Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Skopje - Bauprojekte

Neues Gebäude erbaut (Skopje)

Feroinvest%20DebarMaalo%200201.jpg



Feroinvest%20DebarMaalo%200202.jpg



Feroinvest%20DebarMaalo%200203.jpg



Feroinvest%20DebarMaalo%200204.jpg
 
На кејот во Карпош ќе никне 30-катница

DA1738072EF73142B876F15A1DB4181B.jpg


Урбанистичкиот план предвидува урбанизација на 25 хектари покрај Вардар од „Александар палас“ до Скејт-паркот

На Кејот на реката Вардар во Карпош, на потегот од хотелот „Александар палас“ до скејт-паркот ќе може да се гради 32-катница. Ова е само еден од неколкуте објекти предвидени да никнат со Нацрт-деталниот урбанистички план за тој реон, кој доби зелено светло од Советот на општината. ДУП-от предвидува и изградба на хотели, апартмани, трговски центар со висина од четири до девет ката. Со усвоената првична верзија на урбанистичката рамка, ќе се урбанизира површина од 25 хектари. Предвидено е да се обезбеди пристап до објектите преку две нови улици, една од страната на кејот, на која сообраќајот ќе биде забранет, и друга која ќе минува меѓу хотелот „Александар палас“ и СЦ „Борис Трајковски“.

Општинарите објаснуваат дека иако сегашниот ГУП за овој дел предвидува содржини за спорт и рекреација, сепак, постои можност за изградба на хотели и трговски центри.

„Тоа го дозволува Правилникот за стандарди и нормативи за урбано планирање. Сметаме дека на овој простор треба да се дозволи и домување, па затоа побаравме Градот да ни излезе во пресрет и во новиот урбанистички план да изврши замена на намената“, вели Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош и појаснува дека најголем дел од земјиштето е приватно, но оти има и државни парцели.

Инаку, Општината поседува идејно решение за изгледот на објектите и на целата околина воопшто, изработено од израелската фирма „Пелег архитект“. Според Јакимовски, тоа идеално би се вклопило, па од тие причини Општина Карпош ќе настојува потенцијалните инвеститори да ја испочитуваат идејата на Израелците. (Дс.Т.)

�а кејот во Карпош ќе никне 30-катница
 
Барок-вртелешка кај МЕПСО

463FA6298DD86A46BA3921127A619C1B.jpg

Планирано е каруселот да се гради до катната гаража на кејот на Вардар, за која беше избрано идејно решение со неокласична архитектура, а реквизитот само ќе се вклопи во тој амбиент


Доколку шестиот јавен повик успее, покрај Панорамското тркало, во околината на плоштадот Македонија ќе се постави и карусел или кажано по нашки вртелешка, потврдуваат од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Повикот го распишале од претпријатието по налог на градската власт, која за оваа намена им дала и субвенции од 10 милиони денари или 150.000 евра, информира директорот Душан Авировиќ.

Пет пропаднати јавни повици

Тој не ја соопшти точната локација, велејќи дека таа ќе се знае по завршувањето на постапката. Но сепак наши извори од Градот информираат дека локација, слободна за вакво нешто, е кај МЕПСО, веднаш до катната гаража во изградба. Имајќи предвид дека гаражата е најавено дека ќе биде неокласична архитектура, барок, предвидено е и вртелешката да се вклопи во нејзината околина со стар изглед, карактеристичен за овој тип забавен реквизит. Односно со коњи и кочии.

Неуспешноста на минатите јавни повици директорот Авировиќ ја објаснува со сериозните проблеми со кои се соочиле, имајќи предвид дека во нашата земја не постои фирма-претставник која може да им излезе во пресрет за она што го замислиле. Воедно и еден од условите да дадат аванс од 20 отсто на почеток, а остатокот по испораката. Не се јавила ниедна фирма. Единствено на минатиот тендер интерес изразила една компанија, но оттаму понудиле цена повисока од предвидениот лимит.

