Monkeydonian
Gesperrt
Neues Parkhaus in Skopje gleich hinter UKIM
Нова катна гаража во општина Центар
Понеделник, 28 Февруари 2011 09:36
Денес во 13 и 30 часот ќе биде поставен камен темелникот на новата катна гаража кај Судска палата.
Проектот за изградба на катна гаража е во надлежност на општина Центар. Локацијата е наспроти УКИМ веднаш до новиот Кривичниот суд.
Првиот договор беше потпишан меѓу општина Центар и НЛБ Тутунска банка, а вториот меѓу Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, Стопанска Банка и Комерцијална Банка.
За две години треба да се изгради катна гаража кај Судска палата, чиј инвеститор е општина Центар, а другата треба да се изгради кај зградата на МЕПСО, а неа ќе ја гради Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор.
Според градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ со новата катна гаража, ќе се подобрат условите за паркирање во оваа општина.
Катната гаража кај Судска палата, ќе има 500 паркинг места и се очекува да го растовари големиот метеж кој настанува во овој дел од градот. Гужвите се особено големи бидејќи голем дел од државните институции се наоѓаат тука и поради тоа е потребна нејзината изградба