Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren
  • Viel Erfolg, Glück, Frieden, Gesundheit und mögen Eure Träume in Erfüllung gehen
    Wünscht das BalkanForum-Team

Skopje - Bauprojekte

Отворен хотелот „Гранд Плаза“ во Скопје

Македонскиот главен град добива уште еден хотел во туристичката понуда. Викендов започна со работа вториот објект брендиран под името ТЦЦ Гранд Плаза во населбата Тафталиџе, лоциран веднаш до станбениот комплекс „Македонија“. Според објавените информации од инвеститорот, новоизградениот хотел се простира на површина од 3.000 метри квадратни и во својата понуда за посетителите вклучува 50 соби, од кои 30 – тина се стандардни, 15 апартмани и 1 претседателски апартман. Зданието располага со фитнес и спа центар на површина од над 500 метри квадратни, како и адекватен простор за одржување на семинари, конференции и други манифестации.

zzzdeloven1.jpg


Изградбата на новиот хотел започна во 2010 година, при што за негово целосно завршување беа потребни 2 години. Во проектот се вложени над 6 милиони евра. Очекувањата се дека во објектот ќе се вработат 100 работници. Групацијата која стои позади ТЦЦ Гранд Плаза веќе поседува еден хотел со идентично име во мултифункционалното четирикатно здание во центарот на Скопје, лоцирано во поранешната стоковна куќа „Скопјанка“. Како сопственик на отворениот хотел се јавува познатиот македонски бизнисмен Борис Стојменов.


„Зелената Арка“ работи на проектот „Едукативен истражувачки центар за пермакултура и одржлив развој“ во с.Серменин

Со активна помош на волонтерите од здружението „Зелената Арка“ и донации од страна на граѓаните кои се залагаат за здрава животна средина, Македонија е на пат да го добие првиот објект во кој ќе се одвиваат настани насочени кон обучување, тренинзи и промовирање на вредности според начелата на пермакултурата. Едукативниот истражувачки центар за пермакултура и одржлив развој е предвидено да биде лоциран во поранешниот училишен објект во селото Серменин, Гевгелиско. Во моментов посветено се работи на првата фаза од проектот, која предвидува реконструкција на девастираната зграда од 30-тите години на 20 век. Во идните месеци е зацртано да се заокружи оваа етапа, со цел да се создадат услови за понатамошна успешна работа на центарот.

centar%20za%20permakultura%20s.Sermenin.jpg

*актуелната состојба на објектот, фото: zelenataarka.mk

Интересната замисла засега е поддржана од општина Гевгелија, која го отстапи стариот објект на користење на невладиното здружение во претстојните 20 години. Најважниот чин што треба да се оствари пред започнувањето на зимскиот период е изведбата на иновативен зелен покрив на објектот, редок градителски потфат во земјава за кој се потребни финансиски средства и стручна работа. Поаѓајќи од надежта дека постојат еколошки свесни граѓани во Македонија, „Зелената Арка“ ја започна кампањата за собирање средства преку интернет порталот Indiegogo.

proektna%20dokumentacija,%20centar%20za%20permakultura%20s.Sermenin.jpg

*дел од проектната документација за претстојниот зафат, фото: zelenataarka.mk

За замена на дотраениот покрив на зградата е потребно да се вложат околу 17.650 евра за набавка на потребните градежни материјали. Зелениот покрив ќе се простира на површина од 225 метри квадратни, а неговото завршување значително ќе ги олесни натамошните активности за успешно остварување на проектот. Едукативно – истражувачкиот центар во с. Серменин е планирано да ги анимира на граѓаните од околната средина за самоодржливоста во рамки на здравата животна средина, а од „Зелената Арка“ во објектот имаат намера да организираат многубројни домашни и меѓународни манифестации од еколошки, социјален, културен и економски карактер.

green%20roof%20example.jpg


Долгонајавуваниот трамвај во Скопје ќе започне да се реализира во 2013 година

По неколкумесечно одложување и застој на целиот проект, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски на денешниот Меѓународен семинар за јавен превоз и обнова на возниот парк најави дека до крајот на овој месец ќе биде објавен тендерот за избор на концесионер за изградба и оперирање со првата трамвајска линија во Скопје. Унгарската „Виалто консалтинг“ и англиската компанија „ЕЦ Харис“ ја комплетираа потребната документација за отпочнување на следната фаза од проектот, која ќе финишира до крајот на годинава со заокружување на тендерската постапка и потпишување договор со компанијата што ќе понуди најповолни услови. Концесионерот ќе има задолжение да ја изгради првата траса на потегот од населбата Ѓорче Петров до населбата Јане Сандански и да ги набави трамвајските возила за извршување на јавниот превоз.

