Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

"Komödienstadel SDSM" Branko holt alte Garde wieder an Bord!

[h=1]Бранкостан наместо Македонија[/h]
Петок, 06 Јули 2012 14:10


Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

[h=2]Мене не ме загрижуваат клиентиве и нивниот последен екстатичен еготрип. Ме плаши Зоран Јовановски, кој во интервјуто за „Нова Македонија“ вели дека Црвенковски правел држава, а Груевски споменици. Тоа значи оти овој Зоран е убеден дека Црвенковски му оставил во наследство држава со сите нишани, меѓународно етаблирана со моќни пријатели, реформирана до балчак, европеизирана до коска, економски силна - дотука бидува - а оној непрокопсаник од ДПМНЕ ја растурил[/h]
mirka-velinovska-1.jpg
Многу се трудам, ама, ете, никако не успевам да најдам логика во вревата што се крена околу спојувањето на Љупчо и Бранко. Велат било непринципиелно. Види богати! Каква врска има кој било принцип со овие двајца? Кога поимот принцип можел да се сврзе со „ликот и делото“ на кој било од овие два лика во македонската транзициска политика? Нивното опстојување на политичката сцена, целокупниот политички стаж, нивните дејства, нивните државни политики се засноваат на немањето принципи.

Принципиелноста е столб на моралноста. Таа обврзува, ограничува. Принципиелноста е репер при секое политичко „судење“ на секои избори. За овие двајца егоцентрици ни во лудило не може да се каже дека имаат макар трага од морал. Затоа, баталете ја принципиелноста. Нивната дружба е сосема природна.

Како беше она Соросовото „цело е кога има сѐ“, што ни го пласираа како пропагандна порака во екот на војната со УЧК, кога Бранко и Љупчо беа коалициски партнери и со заеднички сили ја преобразија Македонија во рамковен експеримент!? Тоа е тоа! Сега двете полутки образуваа еден организам. Со која цел? Ако во 2001-та Георгиевски најотворено ни кажа дека тој и Бранко се споиле зашто ја одработуваат великоалбанската идеја, сега имаат задача да ја спасат политички банкротираната Грција. Не заборавајте никогаш: обајцата се клиенти што имаат добиено многу од нивните странски спонзори и мораат вечно да се раздолжуваат како „наши спасители“ секогаш кога некој Филип Рикер ќе ги побара на телефон. Должни се „ко Грчка“! Никогаш нема да можат да се раздолжат!

Потоа, за сите ние да бамбориме за нив и така да го испониме ултимативното задоволство на секој егоцентрик - да биде во центарот на вниманието. Па, погледајте ви се молам во сладострасната фаца на Љупчо, кој сака историски да го фундира својот лик и дело и затоа веднаш повика на ТВ-двобој тројца истакнати вмровски дејци-фалсификатори. Или, во среќната експресија на Бранко додека прави историска паралела со воениот антифашистички сојуз на Черчил и Сталин, а против Хитлер. За Бичиклиски да има причина да се слика пред Идадија и глупо да порачува дека за шверцот со нафта некој ќе мора да сноси одговорност, крај онолку институции, што, нели, кадровски вријат од морални, цврсти карактери. И на крај, за да може нашите шегобијни пријатели во соседството да говорат и пишуваат за нас, наместо за своите розови економско-политички состојби.

Да ја заклучам темава: мене не ме загрижуваат клиентиве и нивниот последен екстатичен еготрип. Ме плаши Зоран Јовановски, кој во интервјуто за „Нова Македонија“ вели дека Црвенковски правел држава, а Груевски споменици. Тоа значи оти овој Зоран е убеден дека Црвенковски му оставил во наследство држава со сите нишани, меѓународно етаблирана со моќни пријатели, реформирана до балчак, европеизирана до коска, економски силна - дотука бидува - а оној непрокопсаник од ДПМНЕ ја растурил.
Штом оваа млада фиданка на ресетираниот СДСМ, економист по струка, паднал на оваа финта што Бранко ја тртља уште од времето на првиот премиерски мандат, мора да е во прашање специфична методологија при изборот на кадри подобни за вршење високи партиски функции. Сите кандидати мора да се заљубени во лидерот. Мора да се фасцинирани од лидерот. Мора да им течат лиги кога тој говори будалаштини. Мора да се влажнат кога тој милно ќе ги погледне. Памет не треба да имате. Чак е непожелна. Што од гореприложеното се гледа.

Е, Зоране, Зоране! Како си тргнал да спроведуваш, ќе докажеш дека Македонија е фалсификат држава со фалсификат народ, чија историја почнува од денот кога Бранко решил да создаде држава, а не е далеку од умот (твојот, се разбира) да ти текне да му предложиш на Нимиц име за севкупна употреба - Бранкостан. Која држава, бе, ја направил Бранко? Ја доби Македонија на тацна со последователни фалсификат избори, со помош на корумпирани изборни комисии и друга логистика, небаре наследство од татко му е парцелата! Ја зграпчи државата како своја судбина, ја разгради на атоми и ја истргува без тендер. Прво тој, а потоа и неговиот помал брат-копиле, Љупчо.

