Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren
  • Viel Erfolg, Glück, Frieden, Gesundheit und mögen Eure Träume in Erfüllung gehen
    Wünscht das BalkanForum-Team

Bauprojekte in Mazedonien

Construction of Agroberza starts in Strumica

Strumica, 16 February 2011 (MIA) - Croatia's Agrokor company has started constructing Agroberza - the long-awaited purchase and distribution center of agricultural products in Strumica.

Over nine million euros will be invested in the first stage of construction.

The facility is expected to be finished by the end of June and to solve at least some of the problems stemming from purchase and placement of vegetables in the region by purchasing approximately 30 thousand tonnes of vegetables and fruit this gardening season.

"In the first stage, Strumica's Agroberza will cover an area of over 8,000 square meters. It is estimated gardening products to be purchased as of July. So far, we have concluded deals for purchase of vegetables and fruit with over 1,500 subcontractors, who are about to receive subsidies. Hopefully, this year we'll cooperate with at least 5,000 farmers from the region of Strumica and a purchase of a total of 30 thousand tonnes of gardening products i.e. 30% more than last year will be made, says Blazo Vitanov - director of Plodovi Fruktus, Agrokor's representative.

The center will be provided with the state-of-the-art measuring instruments, cooling chambers, calibrators as well as transportation systems for acceptance and distribution of 30,000 to 50,000 tonnes of vegetables a year.
 
Еден милион евра за да светне „Скопје 2014“ на левиот брег


Зградите на потегот од Камен мост до мостот кај „Холидеј ин“ ќе бидат осветлени во бела боја
ADA75E762948D44FAFD00C381CCC14D1.jpg

Деспина Трајковска

Владата ќе потроши речиси еден милион евра за да ги осветли градбите од „Скопје 2014“ на левиот брег на Вардар. Илуминацијата на новата зграда на Уставен суд и на Јавното обвинителство ќе чини речиси 550.000 евра, а осветлувањето на новиот објект на МНР ќе чини околу 215.000 евра.

За изведба на илуминацијата ќе бидат ангажирани „Бетон“ и скопски „Електроелемент Стојмир и други“, со кои владината служба за општи и заеднички работи минатата недела ги договорила зделките. „Бетон“ ќе се погрижи за светлото на објектот на МНР, додека „Електроелемент“ за објектот на Уставен суд во кој се сместени и Археолошкиот музеј и Државниот архив, како и за објектот на Јавното обвинителство, кое ќе ја дели зградата со Финансовата полиција. Со истата фирма неодамна потпишаа договор и од Министерството за култура. Тие ќе му платат на „Електроелемент“ околу 220.000 евра за да го изведе осветлувањето на музејот на ВМРО.

Васе Доневски, директор на владината служба, убедува дека стотиците илјади евра за осветлувањето воопшто не се многу пари, имајќи ја предвид големината и значајноста на објектите и воопшто тежината на проектот „Скопје 2014“, чиј дел се административните згради.

„Изведбата на илуминацијата воопшто не чини многу. Впрочем, избрани се најсоодветните понуди од секој аспект. Не само што и двете фирми гарантираат преубава илуминација туку и ќе монтираат штетдливи светилки. Верувајте дека ќе свети многу убаво, не можам да опишам со зборови. Сите објекти ќе бидат осветлени како една целина, а ќе има можност илуминацијата да ја менува бојата и начинот на осветлување на објектите“, ни изјави вчера Доневски.

Тој објасни дека на одредени делови на зградите ќе има впечатливи светлосни ефекти. Системот со кој ќе се изведе илуминацијата ќе овозможува да се контролира и јачината на осветлувањето. До полноќ, како што рече Доневски, сијалиците ќе светат посилно, а до утрото со послаб капацитет. Генерално, сите објекти на потегот од Камен мост до мостот кај „Холидеј ин“ ќе бидат осветлени во природно бела боја. Според Доневски, илуминацијата на овие објекти ќе биде усогласена со тие што се градат на потегот пред Камен мост, музејот на ВМРО и театарот.
 
Прв Центар за малолетници во Скопје
Четврток, 17 Февруари 2011 08:45

Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и заменик министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски денеска ќе го отворат првиот Центар за малолетници.
Центарот се наоѓа во рамки на Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми – Скопје, „25 Мај“.

