Јубилејните 20 години постоење на компанијата „Адора“ и 10 години на „Адора инженеринг“, сношти беа прославени со пуштање во употреба на новиот станбено – деловен објект „Под Водно“ во Скопје [»мапа]. Зградата има 9 ката, 143 станови,800 метри квадратни деловен простор, а паркингот е решен со подземни паркинзи на три нивоа со капацитет за 230 возила. Во неа се вградени 15.000 метри кубни бетон и 1.500 тони железо. „Адора инженеринг“ земјиштето од 4.500 метри квадратни го купи на јавна лицитација, за што плати 1.650.000 евра, додека за комуналии беа издвоени околу 1.500.000 евра.





Масовната изградба на објекти во неокласицистички архитектонски стил во центарот на Скопје беше главната тема на анализа на вчерашните ноќни разговори на архитектите, тркалезна маса која во рамките на вториот ден од Скопската недела на архитектура се одржа во Македонската опера и балет. Странските архитекти и универзитетски професори упатија низа критики кон проектот „Скопје 2014“, насочувајќи го своето внимание кон концентрацијата на неокласицистички објекти во непосредна близина на модернистичкото здание на Македонската опера и балет и на Кејот на реката Вардар. Маркус Томасели, универзитетски професор од Институтот за урбан дизајн и пејсажна архитектура при Техничкиот Универзитет во Виена, истакна дека е изненаден од напредокот во реализацијата на владиниот проект, именувајќи го како „декорирање“ на Скопје.
„Основата на урбанизмот е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, што претставува целосна спротивност од оградувањето на седиштето на Македонската опера и балет“, изјави словенечкиот архитект Деан Лах од љубљанското студио „Енота“. Архитектите вклучени во дебатата се согласија дека изградбата на објекти не е толку важна од аспект на развитокот на еден град, колку што е битна нивната поставеност во околината. Универзитетскиот професор Штефан Бергер го постави прашањето дали новите згради од „Скопје 2014“ нудат можност за натамошен развиток на јавната сфера во општеството. Архитектот Пиплас го спореди искуството од Скопје со случајот на интензивниот развој на Шангај и на размислувањата на жителите од овој кинески метрополис кои терминот јавно учество на граѓаните во ваквиот развиток го дефинираат како објавување на новите урбанистички планови на интернет од страна на владата.
Покрај актуелниите размислувања за проектот „Скопје 2014“ за време на ноќните разговори на архитектите, на втората вечер од Скопската недела на архитектурата посетителите ја имаа можноста да се запознаат со дел од проектите на архитектонското студио „Урбан Тинк Тенк“, кои се овогодинешни добитници на „Златен лав“ за најдобар проект на престижното Венециско биенале на архитектурата. Харис Пиплас како претставник на организацијата ги претстави извршените архитектонски интервенции во фавелите на јужноамериканските градови Каракас и Сао Паоло. Говорејќи за растечкиот наталитет на жителите од мегалополисите лоцирани во државите во развој и во земјите од Третиот свет, тој ја објасни потребата за решавање на напластените проблеми на жителите од сиромашните квартови на овие метрополи кои се соочуваат со супстандардни услови за живот. Пиплас го претстави проектот за изградба на жичарница со мултифункционални станици кои обезбедуваат ефикасен јавен превоз за граѓаните од фавелите во венецуелскиот главен град Каракас, но и за изведба на спортско – рекреативни центри во рамки на неурбанизираните заедници во бразилскиот град Сао Паоло.
Саботната вечер од Скопската недела на архитектура ја одбележа доделувањето на посебното признание за животно дело во областа на архитектурата и урбанизмот на познатиот јапонски архитект и универзитетски професор Кенго Кума. Организаторите на манифестацијата ја иницираат оваа награда, која во наредните години треба да прерасне во традиционален чин на благодарност кон професионалците кои оставиле белег на светската архитектонска сцена. „Секој вреден допринос во архитектурата треба да биде признаен. Името Кенго Кума е поврзано со едно име кое на сите нам ни значи многу – Кензо Танге. Професорот Кума на Универзитетот во Токио го води она што на времето беше познато како лабораторијата на Танге, од каде што произлезе концептот за реконструкција на централното градско подрачје на Скопје после земјотресот од 1963 година. Денеска таа лабораторија го носи името на професорот Кенго Кума“, истакна во свечениот говор Иван Мирковски, член на организацискиот одбор на Скопската недела на архитектура.