Е, да, овој вмровецов подигна споменици, тек-тук некој километар селски патишта, некој објект, некој медицински апарат, неколку градски булевари, една жичарница, ама колку да е, за на локалниве избори може да организира барем стотина автобуси со новинари, кои ќе го овековечат него покрај она што го подигнал. Ако реши така да се препорача пред гласачите. А што ќе правите вие, душо, по Козјак? Која ви е следната дестинација? Што ќе ни покажете како свое дело? Оти, нели, сте ни направиле цееела една држава. Ем со стотина нишани! Ајде остави нѐ нас, што сме настанале од Бранковото ребро, ама ТАТ ли ќе биде, Стаклара, Кожара, ФАС 11 Октомври, ОХИС, ЕМО, ЧИК, АСТИБО, театри, галерии, илјадници преведени книги, судови за пример, бирократија за восхит, наука, болници, училишта, села... нема да нема! Со Самарас ли ќе се фалите? Па, сиромашкиот три дена по составувањето влада, со лекарско уверение кидна од соочувањето со грчките старатели во Брисел, а вие уште си мислите дека неговата фаца има тежина и затоа нему му давате да ви пишува работен распоред. Или со Борис Тадиќ и Ѓилас, кој ви ги прави сценаријата за антибирократски и јогурт-револуции? Ќе нѐ носите во ММФ или Светска банка можеби? Во ООН? Во Брисел во ЕУ? Па, бре, што би рекол Хенри Кисинџер, дали знаете дека Европа веќе нема ни формална адреса - толку е раскурцана! Дали вие воопшто умеете да ја гледате реалноста без Бранко? Или можеби Бранко е вашата реалност? Во таков случај, никој не може да ви помогне. Дури ни оној медиумски работник што си мисли дека „брљата“ како „опиум за народот“ е „единствен избор“ на гласачите на Македонија, кои се осиромашени од оваа „ненародна власт“, па не можат да пијат висококвалитетно виски, дестилирано во подрумите на Арачиново.

Јас не знам што пие дечково, ама гледам дека ефектот што го има врз него тоа што го „попил“ е како да е на „брља“ подолго време: го гледа она што го нема, зборува сам со себе на гробишта и сонува просо.
За крај, и пошто никого во Македонија изгледа не го интересира, да кажам дека наспроти силната препорака (политичка директива) на Европскиот совет (влада) пратениците во Европскиот парламент да гласаат за законот АКТА, тие тукушто гласаа против, 478 наспроти 39 гласа е соодносот. Политбирото на ЕУ, евроболшевиците се поразени до колена! Тоа само кажува дека мнозинството Европејци, во кои спаѓаат и Македонците, не консумираат повеќе политичка „брља“. А ова е само почеток!
[TABLE="width: 500"]
[TR="bgcolor: transparent"]
[TD="bgcolor: transparent"]Автор: Мирка Велиновска за Нова Македонија
[/TD]
[/TR]
[/TABLE]
 
:facepalm:

MAKRADULI: Die Tür bei der SDSM steht für jeden offen der die Regierung von der Macht stürzen will.



[h=3]Макрадули: Во СДСМ отворена врата и за Ламбе, Војо и Даравелски[/h]Во опозицискиот фронт на СДСМ вратите се отворени и за поранешните сопартијци на Георгиевски - Ламбе, Војо, Даравелски.
getImageThumbnail.axd

СДСМ ќе подаде рака на сите кои се насочени кон симнување на власта, изјави пратеникот Макрадули, кој сепак не коментираше дали Војо Михајловски и Ламбе Арнаудов биле законски осудени.

„Во овој момент СДСМ предводи еден широк опозициски фронт за смена на една ненародна, тоталитарна и недемократска власт. Сите граѓани, без оглед на тоа на која партија членуваат, и оние што членуваат во ВМРО – ДПМНЕ што ги посочивте или пак биле членови ан ВМРО – ДПМНЕ ако се спремни нека дојдат, нашата рака е подадена за да се спротивставиме на оваа власт, без уцени и без никакви притисоци во тие договарања“, рече Јани Макрадули од СДСМ. /www.kanal5.com.mk
 
Љубчо остана сам и во неговото Делчево


Недела, 15 Јули 2012 14:44ели
153

Споделете ја веста со Вашите пријатели

И она што му остана како мал дел од приврзаници на Георгиевски, деновиве и тие го напуштија.