Центарот за малолетници треба да овозможи во најкраток рок, со примена на интензивни методи, да се изврши позитивно влијание врз личноста и поведението на малолетникот, да се разрешат неговите основни развојни проблеми и да се надминат последиците, се со цел негова успешна интеграција во социјалната средина.
 
И Скопје ќе добие крематориум

Ќе има две печки, една за спалување плацента и медицински отпад, а друга за покојници

Снежана Калабакова

Скопје, конечно, ќе добие крематориум. Одговорните од АД „Бутел“ не зборуваат многу за постапката, но тврдат дека се пред договор со Владата за реализација на оваа дамнешна идеја. Со изградбата на крематориум сите оние што живеат во Македонија, а сакаат да ги кремираат посмртните останки на своите блиски, веќе нема да мораат да патуваат дури до Белград за да го сторат тоа.

Од „Бутел“ велат дека потребата од крематориум е евидентна. Од една страна, гробиштата се' повеќе заземаат плодно земјоделско земјиште, а од друга, постои и законска обврска за изградба на крематориум, а која произлегува од определбата за приближување кон европската легислатива, каде што еден од предусловите е токму постоењето локација за кремирање.

Во АД „Бутел“ веќе се подготвува статутот за новото јавно претпријатие што ќе се занимава со кремирање. Крематоруимот е голем проект што вклучува поставување две печки за спалување. Првата ќе биде наменета за влажно ѓубре, односно плацента и медицински отпад, додека втората исклучиво за спалување покојници. Една печка чини околу 300 илјади евра, а целиот проект за крематориумот околу 2 милиона евра.

„Се интересиравме за различни видови печи, а најпознати се тие од Шведска, Чешка и од Америка, за кои велат и дека се најквалитетни. Знаеме дека кај нас ниту православната црква, ниту џамијата не се за кремирање на мртвите. Но, постоењето крематориум е нормална работа за многу европски земји. Некаде дури процентот на кремација е многу повисок отколку закопувањето. Така, на пример, во Чешка дури 76 отсто од покојниците се кремираат, во Унгарија 58, а во Словенија 70 проценти“, вели Илија Филиповски, директор на АД „Бутел“, и појаснува дека во печките за кремирање на посмртните останки се достигнува температура дури до 1.300 Целзиусови степени, додека самата кремација трае околу два часа.

Инаку, во нашето поблиско опкружување крематориум има во Белград, а кремирањето на покојникот чини околу 11.000 денари. Минатата година од 12.254 починати во Белград, 2.327 биле кремирани.
 
Neues Rathaus für die Gemeinde Skopje-Zentrum


И Општина Центар ќе добие барокна зграда

7BC6E735400F45468C105BA013BB6F1D.jpg


Министерството за транспорт инсистира на обjект
со стилска фасада

Деспина Трајковска


Приватниот инвеститор кој ќе гради нова административна зграда за Општина Центар ќе има обврска да го изведе објектот во барокен стил. Дел од објектот ќе и' го отстапи на Општината, а остатокот ќе може да си го искористи за комерцијално-деловна намена. Зградата ќе се гради на местото на општинските бараки, локација која веќе е дадена на продажба. Министерството за транспорт и врски распиша јавна објава за отуѓување на парцелата на која инвеститорот ќе треба да го изгради објектот и 60 отсто од него да им го отстапи на општинарите. Вкупната површина на парцелата изнесува 7.528 квадратни метри, а почетната цена за квадрат на јавното наддавање ќе изнесува 6.480 денари.

Во меѓувреме, општинарите ќе треба да најдат привремена адреса и да одлучат каде ќе бидат сместени додека не биде изграден новиот објект. Од Општината вчера не кажаа дали планираат или можеби веќе преговараат за привремени простории. Напоменаа дека дополнително ќе информираат откако ќе завршеле административните работи. Во меѓувреме, се очекува да биде готово и конечното идејно решение за зградата во барокен стил, која ја изработува проектантска куќа ангажирана од Општината.

