Zahl der Besucher Makedoniens wächst weiter.
И натаму расте бројот на туристи што ја посетуваат Македонија
Бројот на туристите во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 7,5 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, според кои, бројот на туристите во март 2013 година изнесува 34.495, а бројот на ноќевањата изнесува 73.241.
Бројот на домашните туристи во март 2013 година, во однос на март 2012 година, е намален за 8,8 отсто, а бројот на странските туристи е зголемен за 18,4 отсто.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2013 година, во однос на март 2012 година, е намален за 4,5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 22,6 отсто.
Во периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2,8 отстои тоа: кај домашните туристи има намалување за 1,5 отсато, а кај странските има зголемување за 5,9 отсто.
Во периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4,3 отсто и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1,4 отсто, а кај странските има зголемување за 6,9 отсто.
\Netpress
- - - Aktualisiert - - -
ВЕСТ НА ДЕНОТ, сите дојдоа за до го видат александарленд гагагагагагагага
Во Македонија најмногу туристи од Грција
Туристите од Грција се најбројните гости во март годинава што престојувале во Македонија. По нив следат туристите од Србија и Турција, а меѓу дестинациите каде биле најбројни туристите е Скопје.
Според податоците на Државниот завод за статистика, од Грција бројот на туристи изнесува 5.019, од Србија 2.615 и од Турција 2.578. Скопје, како што покажуваат податоците, го посетиле 11.158 туристи.
Бројот на туристи во март во земјава изнесува 34.495 и во однос на март лани бележи пораст од 7,5 проценти. Пораст од 18,4 отсто е забележан кај странските туристи, а кај домашните има намалување за 8,8 отсто.
Бројот, пак, на ноќевањата изнесува 73.241 и бележи пораст од 10,2 отсто. Кај домашните туристи има намалување на ноќевањата за 4,5 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи бележи зголемување за 22,6 отсто.
Раст на бројот на туристи од 2,8 отсто е забележан и во првите три месеци од годинава, при што кај домашните има намалување за 1,5 отсто, а кај странските зголемување за 3,5 отсто.
Во периодот јануари- март 2013 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 4,3 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 1,4 отсто, а кај странските има зголемување за 6,9 отсто