ljub-del.jpg
Како што дознава „Курир“ од блиски извори од општинскиот комитет во Делчево, Љубчо Георгиевски остана тотално сам и тоа во градот и општинскиот комитет кој што 20 години во неговата политичка кариера претставуваше негово најголемо упориште.
-Одлуката за напуштање на ВМРО народна партија претставува одлука за напуштање на погубната политика на Љубчо Георгиевски. Несложувањето со политиката на Георгиевски започна со претварањето на општинскиот комитет во приватна испостава на Георгиевски и неговите бизнис интереси, единствено како некоја незначителна поткрепа која што ја има Георгиевски во Делчево се неговите лични и бизнис пријатели кој што ги врзува само профитот, а не интересот за напредок на Делчево и државата , вели изворот кој сакаше да остане анонимен.

Главна причини за напуштањето на Георгиевски неговите сега поранешни приврзаници ја гледаат во тоа што тој без никаква консултација на членството на ВМРО народна партија одлучил да отиде во сојуз со Бранко Црвенковски, со што тие сметаат дека извршил предавство на ВМРО народна партија, предавство на луѓето кои, како што самите велат, за жал дури сега согледале колку слепо и еуфорично му верувaле 20 години.

-Ние неможеме да поддржиме коалиција со Бранко Црвенковски, со човекот кој е виновен за сите лоши работи и погрешни политики кои и' се случија на оваа држава. Затоа го напуштаме Љубчо Георгиевски и со оваа одлука дефинитивно Љубчо остана сам, му остана само да се теши со Бранко Црвенковски, велат незадоволните приврзаници.

Во кулоарите веќе се шпекулираше дека огромно незадоволство се јави кај одредени членови на ВМРО-НП што нивниот новоназначен претседател ќе коалицира со нивниот идеолошки непријател.

Поранешниот претседател на ВМРО-НП, Марјан Додовски токму поради оваа како што тој ја нарече непренципиелна коалиција, ја напушти ВМРО-НП и премина во ВМРО-ДПМНЕ, уште пред Бранко и Љубчо да си подадат рака.
Тој тогаш истакна дека длабоко верува дека она што е ВМРО вистинските членови ќе го препознаат, ќе се уверат во вистината и дека многу лесно ќе знаат дека патриотизмот и вистинската демохристијанска идеологија е во ВМРО-ДПМНЕ.
 
Zuletzt bearbeitet:
ВИДЕО: Скандалозни изјави на Љубчо Георгиевски


Недела, 15 Јули 2012 14:10


Сподели
1071

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Љубчо Георгиeвски продолжува со скандалозни изјави. Во синоќешното гостување во Дневникот 3 на Хрватската национална телевизија (ХРТ), поранешниот македонски премиер говори за својата автобиографија „Тоа сум јас“ , а воедно објаснуваше како своевремено со српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ разговарал за размена на територии помеѓу Македонија, Албанија и Косово.

ljubco-500.jpg

Во однос на разговорите со Ѓинѓиќ за размена на територии, Георгиевски вели дека таа тема била двапати отворена, но проектот не можел да биде реализиран поради загинувањето на Ѓинѓиќ. Георгиевски открива дека при евентуалната размена на територии Македонија би се откажала од Тетово, Гостивар и Дебар, а би добила делови околу Преспанското езеро.
На прашањето на хрватскиот новинар како ја коментира изјавата дека Македонците ќе го „проколнат мајчиното млеко затоа што се откажале од св. Климент и св. Наум“ и дека се најголеми фалсификатори на балканската историја, Георгиевски ги потврдува своите зборови напишани во автобиографијата и додава дека македонската нација е една од најновите, која настанала кон крајот на 19-тиот век.
Повеќе погледнете во видеото.


Auf serbisch :facepalm:
Um diese Inhalte anzuzeigen, benötigen wir die Zustimmung zum Setzen von Drittanbieter-Cookies.
Für weitere Informationen siehe die Seite Verwendung von Cookies.
 
:facepalm:




[h=1]Тачи бараше промена на знамето и химната како предуслов за коалиција[/h]
Вторник, 17 Јули 2012 12:55


Сподели
Споделете ја веста со Вашите пријатели

[h=2]Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пред неколку недели јасно ги кажа условите за предизборно коалицирање, во емисијата X/0 на Канал 5 телевизија.[/h]
uslovite.jpg-500.jpg