Природните материјали карактеристични за непосредната околина на средината во која е планиран објектот се вдахновение на архитектот Кума. Почитувајќи ја средината во која твори, Кума објасни дека ги избира даровите од природата како носечка структура во самото здание, а не како финална декорација на објектите во кои е вградено масовно количество на индустриски градежни производи. Тој истакна дека во огромен дел од неговите објекти, главен материјал е дрвото, каменот и водата, а подеднакво им се посветува како на големите проекти, така и на еден сад од оризова хартија. „Човекот не може да биде одделен од природата, токму затоа што природата е она што е неизмерна инспирација“, нагласи Кума.
Професорот Кенго Кума на средбата со новинарите говореше за неговите досегашни идејни трудови за интервенција во просторот. „Во основа, сметам дека архитектурата треба да го допре тлото. Секогаш неа да ја комбинирам со архитектурата. Огромните објекти претставуваат голема потешкотија, бидејќи го уништуваат постоечкиот контекст на локацијата. Лично ги преферирам малите проекти и интервенции“, напомена тој. На новинарското прашање за сопствениот стручен став кон урбанистичкиот план за реконструкција на центарот на Скопје на архитектот Кензо Танге, тој истакна дека отсекогаш се восхитувал на неговото чувство за јавен простор. „Во проектот за Скопје, Танге го нагласува центарот на градот преку ползување на оски и кули, што предизвикува воодушевување кај мене. Сепак, градителскиот дизајн осмислен со употреба на бетонот претставува карактеристика на дваесеттиот век позади нас. Во времето во кое живееме треба да пронајдеме поинакво решение, кое се однесува на обликот на зданијата“, нагласи архитектот Кенго Кума.
Министерството за транспорт и врски во печатените медиуми денеска ја публикуваше објавата за отуѓување на државно градежно земјиште на кое се лоцирани постоечките бараки на Општина Центар, во близина на Градскиот парк. По двата неуспешни обиди, надлежното министерство во соработка со Градот Скопје и локалната самоуправа на Центар се надева дека ќе може да ја оствари продажбата на атрактивната парцела, со што би се отворила можноста и за реализација на предвидениот административен објект на Општина Центар. На инвеститорите им се нуди земјиште со големина од 7.528 метри квадратни, на кое ќе можат да подигнат објект со приземје и 15 ката со максимална висина од 55 метри, во чии рамки би се сместила општинската администрација на површина од 31.000 метри квадратни. Идниот инвеститор за себе ќе може да задржи 49% од зданието и просторот да го искористи за мали комерцијални и деловни дејности, големи трговски единици, големи угостителски единици и за култура.
Неискористеното атрактивно земјиште во близина на центарот на Скопје во иднина треба да прерасне во модерна населба со станбени згради, комерцијално – деловни објекти, образовни, научни и културни установи, амбасади и паркови. Покрај вложувањето од страна на домашни и странски компании, во рамки на касарната „Илинден“ треба да се оствари и ветувањето на Министерството за одбрана за решавање на станбеното прашање на припадниците на македонската армија, при што во согласност со проектот „АРМ мој вистински дом“ треба да се изградат максимум 1.400 станови. Доколку се продадеа градежните парцели по утврдените почетни цени, тогаш во општинската каса на Карпош и во државниот буџет ќе се влееја преку 10 милиони евра.
Администрацијата на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за две години ќе се пресели во нова зграда во класицистички архитектонски стил спроти хотелот „Бристол“. Државната компанија деновиве објави оглас за избор на градежна компанија која ќе го реализира новиот административен објект, на местото на некогашниот парк во строгиот центар на Скопје. Според информациите кои ги содржи Деталниот урбанистички план „Голем Ринг – Исток“, зданието од приземје, осум ката и поткровје ќе биде со максимална висина од 29 метри и ќе има површина од 9.130 метри квадратни. Изведбените активности ќе се одвиваат на парцелата со големина од 1.432 метри квадратни, која се наоѓа на самиот агол помеѓу улиците „Македонија“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“.
