Zoran
Μακεδоν τ
КОД дојде до првичните записи на СФОР- авионот на Трајковски е лоциран неполн час по несреќата!
Додека се очекува најновиот извештај на Комисијата која ги испитува причините за несреќата, КОД дојде до првичните записи на СФОР и босанските власти каде јасно се гледа дека на неполн час по регистрираното губење на авионот пронајдени се и неговите остаоци, но и деветте тела на патниците. Од тогаш па до денес овој извештај е повлечен како и времето за кое КОД открива дека е вратено назад не за една туку за осумнаесет минути.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=87658
Официјалните извештаи велат дека трупот на авионот е најден рано наутро ден по кобниот пад. Босанската комисија тврди дека апаратот ИЛТ кој требало да ја покаже локацијата, немал напојување со струја и поради тоа не давал сигнали. Но во извештајот нема многу важен податок, во 8.35 часот пилотот на авионот на ЈАТ кој летал под контрола на аеродромот во Дубровник преку радио-врската упатува прашање: Потребна ли му е помош на некој? Авионот на ЈАТ во еден момент фатил сигнал од друг авион, кој го немало на радарот и го поставил прашањето. Тоа било непосредно после уривањето на кингерот. Ниту пилотот на ЈАТ бил испрашан, ниту податокот е спомнат во официјалниот истражен извештај.
Втора избришана работа од официјалниот извештај е ова тврдење кое го има во официјалната хронологија на настаните. Двајца француски офицери, Роблин Кристоф од СФОР и Ле Мари Филип од Европската полициска мисија во Босна му рекле на раководителот на Штабот за безбедност на конференцијата на која патувал претседателот Трајковски дека на лице место на несреќата се најдени девет тела, од кои 7 на членовите на делегацијата, и на двајцата пилоти. Офицерите се повикале на извесен Морис кој им ја кажал информацијата. На разговорот присуствувале 4 сведоци. Тоа се случувало околу 9 часот и 10 минути, неполн час по падот и речиси цел ден пред официјално да бидат најдени остатоците од урнатиот авион.
Информацијата воопшто не е спомната во официјалните извештаи, не се земени изјави ниту од наведените офицери, ниту од мистериозниот Морис. Најмистериозно е како тој Морис знаел дека во авионот имало 9 луѓе, официјалниот список во организацијата на економската конференција во Мостар броел 10 луѓе, но жена член на делегацијата на пат заминала со автомобил. Таа информација е потврдена 5 минути откако непознатиот Морис веќе известил за 9 жртви. Како е можно да знаел дека има 9 мртви, а на првичниот список имало десет имиња. Затоа што Морис бил на лице место, било тврдењето на офицерите Ле Мари и Роблин.
Зошто СФОР ја блокираше истрагата и вистината за паднатиот Кингер, имало атентат или убиство со умисла или се работи за несреќа? Во какви политички околности загина претсдетаелот Трајковски , гледајте во КОД веднаш по вестите во 19.30.
KOD FORSHPAN NEDELA 26.02.2012 - YouTube