-Услов за соработка со македонска партија е прифаќањето на новиот политички договор на ДПА, кој подразбира проширување на позицијата и на правата на Албанците во Македонија, рече Тачи.
Во емисијата Тачи посочи дека нема да коалицира со Црвенковски во неговата идеја за опозициски фронт, но вчерашната потврда од ДПА дека е договорена соработка помеѓу Тачи и Црвенковски остави отворени многу прашања.
Новиот договор за кој се залага Тачи, предвидува да се воведе консензуално одлучување за сите прашања меѓу Македонците и Албанците. Тој јавно побара и правична распределба на буџетот. Бараше да се градат споменици и на албански херои, дводомен парламент и слично.
Тачи бараше ревизија на територијалната поделба, вистинска децентрализација, нови државни симболи- грб, химна и знаме со кои ќе се идентификуваат Албанците.
Вчера си пружија рака со Црвенковски. Дали лидерот на СДСМ во идејата со сите опозициски партии да ја руши власта му ги вети на Тачи овие услови? Дали е Црвенковски подготвен да попушти пред ваквите предуслови за соработка?
Ставот на Тачи во споменатото интервју беше дека секоја партија на Македонците и Албанците, која ќе се дрзне да направи предизборна коалиција, неславно ќе заврши.
Иако не најавија дека на изборите заедно ќе настапат, не ја отфрлија ваквата можност.
На што се’ е подготвен Црвенковски во идејата за рушење на власта? Дали ќе се смени знамето, химната, дали ќе отстапиме од териториите, само за нивниот интерес?
Чувствителните прашања за Македонците, пронајдени во предусловите за соработка со Тачи, за Црвенковски очигледно беа само отстапки што треба да ги направи за да стигне до неговата цел.
 
[h=2]Тачи, Џафери и Љупчо преку СДСМ ќе ја делат Македонија?![/h]
17.07.2012 - 16:40 |

Продолжување на реформите или поделба на Македонија. Експрти за Сител коментираат дека престојните локални извбори ќе бидат еден вид на референдум, на кој грѓаните ќе треба да се изјаснат, дали се за продолжување на реформиските процеси, започнати од Владата на Груевски или пак за дестабилизација, етнички тензии и поделба на Македонија, заговарани од коалицијата на Црвенковски со Георгиевски и ДПА на Тачи и Џафери.

sarma_106230.png
Аргумент за ваквите тврдења, експертската јавност наоѓа во изјавите на Георигевски кој во повеќе наврати кажува дека планирал поделби на Македонија и отстапување на териториите во Тетово, Гостивар Струга и Дебар. Овој став на Георгиевски со раширени раце го примија во албанската ДПА.
Сепак анкетите на сите релевенатни агенции покажуват дека Љубчо Георигеивски веќе подолг период е маргиналец на политчката сцена и дека неговите идеи, немаат поддршка кај граѓаните.
Ништо подобро не котира ниту ДПА меѓу Албанците, која и по речи си 10 години во опозиција има повеќе од двојно помала поддршка од владејчаката ДУИ.
Свесни за ваквата ситуација и водени од желбата да ги реализраат своите идеи за поделба и со тоа да си обезбедат функционериски фотељи, Тачи и Георгиевски гледаат џокер во СДСМ на Црвенковски, единствена партија која може да им овозможи, своите платформи да ги стават на маса и понатаму да ги развиваат, сметаат експертите.
Од дрга страна, тие коментираат дека Црвенковски во последниве години се соочува со низа изборни порази и политичка безидејност и се поизвесната нова катастрофа на локалните избори за него ќе значи и конечен и болен крај на политичката кариера.
Во една таква ситуација, експертската јавност смета дека лидерот на СДСМ е подготвен да прифати се што ќе му се понуди, вклучувајќи го и пакетот за поделба на Македонија и прифаќањето на оваа чудна и непринципиелна коалиција.
Доколку граѓаните не ја препознаат оваа платформа и доколку коалицијата обезбеди поволни резултати на локалните избори, според аналитичарите сосема е јасно дека политката на поделба на Македонија ќе стане централна политчка тема по изборите.
Затоа, тие сметаат дека токму на локалните избори, сосема јасно и без сомневање, граѓаните ќе треба да одлучуваат, дали ќе и дадат поддршка на коалицијата Црвенковски,
Георгиевски, Тачи за поделба на Македонија или пак ќе гласаат за продолжување на реформиските процеси и зачуваување на теротироијалниот интегритет и идентиетот на Македонија



Clip> Тачи, Џафери и Љупчо преку СДСМ ќе ја делат Македонија?! | Sitel
 
:lol:


Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Könntest du beide Texte wo es um Thaci geht kurz zusammenfassen?

Im ersten Text geht es darum, dass Thaci versucht hatte die Flagge und Hymne Mazedoniens als Voraussetzung für eine Koalition zu ändern. Und jetzt fragt man sich im Artikel wie weit Branko Crvenkovski gehen will, und ob er bereit sei für eine solche zusammenarbeit.

Im zweiten Artikel fragt man sich, ob Thaci, Xhaferi und Ljupco Mazedonien über die SDSM teilen wollen. Entweder sollen die Reformen fortgesetzt werden oder Mazedonien solle geteilt werden.

:lol:


Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.

:haha:
 
Zurück
Oben