Груевски: Наведнатата глава сабја ЈА сече
Петок, 04 Ноември 2011 14:24
Во првото полувреме од 2011 година, Македонија постигна економски раст од 5,2 проценти, што упатува на заклучокот дека Македонија се враќа на нивото на економски раст остварен пред кризата, ќе изјави во есклузивното интервју за „Капитал“ македонскиот Премиер Никола Груевски.
Покрај другото во интервјуто Груевски, зборува и за владините мерки против економската криза, капиталните инвестиции во 2012 година, новите странски инвестиции, но и решавњето на проблемот со името.
Запрашан дали Македонија има друга алтернатива од ЕУ и НАТО, Груевски ќе изјави дека стратешка определба на Владата е членството на Македонија во ЕУ и НАТО, а тоа го потврдуваат и стратешките реформи кои ги спроведува Владата.
Груевски ги негира тврдењата дека во создава антиевропско расположение, туку тој само реагирал на изоставување на атрибутот македонски од Извештајот. Според него сосема е нормално да се има различно мислење со некој службеник или политичар од ЕУ.
- Има и такви кои живеаат со максимата позната уште од Османлискиот период преточена во народната поговрка која вели: Наведната глава сабја не ја сече. Тој дух кој преовладува кај многумина е ограничувачки фактор за севкупниот развој на земјата. Јас на пример мислам дека наведната глава сабја Ја сече, вели Груевски за Капитал.
Во однос на постигнатото Груевски ќе изјави: - Секогаш може подобро и повеќе, но доколку пообјективно погледнете врз реалноста ние треба да бидеме задоволни со сработеното.