Für meine Landsmänner:
Македонска прича за први мај
Едип: Што правиш Прометеју?
Прометеј: Собирам дрва, ќе палам оган.
Едип: Оган за што?
Прометеј: Па за Први мај Едипе, Мајку му стара !
Едип: Ќибрит имаш?
Прометеј: Земав прееска од Девојчето со ќибритчињата. Ама појше пати се обидувам, повторувам, не иде баш.
Едип: Ако, повторувањето е мајка на знаењето. А само ние ли ќе бидеме?
Прометеј: Еве го и Одисеј, сеа се врати од пат, прашај го и Сизиф, ене го на ридон тркала камен.
Едип: Сизифеееее, ќе доаѓаш ли Прометеј пали оган ?
Сизиф: А бе каков оган, остајте ме да си ја вршам работава !!!
Едип: Абе ајде, камења ќе се напрајме, ќе се тркаламе, ролинг стоунс, Први Мај е чоече, искулирај малку ! Башка знам дека омилени ти се Ролинг Стоунси, ќе земеме и Мик Џигер од Свети Николе.
Сизиф: Заеби, не мислам без работа да останам. Лани ко ти викав да славиме Нова година заедно - ти појше се палеше на Старата !
Едип: Каква работа бе, излагаме од рецесија. Така ли е Одисеје, ти си бар шетан чоек.
Одисеј: А бе од туризам ако не се извлечеме нема од што.
Сизиф: Одисеј, оди сеј заблуди на друго место. Синдикатите сосе работнички права ни се за у курац, труло е у земјава, кај живееш бе ти чеоече у некој замислен свет, у мит??? Каква криза и безработица е, ќути бар имам некаква работичка тука со каменов. Туку речи на Вавилонскана курва свеќи треба да и палиме.
Едип: Ај не мислам цел ден да се објаснувам, сеа па и политика фативте, треба кај мама да одам, ќе ја донесам и неа на оганот.
Одисеј: И Антигона.
Едип: Шо ја ебам Антигона бе.
Одисеј: А бе вино да донесеш Антигона ти викам, земи од Веро. И Антика ракија.
Едип: Од Спартанцине ќе викаме некој?
Одисеј: Не бе тие 300 души ќе дојдат. Башка ко ќе се начука тој со брадата само се дере по маси - Оваааа е Спартааа !!! Забегана работа, кафански патриотизам.
Едип: Годо не знам дали да го чекаме?
Одисеј: Ќе го дочекаш ти Годо да ти дојде, не му годи друштво никад нему.
Едип: Ахил?
Одисеј: Со пета има проблем.
Едип: Хахаха, со пета чашка има проблем, ќе се искриви ко Квазимодо. Тек со Ахилова Шеста и на Токсикологија кај Дионис. А, Отело нешто?
Одисеј: Ти да носиш Одело на скара, ебате. Туку не знам шо се заебава Прометеј со огинон, Електра има електрична скара, башка женско друштво малку.
Едип: Хм, Електра, за неа мајка ми вика дека е курва. Може да викнам пар другарки од Лезбос, за да се измешаме.
Одисеј: А бе со лезбејки сеа, боље Атина викни ја...
Едип: Апостолова?
Одисеј: Све на таа генерација пуцаш, мајку му стара.
Едип: Е не ко тебе, Киклоп ќе ми шепка на уво посабајлечки.
Одисеј: Едипе, ај еби си мајката...