот на спортски игралишта до трим-патеката неодамна се изгради детско игралиште на површина од 80 метри квадратни, каде се поставени повеќе детски реквизити и урбана опрема за посетителите.
Во моментов, екипи на фирмата „Метал инженеринг - Градинг“, по налог на општината вршат реконструкција на постоечките спортски игралишта за фудбал, кошарка и тенис. На местото на старата и демолирана се поставува нова ограда.

- - - Aktualisiert - - -

[h=1]8 Strassen wurden in der Gemeinde Butel neu Asphaltiert..

Асфалтирани осум улици во општина Бутел
[/h]
Среда, 10 Октомври 2012 13:39





[h=2]Осум улици во населеното место Радишани и во селото Љуботен добија нов асфалт со што заврши втората фаза од проектот за темелна реконструкција на 25 улици во општина Бутел.[/h]
ul-butel500.jpg

Како што соопшти општинската прес-служба, нов асфалт добиле улиците „40“, „48“, „52“, „15“, „28“, „10“, „8“ и „12“. Вкупната должина на делниците со нов асфалт изнесува три километри или вкупно асфалтирана површина од 7.600 метри квадратни.
Најголем број од овие улици, како што е наведено, првпат добиле асфалт.
Во првата фаза што се реализираше на почетокот од летото, темелно беа реконструирани 11 улици, меѓу кои „Алпи“ 1 и 2, „Приштинска“, „Галичник“ 1 и 2, „Лазо Москов“, „Гоце Стојчевски“, „Тале Христов“ и „Костурска“.
Граѓаните на општина Бутел летово добија нов асфалт во должина од околу шест километри, односно асфалтирани се вкупно 21.550 метри квадратни.
Според соопштението, било интервенирано и на улиците „Петар Манџуков“, „Натанаил Кучевишки“ и „Хо Ши Мин“, кои добија нови тротоари во должина од 2.500 метри.
За изградба и реконструкција на улиците од буџетот на општина Бутел издвоени се околу 30 милиони денари.
 
ЈСП со нов обид за обнова на автобуските стојалишта

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ објави тендер за избор на приватна компанија која би ги уредила автобуските стојалишта во главниот град. Најповолниот понудувач ќе треба да изгради 226 постојки до декември идната година. За разлика од претходните два обида за воспоставување на јавно – приватно партнерство, од ЈСП – Скопје напоменуваат дека се одлучиле за тендерска постапка, со цел побрзо да се реализира долгонајавуваниот проект. Низ градските и приградските населби ќе се постават три вида автобуски стојалишта, оние од типот А кои предвидуваат поставување на настрешница, клупа, корпа за отпадоци, рекламно пано, светилки и табла со броеви за автобусите, оние од типот А1 со настрешница, корпа за отпадоци, рекламно пано, светилки и табла со броеви на автобусите, додека на фрекфентните локации во градот ќе се постават дупли постојки од овој тип.

Отворањето на понудите ќе се одржи на 23 ноември, а рокот за изградба на првите 23 стојалишта ќе биде до март 2013 година. Со тендерот не е предвидено поставување на претходно најавените електронски информациски дисплеи. ЈСП – Скопје планира нив да ги инсталира во посебна постапка, по изградбата на новите постојки. Распишаниот тендер претставува трета шанса за обновување на постоечките застарени станици на јавниот превоз во Скопје. Претходните обиди за пронаоѓање на компанија која би го остварила проектот завршија неуспешно, при што грчката „Ремеди Адвертајзинг“ беше најблиску до реализацијата на оваа идеја, но се откажа поради недостиг на финансиски средства.

