Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Makedonien, die Perle des Balkans!

8434023157.jpg
 
ФЕЉТОН ОД "МИТОЛОГИЈАТА И ПОСТАНОКОТ НА ДРЕВНИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД" (1)

Де�етици факти дека древните Македонци не биле Хелени

Десетици факти дека древните Македонци не биле Хелени


Во обраќањето кон Александар, меѓу другото, тој вели: "Кога ќе се вратиш дали и Хелените ќе ги присилуваш на божествено почитување или ќе ги поштедуваш, а на Македонците ќе им ја наметнеш таа срамота. Или при изразувањето на почест ќе одредиш разлика за сите - така што Хелените и Македонците ќе ти искажуваат почест на човечки и хеленски начин, а само варварите на варварски начин". И на други места во Анабазата на Аријан името на Македонците посебно се нагласува. Македонците биле прикажувани одвоено од Хелените и кај Плутарх, кој исто така користел постари автори, современици на Александар Македонски.


Во делата на оние антички автори кои живееле и пишувале во времето на Филип II и Александар III Македонски, исто така, Македонците се одвојувале од Хелените.
Кај Теопомп Хиоски, на пример, во неговата "Philippika" се наведува дека хетајрите од Македонија биле варвари, а оние од Хелада - Хелени.

Од "Александровата анабаза" на Фл. Аријан, кој користел постари автори меѓу кои ги спомнува Птоломеј Лагов и Аристобул Аристобулов, современици на Александар Македонски, дознаваме дека и постарите автори ги издвојувале Македонците од Хелените. Токму Птоломеј, за Аријан бил изворот за битката на реката Ис каде Хелените, како Дариеви платеници, навалиле на Македонците, таму каде нивната фаланга била најмногу развлечена. Тука настанала жестока битка, бидејќи платениците настојувале Македонците да ги потиснат во реката и да ја спасат победата на Персијците кои бегале, а Македонците не сакале да заостанат пред видливите Александрови успеси, ниту да ја затемнат славата на фалангата... Притоа "и едните и другите ги опфати некое народно честољубие меѓу Хелени и Македонци".
На друго место кај Аријан стои дека "Тој (Дареј) кога стапил на кралскиот престол морал да војува и со Македонците и со Хелените".

ДРУГИ МАКЕДОНЦИ И ДРУГИ ХЕЛЕНИ
Во епизодата за бунтот на македонската војска пред реката Хифас во Индија, како што запишал Аријан, Којнос ќе се обрати кон Александар Македонски со следните зборови: "Сам, имено, знаеш колку наши Македонци и Хелени со тебе тргнаа, а колку останаа живи...". Потоа не исклучувајќи ги новите подвизи по враќањето дома, Којнос рекол: "Тебе ќе те следат други Македонци и други Хелени, млади наместо стари".

Кај Аријан, Македонците се издвојувале од Хелените и при кавгата меѓу Антипатер и Олимпијада: "Имено, тој сака првенство меѓу Македонци и Хелени". Потоа во истата книга, глава 15,4: ..."Тогаш Хелените и Македонците за првпат ги запознале имињата и носиите на тие народи".
Истото се потврдува и во книга IV, каде настанала поделба "за" и "против" желбата на Александар за проскинеза. Според зборовите на Анаксарх, Македонците (не Хелените) можеле да оддаваат божествени почести на Александар, затоа што ниту Дионис ниту Херакле се македонски богови. Првиот бил тебански, а вториот аргивски, т.е. и двата се хеленски богови.
Анаксарх вели: "Александар има повеќе право да биде почитуван како бог, отколку Дионис и Херакле, поради тоа што Дионис беше Тебанец, кој на Македонците ништо не им значи, а Херакле Аргеец, кој дотолку им значи што Александар - како Хераклид - припаѓа на неговиот род. Македонците, наспроти (Хелените), имаат поголеми права на својот крал да му оддаваат божествени почести. Против проскинезата се изјаснил олинтискиот филозоф Калистен.

СЛОЖНО ДА УДРАТ НА МАКЕДОНЦИТЕ
Во обраќањето кон Александар, меѓу другото, тој вели: "Кога ќе се вратиш дали и Хелените ќе ги присилуваш на божествено почитување или ќе ги поштедуваш, а на Македонците ќе им ја наметнеш таа срамота. Или при изразувањето на почест ќе одредиш разлика за сите - така што Хелените и Македонците ќе ти искажуваат почест на човечки и хеленски начин, а само варварите на варварски начин".

И на други места во Анабазата на Аријан името на Македонците посебно се нагласува.
Македонците биле прикажувани одвоено од Хелените и кај Плутарх, кој исто така користел постари автори, современици на Александар Македонски. Во животописот "Демостен", Плутарх вели: "Придружувајќи им се на пратениците од Атина, Демостен помагал на сите градови сложно да удрат на Македонците и заеднички да ги исфрлат од Хелада. Филарх, навел дека во Аркадиј дури и во народното Собрание дошло до заемно навредување меѓу Питеј и Демостен кога едниот ги застапувал Македонците, а другиот Хелените".


ПОБЕДАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ НАД ХЕЛЕНИТЕ
Во животописот на Александар од Плутарх, според овој автор Александар им се обратил на Ксенодох Кардиецот и Артемиј Колофоњанинот со зборовите: "Зарем не ви се чини дека Хелените меѓу Македонците се шетаат како полубогови меѓу ѕверови?"