- Бевме принудени да ги измениме техничките карактеристики и да побараме електричен мотор со помала моќност - објасни директорот.

Авировиќ рече дека тендерот е меѓународен и ќе трае еден и пол месец, поточно 52 дена. Во условите се бара реквизитот да има декоративен венец, ротирачка платформа, 32 седишта со коњи, кочии и други детали.

Kоњи и кочии

Околу обвинувањето на опозицијата дека оваа инвестиција е без согласност од Советот на Град Скопје, тој ги демантираше таквите тврдења, велејќи дека вртелешката била предвидена со Инвестиционата програма на „Паркови и зеленило“, која, пак, неодамна се нашла на дневен ред и била усвоена.

Од Градот не потврдија дека тие се нарачателите на вртелешката, како и на Панорамското тркало. Од одделението за односи со јавност преупатија на надлежните од претпријатието, велејќи дека тие се најзапознаени со она што ќе се случува ако биде избран изведувач за изградба на забавниот реквизит.

Јорданка Ивановска
 
ЗА ZARA ПОВЕЌЕ НЕМА ДА МОРА ДА ОДИТЕ ВО СОЛУН
Carrefour, Inditex и Cineplexx од септември доаѓаат во Skopje City Mall
Carrefour, Inditex
Текст: Kајгана/МакфаксБизнис | 20 март 2012
Интернационалните брендови "Carrefour", "Inditex" и "Cineplexx" се трите најголеми закупци во трговскиот центар "Skopje City Mall", инвестиција вредна 90 милиони евра, што треба да биде отворен во септември.

carrefour-inditex-i-cineplexx-od-septemvri-doagjaat-vo-skopje-city-mall-78294.jpg


Овие три големи светски компании со договорот за закуп со компанијата инвеститор Балфин МК добија загарантирани позиции во новиот трговски центар.

Балфин МК го најавува влезот на вториот најголем ланец на супермаркети во светот и најголемиот во Европа - Францускиот интернационален трговец "Carrefour", кој го потпиша договорот за закуп за носечка хипермаркет продавница со вкупна квадратура од 4.650 метри. Договорот бил потпишан уште во јули минатата година, но поради клаузула за доверливост, информацијата за истиот морала да остане во тајност.

Уникатната позиција и предностите на "Skopje City Mall" како регионален шопинг центар со огромно значење за локалниот пазар, ја поттикна компанијата "Carrefour" експанзијата на просторот на бившите југословенски републики да ја започне со отворање на клучен хипермаркет, токму во "Skopje City Mall". Со отварањето на овој хипермаркет, "Carrefour" ќе има преку 9.500 продажни локали, во 33 земји во светот.

Истовремено, Балфин МК објавува дека еден од најголемите модни трговци во светот, интернационалната компнија од Шпанија "Inditex", во рамки на првиот современ шопинг центар во Македонија од европски размери, ќе се претстави со петте реномирани модни концепти: "Zara", "Bershka", "Massimo Dutti, "Pull & Bear" и "Stradivarius" на вкупна површина од 4.350 м2.

Само продавницата на "Zara" ќе зафаќа 2.190 метри квадратни, распоредени на два ката, што ја прави најголемата "Zara" на Балканот. И останатите 4 реномирани бренда ќе го имаат најголемиот можен концепт по квадратура - пракса замо во најголемите светски метрополи.

"Inditex" како докажан лидер во светот на модната индустрија и уникатен бизнис модел со проверен маркетинг концепт кој функционира од 1975 година, денес има повеќе од 5.000 продавници распоредени на пет континенти. Со влезот на "Индитекс" во "Скопје Сити Мол", Македонија станува 80 земја од светот во која Групацијата ќе биде присутна со своите афирмирани модни брендови.

"Cineplexx" во рамки на "Skopje City Mall" ќе се претстави со девет кино сали опремени со современа дигитална технологија преку која македонската публика ќе го искуси најновиот "Real 3D" ефект. Планот на "Cineplexx" не е само да прикажува филмови туку и да овозможи уживање во спортски и музички настани на големото платно, повторно во "Real 3D".
Сите три компании го привршуват процесот на опремување на просторот и го дооформуваат менаџерскиот тим кој со забрзано темпо се подготвува за периодот на отворање.

