Zoran
Μακεδоν τ
Antike Münzen bei Delcevo gefunden! Auch etwas aus osmanischer Zeit mit arabischer Schrift, aber keine Ahnung was das ist "medzidii"
Монети од антички период ископани во делчевско
Монети од античкиот период и отомански меџидии со арапско писмо се пронајдени во делчевско. Земјоделецот Љупчо ги ископал од нивата, кога ја орал оваа есен и не се двоумел да ги донесе во Центарот за култура во Делчево, кој со поддршка на Министерството ја спроведуваат акцијата за собирање на старини, археолошки и етнолошки.
Заедно со монетите, донел и кантар,стар неколку векови од времето кога мерна единица било ока, а не килограм и еден питос кој го ископал исто така од нивата.
Точниот период на потеклото на монетите и нивната вредност, допрва ќе ја утврдуваат надлежните експерти.
Сепак, делчевската музејска збирка изложена во 2001-вата страда од неадекватните услови на чување.
-Почнаа да корозираат предмети и мора да се реши проблемот со климатизирање на просториите, вели Славчо Десподов, кустос во НУ Центар за култура Делчево.
Откако пред две години Општина Делчево се откажа од локалниот музеј и грижата за 150-те артефакти и етнолошки поставки, со статус на музејска збирка ја препушти на државата, преку Центарот за култура, ова е прв обид да се собере на едно место пијанечкото културно и историско наследство, да се поттикнат археолошки истражувања на теренот кој крие над 30-тина регистрирани археолошки локалитети и сето тоа да се стави на увид на јавноста.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=83100