tramtema3%201.jpg


Градоначалникот Трајановски напомена дека постојат неколку заинтересирани субјекти со кои се остварени средби за нивно запознавање со условите на претстојниот тендер. Првата трамвајска линија во должина од 15 километри ќе чини 150 милиони евра и е планирано да се заврши во период од две до три години. Ако се остварат најавите на скопскиот градоначалник, тогаш долгонајавуваниот трамвај ќе започне да функционира во главниот град најдоцна до 2016 година. Дел од стручната јавност континуирано предупредува дека класичниот трамвај е застарена солуција која ќе минува по идентична траса со постоечкиот патен сообраќај. Поради тоа, наместо да постане вистинска алтернатива на автобускиот јавен превоз, тој би можел да го зголеми сегашниот метеж и застој на скопските улици.
 
ЕЛЕМ Енергетика го шири бизнисот со топлинска енергија во Скопје

toplifikacija%20Skopje.jpg
Топлификација може да добие сериозна конкуренција во производството и дистрибуцијата на топлинска енергија во главниот град, доколку се остварат ветувањата на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за проширување на постоечката мрежа во населбите Чаир и Бутел. Веќе е изработен идеен проект за нов топловоден систем за овие населби, а до крајот на 2012 година се очекува да се заврши и основниот проект. Од компанијата очекуваат дека со изградбата на потребната инфраструктура ќе се зголеми интересот за приклучување на домаќинствата од овие делови на Скопје. Дел од станарите во континуитет бараат од сегашниот систем на Топлификација да се приклучат на топловодниот систем на ЕЛЕМ Енергетика.


Предностите на конкурентскиот начин на обезбедување топлинска енергија се поволни за индивидуалните домаќинства. Цената на услугата изнесува 40 денари за метар квадратен и е пониска за 20 до 25 отсто од онаа на Топлификација, при што на граѓаните им се испорачува топлинска енергија во период од 24 часа во текот на грејната сезона. Подружницата на ЕЛЕМ во Железарница досега снабдува со греење 2.170 домаќинства и 72 јавни објекти од населбата Автокоманда, како и од населбите Железарница, Триангла, Хиподром и Маџари. Покрај во главниот град, државната компанија во моментов работи и на реализација на проектот за одведување на топлинската енергија од РЕК Битола до општините Битола, Новаци и Могила.
 
Es werden weitere 700000 euro im alten theater investiert

Ќе се потрошат нови 700 илјади евра за дополнителни работи во „Стариот театар“

Министерството за култура во текот на вчерашниот ден потпиша уште еден договор со австриската компанија „Штрабаг АГ“ за дооформување на идното седиште на Македонскиот народен театар. За изведување на дополнителни и непредвидени работи на објектот „Стар театар“ кои не се вклучени во основниот договор ќе се потрошат 42.730.316 денари или околу 700 илјади евра. Со истиот субјект во април годинава веќе беше склучен договор надвор од предвиденото во износ од 365 илјади евра за занаетчиско ентериерни работи, мебел, опрема, орнаментика и осветлување. Во објавените информации на интернет – страницата на Бирото за јавни набавки не се наведува конкретно во кои цели ќе се инвестираат финансиските средства, но судејќи според моменталниот степен на комплетираност на зградата, се очекува тие да се потрошат за целосно завршување на ентериерот на театарот.

Со склучувањето на последниот договор, дефинитивно се одложува за дополнителни осум месеци финализирањето на ова здание од проектот „Скопје 2014“, така што свеченото пуштање во употреба на „Стариот театар“ би се одржало најрано во мај 2013 година, под услов да се почитуваат роковите од договорот. Објектот започна да се гради со поставување камен – темелник пред повеќе од шест години. Првичната најава за финансиската конструкција на архитектонскиот дел од проектот изнесуваше над 6 милиони евра, а досега потрошената сума достигна преку 26 милиони евра.