"Може да се уверите дека "Skopje City Mall" привлече некои од светски најбараните бренд имиња кои меѓудругото за прв пат ќе се претстават на македонскиот пазар. "Skopje City Mall" ќе се етаблира како центар со најдобра селекција на интернационални трговци, давајќи му една поинаква димензија на шопинг искуството . Ова е одличен показател за силата на "Skopje City Mall" и јасна индикација за растот и развојот на Македонија во една динамична и зрела држава. Всушност "Skopje City Mall" отвора нова, современа ера и ги поместува границите на купувањето. "Skopje City Mall" ќе биде место каде уживањето и шопингот се спојуваат во ново, возбудливо друштвено и културно искуство", изјави Петер Џ. Варден Главен извршен директор на Балфин МК и член на RICS.
 
За вртелешката од „Скопје 2014“ е распишан тендер по шести пат

По пет пропаднати обиди за реализација на идејата, ЈП „Паркови и зеленило“ денеска распиша нов тендер за испорака и монтажа на карусел кој ќе се монтира на плоштадот „Македонија“. Победничката компанија што ќе го постави реквизитот на централниот скопски плоштад ќе се избира според поволноста на понудата што ќе ја достави од аспект на цената, како и од естетските, техничките и функционалните карактеристики на каруселот. Јавното отворање на понудите ќе се одржи на 2 јули, датум кој е напоменат и како краен рок за доставување на истите. Договорот што ќе се потпише е предвидено да биде со времетраење од 12 месеци, се планира да започне на 20 јули годинава и да заврши на 20 јули 2013 година. Според информациите објавени од досегашните постапки за избор на најповолен понудувач, венецијанската вртелешка со декоративен венец и дрвена ротирачка платформа би чинела околу 150.000 евра или 10 милиони денари.

Засега не е дефинитивно утврдено на која локација од скопскиот плоштад ќе се постави каруселот, но дел од медиумите веќе напоменуваат дека реквизитот ќе се монтира во близина на идната катна гаража кај МЕПСО. Според предвидените измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“, просторот околу каруселот ќе изобилува со мноштво на објекти кои во моментов се непознати за скопјани. Спроти гаражата со неокласична архитектура е предвидено да се изгради уште еден пешачки мост со кој ќе се поврзат Стариот театар и Музејот на ВМРО, а најновите измени предвидуваат и дополнителни два сплава, покрај досега објавените четири, што ќе се постават од левата и од десната страна на реката Вардар, веднаш под мостот „Гоце Делчев“. На овој мал дел, во самата река се зацртани и две маркички за споменици, обележја или скулптури за кои сеуште не се изнесени податоци што ќе претставуваат.


 
Филип Втори поставен на плоштадот „Карпошово востание“

Бронзена скулптура на Филип Втори, висока околу 15 метри, денес беше поставена на 13-метарскиот постамент на плоштадот „Карпошово востание“, на просторот помеѓу црквата Свети Димитрија и зградата на Министерството за транспорт и врски. Скулптурата која официјално го носи името „Воин“ е изработена во леарницата „Гвастини“ од Виченца, Италија. Нејзин автор е Валентина Стевановска. Околу „Воинот“ се гради и монументална фонтана, а сето тоа е дел од проектот за уредување на плоштадот „Карпошово востание“, кој започна минатото лето и кој вклучува изградба на уште три фонтани со скулптури и длабоки релјефи во бронза и мермер. Според тогашните информации, целиот проект чини околу пет милиони евра, од кои три милиони за леење на скулптурите во Италија. Покрај ова, планирана е иреконструкција на објектот на Министерството за транспорт и врски.

Plostad%20Karposovo%20vostanie%20plan%20viz%2001.jpg

 
Zurück
Oben