Du verwendest einen veralteten Browser. Es ist möglich, dass diese oder andere Websites nicht korrekt angezeigt werden. Du solltest ein Upgrade durchführen oder einen alternativen Browser verwenden.
Аплицирањето за „Купи куќа, купи стан“ ќе се врши до 31 октомври 2012 година
Министерството за финансии се одлучи за продолжување на рокот за аплицирање за субвенциониран станбен кредит преку објавување на четири дополнителни повици. Првиот од нив ќе се публикува од 1 јуни до 15 јули, вториот од 16 јули до 31 август, третиот од 1 септември до 30 септември и четвртиот од 1 октомври до 31 октомври. Досегашниот тек на проектот покажа дека граѓаните сеуште размислуваат и тактизираат дали да изберат една од владините мерки или пак да почекаат поповолни услови од деловните банки во наредниот период. Оние најупорните кои се пријавија за „Купи куќа, купи стан“ во огромна мерка се одлучија да го изберат моделот државата да им плаќа половина од месечната рата од кредитот за стан во наредните пет години.
Владиниот проект стартуваше на 25 јануари и досега се доделени 50 субвенционирани кредити за граѓаните. Како и досега, условите за аплицирање на јавните повици остануваат исти, а банките и министерството ќе одлучуваат по барањата на заинтересираните лица по истекот на секој јавен повик. Барањата може да се поднесуваат до експозитурите на НЛБ Тутунска банка, Стопанска банка – Скопје, Стопанска банка – Битола, Охридска банка, Шпаркасе банка, Прокредит банка, Алфа банка и ТТК банка. За да влезат во конкуренцијата и да можат да изберат помеѓу отплаќање на половина од месечната рата од кредитот во наредните пет години или половина од учеството за добивање кредит, барателите на заем треба да имаат примања помали од 900 евра месечно, цената на недвижноста да не биде над 900 евра за метар квадратен и кредитот да не надминува вредност од 50.000 евра.
На наддавање на кое беше единствена заинтересирана страна, компанијата „Камфуд“ се здоби со нова градежна парцела покрај јужниот булевар во центарот на Скопје. За земјиштето со површина од 2.085 метри квадратни, „Камфуд“ на државата ќе и плати сума во висина на почетната цена, односно околу 225 илјади евра. Максималната површина за градење изнесува 435 метри квадратни, а инвеститорот ќе може да подигне здание со дозволена висина од 5 метри, со класа на намена за изградба на големи трговски единици. Алтернативни класи на намена кои може да достигнат до 40% од површината на објектот се: колективно домување, групно сместување, времено сместување, големи угостителски единици, деловни дејности и државни институции. Веднаш до оваа локација, на доста поголема површина, „Камфуд“ веќе гради објект – Пазар со административно деловни содржини.
Neuer Aquapark in Skopje, neben Sportzentrum Boris Trajkovski
Како ќе изгледа аква паркот во Скопје? Како ќе изгледа аква паркот во Скопје? | Кајгана
Текст: КајганаМакедонија | 22 април 2012
Денес се одржа презентација на Градскиот Аква Парк кој е планиран за изградба во состав на спортскиот центар Борис Трајковски. Изградбата треба да биде завршена најдоцна до 2015-тата година.
„Владата за реализација на овој проект веќе обезбеди средства во висина од 3 милиони евра. Изградбата ќе се реализира преку Спортскиот Центар Борис Трајковски. Основниот и изведбениот проект е веќе подготвен, а јавната набавка е во тек. Изборот на најповолен понудувач на градежните работи ќе биде на 15 Мај. Проектот го изработи Темон инженеринг. Доколку се обезбеди одобрението за градење очекуваме да Аква Паркот биде готов на 15-ти Август оваа година“ - беше соопштено на презентацијата денес.
„Процедурата за промена на Детален урбанистички план чии ингиренции се на општина Карпош ги помина скоро сите процедури. Помина јавната анкета која ја распиша советот на општина Карпош, а позитивно мислење дадоа сите релевантни институции како град Скопје, министерството за животна средина и министерството за транспорт и врски. Ветено ни беше дека на следната седница на советот на општина Карпош која е закажана за петок 27-ми Април, деталниот урбанистички план ќе биде на дневен ред, но имаме информација дека планот за проширување на гредежната парцела на СЦ Борис Трајковски каде ќе треба да се градат 4 тениски игралишта од проектот 100 тениски игралишта на Агенцијата за млади и спорт и градскиот Аква Пaрк не се на дневен ред“, изјави Ратко Капушевски, директорот на спортскиот центар Борис Трајковски.
