Monkeydonian
Gesperrt
ЗАВРШЕН ПРВИОТ ОД КАПИТАЛНИТЕ ПРОЕКТИ НА ВЛАДАТА
Готова Спомен-куќата на Тоше Проески!
Објектот ќе биде отворен за посетителите откако семејството на ѕвездата ќе ги внесе неговите лични предмети
Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево е готова. Во пресрет на 30-тиот роденден на Проески сите градежни работи се комплетно завршени. Од Министерството за култура информираат дека Спомен-домот ќе биде отворен за посетителите откако семејството на Тоше Проески ќе ги внесе неговите лични предмети кои се дел од автентичната збирка на експонати.
"Спомен-куќата ќе претставува материјализација на целиот животен пат на Тоше Проески и низ своите содржини ќе обезбеди хронолошки приказ на неговото детство, на тинејџерските години, на периодот кога Тоше го достигна врвот во својата уметничка кариера. Поставката на Спомен-куќата ќе биде збогатена со автентични експонати кои се сопственост на семејството Проески", велат од Министерството за култура.
Вчера Фондацијата Тоше Проески и семејството Проески изразија јавна благодарност до Владата на Македонија и Министерството за култура за завршување на изградбата на објектот во Крушево.
"Сигурни сме дека Спомен-куќата ќе биде место на неговата вечност, место кое ќе го чува неговиот дух и ќе ни прикажува кој беше Тоше, на која гитара свиреше, какво беше неговото музичко студио во кое компонираше, кој беше неговиот омилен автомобил, што на себе носеше, во што веруваше и пред што се молеше", велат од Фондацијата.
Тие потенцираат дека во Спомен-куќата ќе се постави голема збирка од лични предмети која ќе ги запознае обожавателите на Тоше Проески со целокупниот негов уметнички и животен пат. Отворањето на објектот ќе биде проследеноо со голем музички настан.
Спомен-домот на Тоше е прв од капиталните проекти кои ќе бидат промовирани во 2011 година. Втор проект што ќе биде завршен годинава е Музејскиот комплекс на македонската борба за државност и самостојност. Планирано е да биде комплетно готов во втората половина на 2011. Во новиот Стар театар во Скопје ќе може да влеземе на почетокот од 2012 година.
Водата потсетува на чистината и животот на Тоше
Архитектонската замисла е објектот да ја изразува личноста и делата на Тоше. Спомен-домот има форма на крст - симбол за неговата искрена вера во Бога. Бетонот е симбол на неговиот лик и дело, стаклото ќе опоменува на човечковата минливост и ранливост, а водата, што е дел од пејсажот, потсетува на чистината и животот со кои зрачеше Тоше.
Hier noch eine weitere Quelle mit Clip