Zoran
Μακεδоν τ
Skopje: Neue Abfallbehälter mit unterirdischen Auffangbehälter.
[h=1]ФОТО: Скопското ѓубре оди под земја[/h]
[h=2]Скопје доби подземни контејнер за смет по примерот на големите градови. Денеска беше промовиран првиот контејнер за одлагање комунален отпад.[/h]
Градските власти денеска го промовираа системот за функционирање на подземните контејнери за одлагање комунален отпад на територијата на општина Центар. Проектот за поставување подземни контејнери ќе се прошири и во другите скопски општини.
-Поставувањето на 50 подземни контејнери на 15 локацвии во центарот на Скопје ќе придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот смет и за подобрување на јавната хигиена во градот, изјави градоначалникот Коце Трајановски.
На 5 локации ќе се постават по 4 контејнери, од кои 3 ќе се користат за одлагање мешовит отпад, а 1 за ПЕТ амбалажа. На преостанатите 10 локации ќе се постават по 3 контејнери, од кои по 2 за мешовит отпад и 1 за ПЕТ амбалажа.
Системот кој ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, oдносно за нивно празнење, работи на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. Подземните контејнери од фирмата АТРИК од Словенија, се со зафатнина од 3 кубни метри.
Проектот чини 33 милиони денари, Градот Скопје и општината Центар учествуваат со по 10 милиони денари, а ЈП „Комунална хигиена“ со 13 милиони денари, а рокот за завршување е крајот на месец март.

![5-500.jpg](http://kurir.mk/images/stories/2013/04/5-500.jpg)

![2-500.jpg](http://kurir.mk/images/stories/2013/04/2-500.jpg)
Системот кој ќе се користи за вадење и спуштање на контејнерите, oдносно за нивно празнење, работи на хидрауличен погон и е еден од најсовремените во регионот. Подземните контејнери од фирмата АТРИК од Словенија, се со зафатнина од 3 кубни метри.
Проектот чини 33 милиони денари, Градот Скопје и општината Центар учествуваат со по 10 милиони денари, а ЈП „Комунална хигиена“ со 13 милиони денари, а рокот за завршување е крајот на месец март.
![1-500.jpg](http://kurir.mk/images/stories/2013/04/1-500.jpg)