„Сакам да ја информирам јавноста дека сите дејствија за реализација на оваа капитална инвестиција се спроведени и дека истата нема да се реализира доколку Општината Карпош нема волја за спроведување на овој проект... Аква паркот ќе биде на задоволство за дечињата од Центар, од Карпош, од Ѓорче, Гази Баба, Аеродром, за граѓаните од внатрешноста на државата како и за сите странски посетители на Македонија. Ова јавно добро ќе биде придонес за развој на нашите деца со корисни социјални тенденции и ќе биде придонес да нашите млади бидат на страна од пороците. Аква паркот, доколку се изгради, ќе биде за луѓето на Македонија и ќе постои долги години кога нема ниту јас да бидам директор на Спортскиот центар Борис Трајовски, ниту советот на општина Карпош ќе биде во постоечкиот состав“, додаде Капушевски.
Нова препумпна станица во Горно Лисиче
Среда, 11 Април 2012 13:36
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалниците на Град Скопје и на општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски денеска ја пуштија во употреба новата препумпна станица во Горно Лисиче.
Препумпната станица е лоцирана на десниот брег на реката Вардар во Горно Лисиче и е заедничка инвестиција на општина Аеродром и на Град Скопје, во висина од околу 800 илјади евра. Капацитетот на препумпната станица е 1.450 литри во секунда, со длабочина на испумпување од седум метри.
Станицата директно ќе ги препумпува и ќе ги одведува сите фекални отпадни води од населбите Горно Лисиче, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, како и населбата 11 Октомври од општина Кисела Вода, каде гравитираат над 10 илјади семејства. Оваа станица ќе се предаде на ЈП „Водовод и канализација“, кое ќе биде задолжено за нејзино одржување. Изведувач на работите на овој проект е фирмата МЗТ Пумпи АД Скопје.
- Владата ги поддржува ваквите инвестиции кои, пред се значат заштита на животната средина и поквалитетен живот за граѓаните од Лисиче. Очекувам дека многу набрзо општина Аеродром ќе ја изгради секундарната мрежа, со што оваа препупмна станица целосно ќе биде ставена во функција и ќе се реши деценискиот проблем на жителите на Лисиче, додаде Јанакиески.
Тој потсети дека со цел да се овозможат поголем број на вакви инвестиции, Владата обезбеди 50 милиони евра. - Веќе дел од тие проекти се реализираат и апелирам до сите општини кои треба да ги докорегираат проектите или да достават проекти, тоа да го направат што поскоро за да може поголем број на вакви проекти да се реализираат во Македонија, рече Јанакиески.
Градоначалникот Коневски потенцира дека при реализацијата на овој проект имале помош од Министерството за транспорт и врски.
Според него, овој проект е значаен од еколошки аспект и со него ќе се стави крај на употребата на септички јами кои се користат повеќе од 40 години.
Трајановски рече дека ова е најголем проект на Град Скопје и на општина Аеродром во изминативе две години.
- За да работи оваа препумпна станица треба да се направат и колекторите. Град Скопје инвестора 50 отсто во оваа станица, а 50 отсто општина Аеродром. За изградба на колекторите Град Скопје лани, од последната станица на автобусот со број 5 до препумпната станица потроши околу 20 милиони денари. ЈП „Водовод и канализација“ во вредност од 110 милиони денари го изгради главниот колектор кој доаѓа од последната станица на автобусот со број 5 до овде, и неговото завршување е при крај, посочи Трајановски.
Тој додаде дека граѓаните треба да бидат стрпливи и да почекаат да заврши секундарната фекална канализација, која е во тек на изградба.
- Оваа препумпна станица нема да работи со целиот капацитет бидејќи само дел од фекалните води пристигнуваат тука, рече Трајановски.
Die Rekunstruierung der Samoilova-Staße hat begonnen:
Започна реконструкцијата на улицата „Самоилова“ на Скопското Кале
Градот Скопје денеска ја започна реконструкцијата на улицата „Самоилова“ во должина од 2.020 метри, на потегот од калдрмата под тврдината Кале до зградата на амбасадата на САД во Македонија. За да се задржи досегашниот амбиент на оваа стара скопска улица, камената коцка ќе се пререди во должина од околу 200 метри, а на останатиот сегмент ќе се постави нов асфалтен слој на површина од околу 6.000 метри квадратни. Долж целата улица ќе се постават нови рабници, како и 45 шахти и 10 сливници. Од двете страни на коловозот ќе се изградат нови тротоари со ширина помеѓу 1,5 и 2 метри во зависност од условите, кои ќе бидат покриени со бехатон плочки.
„За обнова на коловозот на улицата „Самоилова“ Градот Скопје ќе издвои околу 31 милион денари, а на терен ќе работат екипите на градежната фирма „Бауер БГ“. Рокот на изведба е 120 дена“, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. На улицата „Самоилова“ градските власти и општина Центар, пред да започнат активностите за нејзина реконструкција, изградија нова водоводна, фекална и атмосферска мрежа во вредност од околу 30 милиони денари.