„На конкурсот за избор на идејно решение за општинска зграда, кој го објавивме лани, ниту еден од пристигнатите трудови не беше првонаграден. Единствено се откупија четири конкурсни труда кои жири-комисијата ги предложи како најдобри. Од нив се изготви проектна задача која претрпе одредени модификации и се достави до проектантска куќа ангажирана од Општина Центар да изготви идеен, основен и изведбен проект“, рекоа вчера од Центар.

На барокна фасада за новата зграда, всушност, инсистираат од Министерството за транспорт кое ја продава парцелата, а за стилска фасада е и градоначалникот Владимир Тодоровиќ. Тој уште лани, кога Општината го распиша конкурсот за идејно решение, рече оти посакува барокна зграда.

Од пристигнатите девет предлози, само еден понуди стилска зграда. Останатите осум идејни решенија, генерално, предлагаа изградба на модерен објект изведен претежно во стакло. Сепак, надлежната комисија одлучи да не додели прва награда, а во меѓувреме за изгледот на новиот објект на Центар пресекоа од Министерството за транспорт и врски.
 
Das "MKC" (Jugend Kultur Zentrum) wird renoviert

МКЦ почна да се реконструира

За половина година, Младинскиот културен центар ќе профункционира во ново издание. Од вчера и официјално почна големата реконструкција на МКЦ, и се очекува реновирањето да заврши најдоцна до 1 септември годинава.
Предвидено е во наредните шест месеци да се направи реконструкција на покривот, на фасадата и на тоалетите.

4D862DA23AEA7A4186F5CA19B6DDE2BB.jpg

За целосната поправка на овој објект ќе се потрошат над 800.000 евра. Досега се обезбедени околу 33 милиони денари, а за сеопфатна реконструкција на Центарот, планирано е од буџетот на Градот годинава за реновирање на ентериерот и влезното фоаје да бидат потрошени околу 7 милиони денари.
Градежните зафати, најавуваат од градскиот кабинет, нема да влијаат врз одржувањето на редовната програма на МКЦ и врз традиционалните манифестации кои се одвиваат во тековната година.
Младинскиот културен центар постои од 1972 година, и во изминатите 40 години не се направени некои поголеми реконструктивни зафати.


Super, absolut geile Location. Finde ich sehr gut!
 
Neues Wasserversorgungssystem in der Gemeinde Butel (Link mit Clip)


Нов водоводен систем во општина Бутел

24.02.2011 - 16:03 | Македонија
Околу 9.000 жители од Бутел, Радишани и Љуботенски пат добиваат питка вода до своите куќи, благодарение на водоводните системи кои ги изгради општина Бутел.


Петре Латиновски, градоначалникот на општината вели, вложиле многу труд и време за да успеат да ја урбанизираат општината.

Проектот го започнале со донација на јапонската влада, но без средствата кои ги добиле од македонската влада Латиновски вели дека немале да успеат да го завршат овој голем проект кој тежи околу еден милион евра.

Покрај ова, општина Бутел доби и фекален систем во должина од 31 километар како и многу локални патишта со што општината прерасна во урбано и организирано место за живеење.

Латиновски вели дека нема да застане тука. Започнатите проекти ќе ги доврши, а најави и нови.

Елена Бошковска
 
Wasserversorgung in Radovisch wird erneuert. (Link mit Clip)


Ќе се ревитализира водоводната мрежа во Радовиш
24.02.2011 - 20:32 | Македонија
Со заем од 318 илјади евра од германската кредитната банка за обнова KfW ќе се врши ревитализација на водоводната мрежа во општина Радовиш.


Кредитот е обезбеден преку Владата на Република Македонија со поддршка од германската Влада под исклучително поволни услови со период на отплата од 28 години и грејс период од десет години, а со годишна каматна стапка од 2 отсто.

Договорот за заемот денеска во Радовиш го потпишаа вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, градоначалникот на општината Роберт Велков и директорот на Јавното комунално претпријатие „Плаваја“ Благој Лукаров.

- Се работи за исклучително поволен кредит кој со оглед на финансиските можности на Јавното претпријатие и општината нема да предизвика товар врз општината, а од друга страна ќе помогне да се реши дел од проблемот во однос на реновирањето на водоводната мрежа, истакна вицепремиерот Ставрески по потпишувањето на договорот.

