Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Eurobasket-2009-Polen

ich werde das später übersetzen... aber vielleicht kanns ja gleich wer für mich machen... ansonst bis in 1std.

Македонците и Грците си 'ржат во Познањ
8F6E5A8BB41DBC4F8317569DF8ED5037.jpg

Докажувањето кој е Македонец за малку ќе завршеше со тепачка пред еден локал во центарот на Познањ. Полицијата не успеа веднаш да ги смири раскараните навивачи кои имаа дуел на темата за името Македонија. Неколкумина Грци тврдеа дека тие се Македонци, еден од нив делумно го познаваше македонскиот јазик, а момчињата од Македонија ја бранеа својата страна и правото да се нарекуваат како што сакаат. Сепак освен кошкање и по некој удар, не дојде до масовна тепачка.

Додека одеа кон салата, бројните македонски навивачи налетаа на мала група Грци, но освен вербални дуели, и таму немаше инцидент, а полската полиција со коњи држеше растојание помеѓу групите. Внатре во салата за време на средбата немаше никаков инцидент, дури имаше и македонски навивачи на дел од трибината каде што беа ривалските фанови.

Без големи инциденти и физички пресметки мина првиот ден во Познањ, по пристигнувањето на најголем дел од македонските и грчки навивачи на евро-баскетот. Македонските навивачи кои ги има од сите делови на земјата и од дијаспората, се убедливо најбројни. Ги има околу 500. Речиси и да не може да се прошета низ градот кој е колку Скопје, или да се влезе во трговски центар, а да не налетате на маж или жена со дрес, шал или друг навивачки реквизит во црвено-жолтите бои на нашата земја. Грците најавија дека најголем дел од нивните фанови ќе одат во Катовице каде што ќе се игра завршницата (четвртфинале, полуфинале, финале).
9168286A9CDE7544A0E2106CC41E58DA.jpg

Ресторанот „Феникс“ на централниот плоштад во Познањ беше местото каде што македонските навивачи се собираа и се загреваа за дуелот кој го очекуваа повеќе од една деценија. Полјаците позитивно гледаа на реката од македонски навивачи која се слеваше кон собирното место, некои од нив го скандираа името на фудбалерот Горан Пандев кога видоа наш навивач со дрес на Пандев. Тука со песни и пиво се јакнеше патриотизмот, а кога поминаа неколку грчки навивачи, на скандирањето „Македонија“ тие возвратија „ќе се видиме вечерва“. Но, вечерта ги чекаше ново изненадување, огромното македонско знаме со 16-кракото сонце кое ја прекри трибината со Македонците. Знамето ќе се вее на сите средби на кои ќе игра Македонија, но и Грција.

Во Познањ нема голема еуфорија околу Евробаскетот, многу се ретки, речиси дека и нема плакати со логото на шампионатот. Полјаците знаат дека во нивниот град се одржува овој настан, но нив ги интересира домашната селекција кога игра во друг град.

Во фан-шопот, кој е сместен во салата, може да се купат маички со логото на првенството, кошаркарски топки, приврзоци и слично, но нема сувенир од Мјешко, европскиот бизон, кој е маскота на првенството.

#
 
Weiß einer eigentlich, dass der Trainer der türkischen Basketballmannschaft Serbe ist? :confused:

TR 38-27 POL
 
43:35 für Spanien zur Halbzeit finde die haben das gut im Griff eindeutig die beste Leistung bislang, Slowenien hat aber stark begonnen, aber im zweiten Viertel war Spanien sehr gut, hoffentlich halten die das Niveau jetzt
 
Zurück
Oben