Идното седиште на Македонскиот народен театар е предвидено да има две сцени, големата сала со капацитет од 756 седишта и малата сцена која ќе има 236 седишта. На фасадата од објектот ќе се изведат 46 скулптури, додека барокниот ентериер ќе биде составен од позлатени тавани, ѕидови, театарска сала и мебел. Во внатрешноста на театарот ќе се постават и уметнички слики како и специјално осветлување. Идејното решение за „Стариот театар“ го изработи архитектот Јован Стефановски – Жан, градежните работи ги изведува компанијата „Бетон“ од Штип, а ентериерното уредување на објектот го реализира „Штрабаг АГ“.

Die Stad Skopje wartet auf weitere Investoren fuer den Stadtpark

Град Скопје сеуште чека инвеститори за изградба на објект на местото на бараките во Градскиот парк

Засега нема заинтересирани инвеститори за изградба на нов објект на локацијата на сегашните бараки во кои е сместена администрацијата на Градот Скопје, иако градските власти уште пред еден месец ги повикаа заинтересираните субјекти да дадат свое мислење, односно предлог што би сакале да изградат на тоа место. Во јавниот повик не е наведен краен рок за доставување мислење, а локалните власти за денешното издание на „Утрински весник“ тврдат дека ќе почекаат уште извесен период за пројавување интерес од страна на потенцијалните инвестироти.

Според плановите на Град Скопје, сегашните бараки во Градскиот парк ќе се рушат, аадминистративците ќе се преселат во новата зграда што се гради покрај реката Вардар, спроти седиштето на македонската влада. Во согласност со постоечкиот Детален урбанистички план, површината на градежната парцела која им се нуди на инвеститорите изнесува 6.375 метри квадратни и е наменета за катна гаража со компатибилна намена за хотелско сместување. Дозволената максимална висина на објектот изнесува седум метри и тој би се простирал во должина од над 200 метри покрај булеварот „Илинден“.



 
Im jahr 2011 wurden insgesamt 5254 Wohnungen erbaut .

Во 2011 биле изградени 5.254 станови, нивната цена паднала за 3,8%

Просечната цена на становите во Македонија во текот на минатата година изнесувала 50.131 денари за метар квадратен односно околу 815 евра и е помала за 3,8% во споредба со 2010 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Трошоците за градење се најголемата ставка што ја диктира цената, а следуваат трошоците за набавка, подготовка и комунално опремување на градежното земјиште. Наспроти вкупната вредност која опаѓа, бројот на комплетирани станови расте од година во година – информациите покажуваат дека лани се завршени 5.254 единици што претставува највисок резултат после 2007 година. Битен фактор во бизнисот со овој вид недвижности е и бројката на недовршени станови, која минатата година достигна 5.978 и е највисока во споредба со претходните години, што би можело да претставува индикатор за степенот на заситеност на македонскиот пазар со нови станови.


RC%20Aerodrom%20rand02.jpg


Најмногу живеалишта од страна на градежниот сектор во 2011 година се изведени во скопскиот регион (1.633). По него следуваат полошкиот (1.325) и југозападниот регион (999). Од општините предничи Тетово (581), на второ место е општина Охрид (465), а на трето општина Гостивар (353). Кога станува збор за локалните самоуправи од главниот град, интересот за инвестирање во нови станови е насочен кон Центар, каде се лани се комплетирани вкупно 318 станбени единици. Градежните компании се насочуваат кон изградба на трисобни и двособни станови, бидејќи тие се и најбарани од страна на граѓаните. Според статистичарите, во рамките на претходната година се завршени 1.734 со три и 1.252 станови со две соби.




Die neuen Minibüse werden für JSP weitere 8 Monate verwendet

По осум месеци новите минибуси за ЈСП конечно пуштени во употреба

Иако пристигнати пред повеќе од осум месеци, новите 16 минибуси за одржување на приградскиот превоз во Скопје денеска свечено беа пуштени во употреба од страна на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. ЈСП – Скопје ќе ги користи овие превозни средства за линиите кои сообраќаат кон селата Матка, Кучково, Никиштани, Орман, Црешово, Усје, Радишани, Љубин, Горно Оризари и други населени места, додека во текот на викендите и за време на државните празници ќе се вклучуваат и на некои од градските линии.




Минибусите од моделот ZK6770HG се изработени од кинескиот производител „Јутонг“. Во нив се вградени англиски „Cummins“ мотори со емисија на издувни гасови во согласност со стандардот ЕУРО 4, а подвозето е од германскиот производител „ZF“. Должината на возилата изнесува 7,7 метри, додека широчината е 2,3 метри. Можат да постигнат максимална брзина од 85 километри на час и имаат капацитет за 36 патници (21 седиште и 15 места за стоење). Со издвоените финансиски средства од државниот буџет, возниот парк на ЈСП – Скопје досега се поднови со 167 двокатни автобуси од кинески „Јутонг“ и 80 еднокатни автобуси и украински „ЛАЗ“. Министерот Јанакиески најави дека најдоцна до март 2013 година треба да пристигне последната тура од 65 двокатни автобуси.
 