Според градоначалникот Велков станува збор за значајна финансиска поддршка за општината со која ќе се изврши ревитализација на водоводната мрежа и ќе се обезбеди почиста и поквалитетна вода за пиење, а ќе се намалат и техничите загуби на ЈКП.

Заемот е дел од кредитот што македонската Влада во 2009 година го потпиша со KfW во износ од 8 милиони 635 илјади евра наменет за реализација на проектот „Водовод и канализација на општините“, фаза еден. Со проектот се опфатени општините Битола, Гевгелија, Гостивар, Кавадарци, Кочани, Неготино, Радовиш и Тетово, а целта е да се обезбеди одржливо снабдување со вода за пиење на населението и подобрување на водоводните системи.


44 neue (kleine) Wasserkraftwerke sollen erbaut werden

Објавен оглас за нови 44 мали хидроцентрали
25.02.2011 - 10:16 | Бизнис
Министерството за економија денеска објави оглас за доделување концесија за вода за производство на електрична енергија од 44 мали хидроелектрични централи.


Новите 44 хидроцентрали се нудат под моделот - проектирање, изградба, оперирање и пренос на сливовите на реките Вардар, Струмица и Црн Дрим.

Концесијата се нуди за период од 23 години согласно Законот за води и Законот за концесии и други видови јавно приватно партнерство.

Понудите на заинтересираните инвеститоти треба да бидат доставени до архивата на Министерството за економија најдоцна до 30 мај годинава, а јавното отворање на понудите е закажано за 31 мај 2011 година во 10 часот.
 
Gemeinde Aerodrom bekommt einen neuen Park

Аеродром ќе добие нов парк со плоштад

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски, денеска изјави дека е распишан тендер за изградба на нов парк со плоштад на аголот меѓу булеварите “Јане Сандански“ и “Србија“.

“Со изградба на паркот граѓаните не само што ќе добијат ново зелено катче за рекреација, туку и официјално место, на кое конечно ќе можат да се одржуваат разни манифестации од културен и забавен карактер“, изјави Коневски.

parko-golema.jpg


Се предвидува во централниот дел на плоштадот да се постави споменик на “Јане Сандански“, а паркот ќе се простира на површина од околу 4.000 метри квадратни.

Паркот ќе биди составен од пешачка патека, водена и зелена површина на која ќе има три езерца и водопад.

park-golema-2.jpg


Изградба на паркот се очекува да почне во април и да заврши кон крајот на летото кога и официјално треба да биде пуштен во употреба.
 
Skopje's European University opens Oral Medicine Clinical Center
Friday, 25 February 2011

An Oral Medicine Clinical Center was opened today within the Skopje-based European University.

At a ceremony, which was attended by Premier Nikola Gruevski and prominent public figures, University's owner Bojo Andrevski said this was the second university clinical center in Macedonia.

"In addition to providing services to our citizens, we will also try to attract patients from abroad who want to be treated in Macedonia, which is beneficial for the center as well as for the state," said Andrevski.

The Oral Medicine Clinical Center is equiped with state-of-the-art technology and is built on an area of 1.850 square meters. Currently, 33 people are employed in the center and the number of medical staff is expected to rise in coming months.


ПОЧНА СО РАБОТА ПРВИОТ ПРИВАТЕН УНИВЕРЗИТЕТСКИ СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР "ПРОФ. Д-Р БОЈО АНДРЕСКИ"

Сината лента го означи стартот на врвната стоматологија во Македонија!

Свечениот чин го зголеми присуството на премиерот на Владата Никола Груевски, голем број владини претставници, претставници на политички партии, естрадни и културни уметници, меѓу кои познатиот оперски пејач Борис Трајанов

579070961024B842ABEB23D45EDFF127.jpg

Почна со работа Првиот приватен универзитетски стоматолошки клинички центар "Проф. д-р Бојо Андрески" којшто функционира во рамките на Европскиот универзитет РМ (ЕУРМ). Официјалниот старт го означи проф. д-р Бојо Андрески, претседател на Европскиот универзитет РМ, кој со Деканот на Стоматолошкиот клинички центар, проф. д-р Славјанка Оџаклиевска, на свечен начин ја пресекоа сината лента.