Пред да започне оваа постапка, ЕЛЕМ на конкурс го избра идејното решение на архитектите Лазар Димов, Жарко Чаушевски, Стефан Смилевски и архитектонското студио „Неимар инженеринг“ од Скопје, врз основа на кое ќе се реализира проектот во препознатливиот стил на „Скопје 2014“. Во наредниот период ЕЛЕМ ќе го обелодени и конечниот изглед на идната административна зграда. По чинот на потпишување на договорот, најповолниот понудувач ќе биде задолжен да го комплетира целокупното здание во временски период од 18 месеци. Компанијата која ќе го гради објектот и крајниот рок за негово завршување ќе се знаат после 3 декември, за кога е закажано јавното отворање на доставените понуди. Во меѓувреме, дрвјата во паркот спроти хотелот „Бристол“ деновиве беа исечени, со што се создаде простор за почеток на реализацијата на овој проект, како и проектот за изградба наадминистративна зграда во која ќе се сместат неколку државни институции и која треба да биде лоцирана веднаш до идното седиште на ЕЛЕМ.
Фабриката ќе произведува електронски компоненти за авионската, воената, автомобилската и други индустрии. Во моментов се ангажирани 100 работници, до март 2013 бројката на вработени треба да достигне 150, до крајот на 2013 треба да нарасне на 250, а со заокружувањето на инвестицијата со дополнителни 10-15 милиони долари, што треба да се реализира во наредните неколку години, предвидено е да бидат вработени вкупно 500 лица. „Кемет Електроникс“ има 23 фабрики во Европа, Северна Америка и Азија со 10.420 вработени. Воглавно произведува базични електронски компоненти за автомобилската, авионската, телекомуникациската и воената индустрија.
Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) Цветко Грозданов на денешната прес – конференција истакна дека претпријатието во периодот од јули 2011 до јули 2012 година изградило 18 станбени објекти, од кои 15 се наменети за потребите на пазарот на недвижности, а три згради се наменети за згрижување на социјално ранливите групи (со вкупно 330 комерцијални и 220 социјални станови). Тој најави дека во наредниот период ќе продолжи реализацијата на објекти со социјални станови, при што до 2015 година ќе биде обезбеден стан од страна на државатаза за 186 деца без родители и родителска грижа. „Имаме за цел 10 отсто од секоја комерцијално изградена зграда, да биде наменета за децата без родители и социјално ранливи семејства. Сакаме да излеземе од практиката цели згради да се наменуваат за овие деца и истите да ги сместуваме во различни објекти“, изјави директорот Грозданов. Идните станови со површина од 35 до 45 метри квадратни ќе бидат целосно опремени и веднаш вселиви за оваа социјална категорија на граѓани.
На само недела дена од крајниот рок за поднесување на апликации од страна на граѓаните, Министерството за финансии се одлучи да го продолжи времетраењето на проектот „Купи куќа, купи стан“. Наместо до 31-ви октомври, заинтересираните лица ќе можат да ги достават барањата за субвенционираниот станбен кредит до македонските банки заклучно со крајот на 2012 година. Од надлежното министерство засега не излегуваат со конкретни информации за досегашните резултати од владиниот проект, кој требаше да им помогне на македонските граѓани полесно да обезбедат сопствено живеалиште преку отплаќање на половина од месечната рата од подигнатиот кредит во период од пет години или преку половина од учеството за добивање на кредит, односно најмногу 6.250 евра за заем во висина од 50.000 евра.Folge dem Video um zu sehen, wie unsere Website als Web-App auf dem Startbildschirm installiert werden kann.
Anmerkung: Diese Funktion ist in einigen Browsern möglicherweise nicht verfügbar.
Wir verwenden essentielle Cookies, damit diese Website funktioniert, und optionale Cookies, um den Komfort bei der Nutzung zu verbessern.
Siehe weitere Informationen und konfiguriere deine Einstellungen