[h=1]Die Stadt Skopje investiert 25 Millionen Denar in die Mülldeponie Drisla

Град Скопје вложи 25 милиони денари во „Дрисла“
[/h]
[h=2]Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ – Скопје Горан Ангелов денеска ги пуштија во употреба пумпата за третман на исцедокот на депонијата и новата електронска колска вага за мерење отпад.[/h]
drisla.jpg-500.jpg

- „Дрисла“, веќе 3,5 години работи како самостојно претпријатие, а денеска имаме можност да ги видиме резултатите на нејзиното успешно работење. Со реализацијата на проектот за третман на исцедокот од депонијата „Дрисла“ се спречува навлегување на 20 кубни метри исцедок во водите на Маркова Река и се спречува нејзино загадување, а се забрзува и процесот на стабилизација на депонијата, истакна градоначалникот Трајановски.
Проектот за третман на исцедокот овозможува собирање на филтратот од отпадот во базените каде се филтрира и како техничка вода, која е бактериолошки исправна се враќа во депонијата. За реализација на овој проект се потрошени околу 7 милиони денари.
На промоцијата на новата електронска колска вага за мерење отпад, Трајановски истакна дека со модернизацијата на јавното претпријатие „Дрисла“, што подразбира и современ третман на отпадот, отпадните води, селектирање на отпадот, согорување и третман на гасовите што се ослободуваат при распаѓање на отпадот, се подобруваат и условите за работа во депонија и се овозможува подобра заштита на животната средина.
- Град Скопје во последниве 4 години вложи околу 25 милиони денари за каптирање на извор во депонијата „Дрисла“, за стабилизација на платото и пристапите за третман на исцедокот, за изведба на стабилизација на низводните косини, за асфалтирање пат во локалитетот Дрисла и за изградба на платформа за градежни машини, рече Трајнаовски.
 
es wurden neoklassische fassaden für Metropol und city gallerie ausgesucht

Избрани неокласицистички фасади за „Метропол“ и „Сити Галери“

Проектот „Скопје 2014“ продолжува да се шири со фаворизираниот неокласицистички архитектонски правец. Градските власти го избраа новиот надворешниот изглед на објектите „Метропол“ и „Сити Галери“, лоцирани на плоштадот Македонија. На Конкурсот за избор на идејно решение победија архитектите Лазар Димов и Никола Стакинов, кои за својот труд ја добија првата награда во вредност од 450.000 денари. Од Градот Скопје се одлучија за сигурно решение при изборот на неокласиката како иден изглед на преостанатите зданија од централниот плоштад, бидејќи истите архитекти фигурираат како автори на проектот за изградба наадминистративниот објект со неокласицистичка фасада спроти хотелот „Бристол“, но и на реконструкцијата на надворешниот изглед на зградата попозната како „Пелистер“ на плоштадот Македонија.

Градските власти сеуште не се подготвени да објават визуелни материјали на кои би можело да се види како во иднина ќе изгледаат препознатливите зданија од центарот на Скопје, а се одлучија и да не одговорат на прашањата од „Билд“, поврзани со динамиката на реализација на новите фасади на објектите „Метропол“ и „Сити Галери“.




- - - Aktualisiert - - -

es wird ein neues hotel in skopje gebaut

Ќе се гради нов хотел во строгиот центар на Скопје

На стотина метри од Плоштадот „Македонија“, зад познатата „Арапска куќа“, се подготвува теренот за изградба на хотел од ланецот „Ибис“ [»мапа]. Проектот е изработен од страна на „Гемма инженеринг“ од Скопје, градежните работи ќе ги изведува тетовската „НБ Компани“, а како инвеститор се јавува „Евро балкан хотелс“. Површината на парцелата изнесува 577 метри квадратни, од кои 416 се предвидени за градба. Според деталниот урбанистички план, зацртаниот објект може да биде висок најмногу 28,4 метри, односно приземје, седум ката и поткровје, додека максималната бруто развиена површина е 3.744 метри квадратни. „Македонија турист“, една од најголемите хотелско – угоститески компании во земјава, уште во 2007 најави дека ќе гради хотел на оваа локација, во кој тогаш планираше да вложи околу пет милиони евра.

