ФОТО: Првото заседание на АСНОМ во паркот „Жена Борец“
Вторник, 13 Март 2012 12:08
????: ?????? ????????? ?? ????? ?? ?????? ????? ??????
Во паркот „Жена Борец“ денеска започна поставувањето на спомен обележјето посветено на Првото заседание на АСНОМ.
Спомен обележјето, кое е изработено во бронза во уметничката леарница „Фернандо Маринели“ од Италија, го сочинувааат 10 скултури во висина од 4 метри, од кои 3 во седечка позиција и 7 во стоечка позиција, и 10 релјефи со вкупна површина од 21.60 метри квадратни.
Свој споменик ќе има и скоро починатиот претседател Киро Глигоров кој исто така учествувал во заседанието.
Постаментот има правоаголна форма, обложен е со травертин, а изработен е од страна на „Конструктор Инженеринг“ со висина од 1,90 метри.
Автор на спомен облежјето е Слободан Милошески.
Во паркот е поставен споменикот на бранителите од 2001-та година, а треба да се постави и споменик на основачите на ВМРО.