Свечениот чин го зголеми присуството на премиерот Никола Груевски, голем број владини претставници, претставници на политички партии, естрадни и културни уметници, меѓу кои познатиот оперски пејач Борис Трајанов.

Професорот д-р Бојо Андрески задоволен што неговиот Стоматолошки клинички центар е врвот на стоматологијата во земјава не само по неговата опременост, туку и со кадрите со кои располага.
-Македонија има кадри, ресурси што можат да го донесат здравството, конкретно стоматологијата, на највисоко ниво. Нашите граѓани веќе можат да добиваат услуги од областа на стоматологијата во најсовремени услови, но и со кадар кој заслужува респект. Лично сметам дека нашиот Стоматолошки центар кој е распространет на површина од 1.845 квадратни метри ќе се развива и до октомври годинава ќе го прошириме капацитетот од сегашните 33 работни места на 105, со можност да бидат 125 работни места - кажа проф. д-р Андрески на вчерашниот свечен чин.
Тој посебно нагласи дека покрај услугите за македонските граѓани во Центарот ќе има можност за давање на услуги и за странски пациенти, со што ќе се привлече и странскиот капитал, што е добро и за Центарот и за државата.
-Како субјект почнавме да се надградуваме и дојдовме до фазата кога стасавме да можеме да бидеме втора клиника којашто во Македонија го доби насловот Универзитетски клинички центар. Склучен е и договор за соработка со државниот Клинички центар за размена на кадри при што Универзитетот секогаш ќе биде на располаѓање на кадрите на Државниот универзитет бидејќи ние не се плашиме од конкуренција, туку сакаме да имаме соработка, потенцира проф. д-р Андрески и додава дека конкуренцијата е здрава работа, оти ако нема натпревар нема да има ниту прогрес и квалитет.

Професорот Андрески смета дека ова е добра можност да им се дозволи на студентите од Државниот клинички центар и Државниот факултет за стоматологија да може да практицираат на овој Универзитет. Тој искажа и посебна благодарност за присуството на премиерот Груевски.
-Ние досега имавме три чина, а едно од нив беше и свеченото осветување на Клиничкиот центар, но денеска е првиот официјален ден кога почнуваме со полна пареа да работиме како Стоматолошки клинички центар. Европскиот универзитет и семејството на проф. д-р Бојо Андрески ќе продолжи да вложува во земјава, да отвора нови работни места. Се гордеам кога ќе кажам дека во нашиот целокупен кадар од сите струки што ги имаме не само на Универзитетот се преку 350 семејства што се хранат со семејството Андрески. Ние сме колектив, ние сме едно семејство. Така се чувствуваме и верувам дека среќата и задоволството ги делиме, но и тешките моменти полесно ги пребродуваме, оти имаме една силна армија на интелектуалци и армија на луѓе кои веруваат во нас и во себе. Ние веруваме во македонската Влада и следниот пат кога ќе дојде премиерот ќе ги кажеме и нашите резултати - го заврши своето излагање проф. д-р Андрески. Тој му се заблагодари и на неговото семејство кое макотрпно работело и му помагало за да се направат сите вистински чекори во формирањето на овој современ Центар.
Центарот има склучено договор и со Фондот за здравствено осигурување, така што пациентите од Македонија ќе добиваат услуги за цени кои се според македонските стандарди.

Во рамките на Стоматолошкиот клинички центар, има простории и за ВИП-пациенти со посебен влез на кои им е загарантирана дискрецијата. Услуги ќе можат да добијат и пациенти од најмала возраст, за кои според претседателот Андрески, постојат специјално опремени простории.
За Деканот на Факултетот за стоматологија при ЕУРМ, проф. д-р Славјанка Оџаклиевска, пуштањето во официјална употреба на Центарот е најсреќниот ден во нејзиниот професионален живот.
-Посебно сум горда што студентите што се запишаа на Факултетот ќе се едуцираат во вакви услови кои се единствени во земјава. Нашите студенти веќе поминаа една програма со којашто ги подготвивме за да можат од овој семестар да вежбаат и на пациенти, во вакви квалитетни услови. Условите, но и едукацијата која што ќе им ја пружиме, ќе направи од нив стручњаци со кои земјава ќе се гордее - нагласи проф. д-р Славјанка Оџаклиевска.
 
Zurück
Oben