Во светот функционираат околу 800 „Ибис“ хотели распространети низ 40-тина држави. Брендот „Ibis Hotels“ е во сопственост на француската групација „Accor“ која минатата година имаше обрт од над 6 милијарди евра.



- - - Aktualisiert - - -

Die Realisierung des Objekts Jugobanka verzögert sich.

Објектот „Југобанка“ доцни со реализацијата, Министерството за финансии склучи договор за изработка на нова проектна документација

Иако започнат во 1987 година, објектот „Југобанка“ во центарот на Скопје [»мапа] никако да се заврши. Министерството за финансии ја презеде задачата за довршување на градежните активности, со цел во него да се смести неговата администрација. Сепак, и покрај ветувањата дека зградата со површина од 14.000 метри квадратни ќе биде ставена во функција во првиот квартал од 2012 година, во моментов ситуација на терен покажува дека роковите се пробиени, а завршницата сеуште не е ниту на повидок. Допрва треба да се изведуваат клучните фази на реализација на објектот во неокласицистички стил, за кој проектот го изработи „Македонијапроект“, додека како изведувач беше ангажирана словенечката компанија „Енергоплан“.


Ministerstvo%20za%20Finansii%200302.jpg



Во меѓувреме, надлежното министерство на 24 септември склучило нов договор со „Неимар инженеринг“ од Скопје за „изработка на проектна документација за градење на објектот на Министерството за финансии и проектантски надзор“. Засега останува нејасно зошто на раководителите од министерството не им одговара првичниот проект. Од новоизбраната компанија се очекува да изработи основен проект, проект за изведена состојба, проект за употреба и одржување, да обезбеди стручни консултации при подготовка на тендерската документација и спроведување на постапката за изградба на објектот, како и да го врши проектантскиот надзор за време на неговата реализација. За извршување на овие услуги ќе се исплатат 9.252.165 денари, односно околу 150.000 евра, а времетраењето на договорот изнесува 18 месеци.



 
Се подготвува теренот за два сплава во Вардар

Просторот се оградува, багерите во речното корито на Вардар го подготвуваат теренот, а градежните работници го складираат потребниот материјал за идните сплавови во строгиот центар на Скопје, кои треба да ги изгради фирмата „Фаланга дим“. На двете локации, спроти Стариот театар и спроти новата зграда на Министерството за надворешни работи, започна реализацијата на овие угостителски објекти во форма на галии, кои претставуваат нова експанзија на проектот „Скопје 2014“. Според информациите од инвеститорот, еден од бродовите ќе прерасне во луксузен француски ресторан, додека вториот ќе биде бар со закуски. Градот Скопје ја презеде обврската за реализација на потребната инфраструктура (вода, струја и канализација) за двата сплава, за што треба да вложи 150.000 евра, додека самиот инвеститор треба да направи пристапна патека.




Предвидено е објектите да бидат подигнати од монтажни челични конструкции, кои однапред ќе бидат обложени со дрво. „Фаланга Дим“ беше избрана од Градот Скопје да ги реализира и да управува со овие угостителски капацитети, за месечна кирија од 2.300 евра. Договорот е со важност од 10 години, со можност за негово продолжување. Обврска на инвеститорот е во рок од две години целосно да ја заврши изградбата на галиите. Сепак, приказната со бродовите во духот на „Скопје 2014“ не завршува тука. Со најновите измени на ДУП „Мал Ринг“, предвидено е во коритото на Вардар да се изведат вкупно шест сплавови, четири од десната страна на Вардар и две од левата страна, на потегот од мостот „Гоце Делчев“ до мостот „Слобода“, кај седиштето на Министерство за надворешни работи.


Идејно решение за сплавот што ќе се наоѓа спроти зградата на Министерството за надворешни работи:



Идејно решение за сплавот што ќе се наоѓа спроти зградата на Стариот театар:


ФОТО ВЕСТ: Привршува изградбата на елитната населба „Верина“

Ексклузивниот станбен комплекс „Верина“ кој се простира на околу 30.000 метри квадратни атрактивна локација кај селото Орман [»мапа], полека го добива финалниот изглед. Поголем дел од објектите прившуваат со градба, а интензивно се работи и на облагородување на нивното опкружување.


Од градилиште:












Визуелизации:






Kompleks Verina - Virtuelna prosetka - YouTube


 
Zurück
Oben