Das SMK stellt Strafanzeige gegen Georgievski
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
СМК ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ГЕОРГИЕВСКИ!
20 јули 2012 година, Македонија - Светскиот Македонски Конгрес денес поднесе кривична пријава против Љубчо Георгиевски, поранешен претседател на Владата на Република Македонија, за кривично дело загрозување на територијалната целина на државата од членот 307 на Кривичниот законик на Република Македонија, затоа што во периодот на 2001 година, како претседател на Владата на Република Македонија со мандат од 1998 до 2002 година, преземал дејствија за отцепување на територијата на Република Македонија и дел од таа територија да ја припои кон Република Албанија, на начин што откако стапил во разговори со тогашниот премиер на Република Србија Зоран Ѓинѓиќ, договорил дел од таа територија на општините Гостивар, Тетово и Дебар да се отцепи од Република Македонија и да се припои кон Република Албанија, а територијата на Мала Преспа, односно делови околу Преспанското Езеро, да се отцепи од територијата на Република Албанија и да се припои кон територијата на Република Македонија, со формализација и на етничка поделба на Косово од Србија.
Овие дејствија Љубчо Георгиевски ги преземал спротивно на уставната обврска како претседател на Владата на Република Македонија да го штити уставниот поредок и територијата на Република Македонија, иако на 30 ноември 1998 година пред Собранието на Република Македонија дал свечена изјава дека тоа ќе го чини.
Овие дејствија самиот признава дека ги преземал во автобиографската книга “Тоа сум јас“ во издание на издавачката куќа “Лекс Легис“, како и во интервјуто на 14 јули 2012 година за ТВ-Дневник-3 на Хрватската национална телевизија (ХРТ) околу неговата неодамна објавена автобиографија “Тоа сум јас“, со што сторил кривично дело загрозување на територијалната целина на државата од членот 307 на Кривичниот законик на Република Македонија.
Светскиот Македонски Конгрес му предложи на јавниот обвинител на Република Македонија да покрене кривична постапка против Љубчо Георгиевски.
Подолго време, поранешниот претседател на Владата на Република Македонија, Љубчо Георгиевски, дава изјави кои недвосмислено упатуваат на елементи на основано сомневање за извршени дела против суверенитетот и територијалниот интегритет на државата во време на мандат на претседател на Владата на Република Македонија, во 2001 година, кога бил под свечена изјава дадена пред Собранието со којашто се обврзал на почитување на Уставот и законите и на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата Македонија.
Во согласност со неговите изјави, евидентен е обид за измена на границите на Република Македонија, со што беше загрозена нејзината целокупност и унитарност. Загрозена беше независноста на Република Македонија, доведена во положба на потчинетост или зависност кон станска држава - Србија и Албанија, заради рекомпонирање на државната територија на Македонјија. Таа негова посветеност на заговор со премиер на странска држава, против суверенитетот и територијалниот интегритет на државата и уставното уредување на Македонија, надвор од со Устав и закон утврдените надлежности, предизвика национална расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост во општеството, што ефектуира војна во 2001 година и предизвика огромни штетни последици по животите и имотите на граѓаните, што нааведува на најтешко кривично дело - велепредавство.
Истовремено, постојат елементи на сомневање за неосновано збогатување поради вршење на кривичните дела наведени во пријавата, поради што СМК побара јавното обвинителство да преземе мерки за утврдување на потеклото на имотот со кој располага Љубчо Георгиевски, што во значителна вредност ги надминува неговите законски приходи. Ова и заради неговото барање за промена на државното име Македонија, по барање на Грција, кое веруваме метеријално е поткрепено.
Очекуваме јавниот обвинител против Љубчо Георгиевски да предложи најстрога казна доживотен затвор, конфискација на имотот што во значителна вредност ги надминува неговите законски приходи за кои нема декларација на потекло и судска забрана за вршење на должности во државната власт поради делата кои во времето додека бил носител на јавна функција ги сторил против државата Македонија!