GalatasaraySK
GALATASARAY
Mazedonien.Kleines Land,großes Essen
„Џонсон контролс“ во Штип ќе стартува со четириесетина работници
Иван Бојаџиски
ШТИП - Иако најавуваше старт со околу 300 работници, познатата американска компанија „Џонсон контролс“ годинава ќе стартува само со четириесетина работници во фабриката во Штип. Од компанијата ни рекоа дека вработувањето ќе оди етапно и ќе трае во следните две години за кога е планирано бројот на вкупно вработените да се заокружи на вкупно 1.427 лица.
Според нашите информации, до овој момент за работа во „Џонсон контролс“, преку интернет, аплицирале над 2.400 лица. Оваа информација не сакаше да ја потврди или негира Аврам Стојчевски, одговорен за интересите на компанијата во нашата држава. Стојчевски само ни рече дека таков податок преставува деловна тајна на „Џонсон контролс“.
„Се' што можам да ви кажам во овој момент е тоа дека забрзано се работи на реконструкцијата на поранешната фабрика ’Политекс’, која е во кругот на некогашниот текстилен комбинат ’Македонка’. Очекуваме работите таму да бидат завршени до крајот на овој месец, по што, по пат на интервјуа, ќе ги избереме првите четириесет до најмногу педесет лица, кои ќе ја започнат обуката за работите што ги очекуваат. Во план ни е до март идната година бројот на вработените да се заокружи на 150 лица, а до средината на идната година да стигнеме до бројката од 300 вработени“, изјави Стојчевски.
Компанијата доби плац од 60.000 квадратни метри во индустриската зона во близина на Штип каде што најави изградба и на нова фабрика и вработување на 1.427 лица. Но, проблем претставува фактот дека оваа индустриска зона не се уредува, односно работите на неа се прекинати во февруари годинава кога скопски „Гранит“ и струмички „Жи кол“ си ја повлекоа механизацијата. Причините за овој нивен потег досега јавно не се објавени, но се говори дека спомнатите градежни фирми повлекле таков потег поради тоа што државата не им исплатила ниту денар за работите што ги изведуваа во зоната околу осум месеци.
Во Штип, град со 6.100 невработени лица, но и во околните места Свети Николе, Пробиштип, Кочани, Радовиш, Виница владее голем интерес за вработување во фабриката на американската компанија во која ќе се произведуваат тапацири за автомобилски седишта. Интересот е голем и поради најавите дека во овој нов индустриски капацитет ќе се делат плати значително повисоки од платите што ги остваруваат работниците сега во доминантно трудоинтензивното штипско стопанство.
Компанијата најави дека во изградбата на фабриката во штипската индустриска зона ќе инвестира дваесет милиони евра и дека рокот во кој фабриката ќе биде подготвена да започне со производствениот процес нема да биде подолг од една година. Всушност, првичните најави беа дека фабриката во индустриската зона ќе започне да се гради од средината на овој месец, но состојбата во која се наоѓа зоната, каде што и вчера немаше никакви градежни активности, ја доведува во прашање таквата можност.
Во секој случај, ако „Џонсон контролс“ целосно ја реализира најавената идеја за отворање фабрика во Штип, тоа ќе биде најголемиот индустриски капацитет во градот. Капацитети со поголем број вработени Штип имаше до пред две децении. Тогаш „Македонка“ имаше над 5.500 работници, „Астибо“ над 3.000 а толкав број работници имаше и земјоделскиот комбинат „Црвена ѕвезда“.
„Џонсон контролс“ во Штип ќе стартува со четириесетина работници
Solange ALLLE Bevölkerungsgruppen in Mak etwas davon haben ist das nur TOP! Mit wirtschaftlichem Wohlstand werden andere Konflikte nach hinten geraten so hoffe ich!
VERO vor Rückzug aus Mazedonien (und Serbien)?
ВЕРО СИ ОДИ ОД МАКЕДОНИЈА?
Грчката компанија Веропулос сериозно размислува да се повлече од македонскиот и српскиот пазар и да ги продаде објектите во Скопје и во Белград, објави вчера интернет-страницата Балкан инфо биз њуз. Од извори блиски до бизнис-круговите во Атина се дознава дека веќе започнале и првите прелиминарни разговори со заинтересираните купувачи. Според истите извори, Веропулос се потешко излегува на крај со обврските кон банките и веќе некое време сериозно ги чувствува последиците од финансиската криза во Грција. Од компанијата Веро во земјава не ги коментираат ваквите информации. Не даваат коментар ниту од седиштето на компанијата во Грција.
Магазинот “Сторс“, пак, открива дека Веропулос ги одложи плановите за експанзија и дека моментално е во потрага по нова бизнис-стратегија. Компанијата моментално е во фаза на реконструкција, па за оваа цел дополнително ангажира неколку искусни менаџери од германскиот малопродажен синџир Алди, кој неодамна ја напушти Грција. Предизвик на топ-менаџментот, кој се потпира на стратегијата на попуст, е да го конвертира традиционалниот продажен синџир во ефикасен бизнис, наведува магазинот.
KAPITAL -
Folge dem Video um zu sehen, wie unsere Website als Web-App auf dem Startbildschirm installiert werden kann.
Anmerkung: Diese Funktion ist in einigen Browsern möglicherweise nicht verfügbar.
Wir verwenden essentielle Cookies, damit diese Website funktioniert, und optionale Cookies, um den Komfort bei der Nutzung zu verbessern.
Siehe weitere Informationen und konfiguriere deine Einstellungen