Раскинат договорот со хрватски „Конструктор“ за мостот „Око“

Иако активностите на градилиштето започнаа пред повеќе од три години, пешачкиот мост „Око“, кој треба да го поврзе Кејот 13 ноември со Археолошкиот музеј [»мапа], сеуште не е завршен. Поради неисполнување на одредбите од договорот, Општина Центар еднострано го раскина договорот со хрватската компанија „Конструктор“ од Сплит и започна нова постапка за избор на градежна фирма која треба да ги изведе градежните работи во функција на негово целосно комплетирање. Идниот изведувач ќе има рок од 4 месеци или 120 денови за да ги доврши преостанатите фази од изградбата на пешачкиот мост. Јавното отворање на пристигнатите понуди ќе се одржи на 30 октомври во просториите на локалната самоуправа на Центар.

Од Општина Центар во неколку наврати предупредија дека ќе го раскинат договорот со хрватски „Конструктор“, а како главна причина за тоа го нагласуваа пролонгирањето на рокот за изградба на проектот за повеќе од една и пол година. Во изјава за телевизијата „Телма“, портпаролот на Општината Јовица Ацковски најави и тужба за Хрватите поради непочитување на одредбите од договорот. Компанијата од Сплит веќе ги загуби зделките со Агенцијата за млади и спорт и со Управата за заштина на културно наследство за реализација на 100 повеќенаменски спортски игралишта и за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник во Охрид, а и Градот Скопје најави раскинување на договорот за реализација на катната гаража кај „Беко“. Изградбата на пешачкиот мост „Око“ започна на почетокот од септември 2009 година. Проектната документација предвидува зданието да биде во форма на око, а на него да се постават 28 скулптури, кои се изработуваат од страна на српската леарница „Јеремиќ“. Инвестицијата за изградба на мостот изнесува 1,5 милиони евра, додека планираните скулптури чинат 170.000 евра.

Почна изградбата на првата станбена зграда во Општина Илинден

Колективното домување ќе почне да се практикува и во досега руралната општина Илинден. Градоначалникот Жика Стојановски денеска постави камен темелник за првата од предвидените четири станбени згради во близина на спортскиот комплекс во Марино. Станува збор за станбено – деловен објект што ќе се простира на површина од 1.660 метри квадратни, на пет нивоа, со 22 стана и со два деловни простори, а ќе содржи и подземна гаража. Становите ќе бидат со различни површини и тоа од 40, 60, 70 и 125 метри квадратни. Инвеститор на објектот, што го гради фирмата „Периш градба”, е Ненад Јанвески. Целокупната инвестиција изнесува 750 илјади евра, а градежните работи треба да завршат во рок од 9 месеци.



Општина Карпош за осум месеци ќе се пресели во нов современ објект

На местото на старите општински бараки на Карпош, денеска официјално беше означен почетокот на изградбата на новата административна зграда на Општината [»мапа]. Изведувач на градежните активности е компанијата „АК – Инвест“ од Тетово која со работите треба да заврши во рок од осум месеци. Целиот проект ќе чини помалку од три милиони евра. Идејното решение е дело на архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“, кои победија на конкурсот што беше распишан пред две и пол години. Новата општинска зграда ќе има пет надземни нивоа (приземје, три ката и поткровје) и ќе обезбеди работен простор за 200 лица на површина од 4.500 метри квадратни, а предвидено е да содржи и паркинг простор од околу 1.000 метри квадратни. Функционално објектот е организиран преку посебни сектори распоредени по катовите според програмските барања, додека приземјето е проектирано за прием на странки и за архива.

Со реализацијата на овој проект, 36 години старите бараки на Општината ќе бидат заменети со најсовремен објект со висок степен на енергетска ефикасност. Според општинарите од Карпош, фасадните ѕидови во приземјето ќе имаат контактна фасада со д=10cm од експандиран полистирен. Стаклениот дел од фасадата ќе биде од термопан кас стакла со исполна од аргон, а опсежна термо изолација ќе биде имплементирана и во подовите, ѕидовите и таваните. Предвидено е вградување на два лифта на хидрауличен погон.


» Форумска дискусија за овој проект










- - - Aktualisiert - - -



 
Zurück
Oben