Уште еден доказ дека Македонците се едни од најталентираните
Сабота, 8 Март 2014, 15:47
Надалеку е познато дека македонскиот народ е многу талентиран во полето на културата, музиката, фолклорот, филмот и претставата. Уште еден пример е и Филип Петковски.
Тој е 23-годишен студент кој има големи амбиции, но и квалитет за да успее во тоа. Роден во Скопје, завршил на насоката за традиционална музика и игра во музичко-балетскиот центар Илија Николовски- Луј. Долги години се има занимавано со традиционална игра, а има и стекнато диплома за професионален фолклорен играч-пејач.
- По завршувањето, аплицирав на Duquesne University вo Pittsburgh, PA USA, на департментот за театарска режија, а воедно и уште еден факултет по мултимедија. Инаку, добив школарина преку ансамблот за источноевропски танци наречен Tamburitzans, во кој бев солист 4 години. Со нив имав прилика да настапувам низ цела Америка, од кои поомилени настапи ми се тие на Бродвеј, Карнеги Хол и Китченер Театарот во Торонто Канада, вели Филип за Денешен.
Водел напорен живот, студирал 2 факултети и преку неделата работел во локалниот театар The Red Masquers како режисер на почетокот на студиите, а викендите имал концерти и турнеи со ансамблот Тамбурица.
-Аплицирав во департментот за кореологија во мастерс програма која што е наречена Choreomundus, програма за танцови студии и нематеријално културно богатство, моментално ситурирана во Трондхеим, Норвешка, меѓутоа студиите продолжуваат во Будимешта и Лондон, додава Филип.
Тој моментално се занимава со две професии- танц и театар, но кариерата ја насочува кон тоа да стане успешен и познат режисер.
Додека студирал во Америка работел на следниве проекти како режисер: „The yellow wallpaper“- Charlotte Parkins Gillman, „Who’s afraid of Virginia Woolf“ by Edward Albee, „Be our guest“ by FJ Hartland, „Measure for Measure“ William Shakespeare.
Најуспешен проект на кој работел нашиот Филип е „Closer“ кој вооедно е и неговиот последен проект кој имал премиера на 13 февруари годинава во ISAK културниот центар. За него добиле 5 од 5 ѕвезди во културната секција од локалниот весник во Трондхеим.
На нашето прашање за неговите планови во иднина и дали македнската сцена може да очекува нешто од него, тој одговори:
-Летово планирам да ја поставам A street car named desire – Tennessee Williams во Скопје, а исто така планирам да работам на проект во театарот во Суботица, Србија, вели тој.
???? ???? ????? ???? ??????????? ?? ???? ?? ???????????????? | ??????? ??????