Auf den mazedonischen Banken liegen 4 Milliarde Euro
[TABLE="class: tborder, width: 100%, align: center"]
[TR]
[/TR]
[TR]
[TD="class: alt1, bgcolor: #F5F5FF"]Штедните влогови на граѓаните и депозитите на фирмите во банките достигнаа 4 милијарди евра. Во февруари во однос на јануари годинава Народната Банка регистрираше пораст на вкупната депозитна база за 61,7 милиони евра.
Анализирано од аспект на валутната структура, пораст има и кај денарското и кај девизното штедење, тренд што укажува дека се враќа довербата кај штедењето во девизи, односно најмногу во евра.
Она што навестува оптимизам во февруари е прекин на трендот на одлив на депизитите на приватниот сектор, кои во февруари достигнаа 906 милиони евра.
Во структурата на депозитите најголемо учество имаат граѓаните. Според податоците, депозитите на домаќинствата и на непрфитните институции што им служат на домаќинствата достигнаа речиси 3 милијарди евра.
Салдото од 4 милијарди евра на депозитната база се случува за прв пат. Поради кризата во земјава штедењето забави, но не запре. Поради влошување на ликвидноснта состојба, фирмите беа принудувани да ги повлекуваат депозитите и да ги користат за исплата на плати, покривање на долгови и воопшто за одржување на дневната ликвидност.
http://faktor.mk/archives/38222?utm_...8#.UUwrxhzvvTo
[/TD]
[/TR]
[TR]
[TD="class: alt2, bgcolor: #E1E4F2"]
[/TD]
[/TR]
[/TABLE]