Кај Диодор Сицилиски, во неговото дело "Историска библиотека", книга XVIII, меѓу другото, се наведува дека "коњаницата ја сочинувале илјада и осумстотини Македонци и шестотини од Хелада". Од книга XVIII, дознаваме за победата што Македонците ја извојувале над Хелените предводени од војсководецот Питон. По победата, откако им било наредено да го положат оружјето Хелените се измешале со Македонците... Понатаму се кажува дека "Македонците го прекршиле договорот со Хелените, ненадејно ги нападнале и ги погубиле".

Нехеленскиот карактер на Македонците многу јасно се нагласува и во книгата XVII, 100, 101 каде се раскажува за двобојот меѓу Македонецот Кораг и Атињанинот Диоксип. На договорениот ден повеќе од десетина илјади луѓе се собрале да ја следат борбата... Македонците, а со нив и кралот Александар навивале за Кораг, а Хелените за Диоксип... По поразот на Кораг "кралот го распуштил собирот и се повлекол незадоволен од македончевиот пораз, а Диоскип по победата се здобил со слава за сите Хелени".

Македонците се одделуваат од Хелените и на други места кај Диодор.
Кај Полибиј, кој го пренесува владеењето на последните македонски кралеви стои дека за Хелените македонското владеење било ропство. Во својата "Истории", книга IV, Полибиј го пренесува говорот на етолскиот пратеник против Филип В, одржан пред Спартанците: "Уверен сум Лакедајмонци дека никој не се осмелува да одрече дека власта од Македонците не значи ропство за Хелените". Инаку, и самиот Полибиј, Македонците не ги смета за Хелени. Тој јасно ги одделува едните од другите на повеќе места. Во книга XVIII, споредувајќи го римското и македонското вооружување, тој истакнува дека македонскиот боев ред во поранешните времиња на дело се докажал понадмоќен од другите формации во Азија и Хелада".

Во книга I, се наведува дека "сакал на сите да им ја објасни ситуацијата на Македонците и Хелените" во времето пред војната со Римјаните, односно "каква била тогашната ситуација во Хелада, во Македонија, а исто така и во Картагина...".

Полибиј ги одвојувал настаните во Македонија од оние во Хелада и Сирија. Истото го прави и на други места, на пример, во книга XXXCIII, итн.

Претходните податоци од античките автори покажуваат дека Македонците од стапувањето на историската сцена биле сметани за посебен народ, одделен од Хелените. Од претходните автори, исто така дознаваме дека по битката на Херонеја (338 г. пред н.е.) каде Хелените биле поразени од Македонците, предводени од Филип II, им била наметната македонската власт, која ја чувствувале како ропство, се до појавата на Римјаните, кога дошло само до смена на господарите. Тоа го потврдува и самиот Полибиј, кој во својата "Истории" запишал: Римјаните од Филип В ги презеле "оковите на Хелада, а со тоа дошло само до смена на господарите, а не и до ослободување на Хелените".


Земјата Македонија е наречена по Македон​


Некои сметаат дека Македонија е наречена според Македон, синот на Еол, како што вели Хеланик во првата книга "Светковини во Аргос". Од Македон, по кого сега се нарекуваат Македонци, кои тогаш живееле сами меѓу Мизите. Исто така и Евстатиј во схолиите за делото на Дионисиј Периегет забележал дека Македон бил син на Еол. Според овие двајца автори (Хеланик и Евстатиј), Македон се прикажува како син на Еол со јасна цел: затоа што македонските владетели не биле Хелени, како што тоа го истакнува и проф. В. Бешевлиев, се барала врската со Хелен (Еол бил син на Хелен) за да може потоа оттаму да се извлекува грчко потекло на македонските владетели. Според тоа, тие владетели можеле да бидат Еолиди само доколку влечеле корен од Еол

1EDC27456009174D931A2025612FD788.jpg


Во античките извори постојат повеќе сведоштва што го потврдуваат постоењето на богот Македон. Најстар зачуван запис каде што е забележано името на богот Македон се среќава во еден фрагмент од изгубеното генеалогичко дело на Хесиод "Каталог на смртните жени". Велиме забележано, затоа што тој бог постоел многу порано пред Хесиод, а тој само го запишал неговото постоење. Според тој фрагмент, Македон, теонимот на Македонците, бил син на Зевс и Тија. За овој податок дознаваме од византискиот автор Константин ВИИ Порфирогенит (905 - 959). Во неговото дело "За Темите" стои вака: 2. Втора тема Македонија. - Земјата Македонија е наречена по Македон, синот на Зевс и Тија, ќерка на Девкалион, како што вели поетот Хесиод. Покрај ова, во истото дело се наведува:
"Таа откако затрудни му роди на Зевс громољубецот два сина, Магнет и борбениот коњаник Македон, кои се вдомиле во Пиерија и Олимп".



Според еден друг фрагмент од Хесиод, наспроти Тија, мајката на Македон, која била ќерка на Девкалион, се наведува дека и Хелен, родоначалникот на Хелените, бил син на Девкалион. Понатаму стои дека Хелен имал три сина: Дор, Ксут и Еол, предци на Дорците, Еолците и Јонците. Според тоа, ако Македон бил син на Тија (која била сестра на Хелен) тогаш не можел да биде потомок на Хелен, ниту на некој од неговите синови, на Еол или на Дор. Оттаму произлегува дека Македонците не биле ниту Хелени, ниту Дорци, ниту Еолци, туку биле посебен народ различен од Хелените.

Подоцна уште еден автор го забележал името на Македон како внук на Девкалион. Тоа бил Гај Јулиј Солин од ИИИ век, кој во својата "Збирка на знаменитости" наведува дека Македон бил внук на Девкалион и дека го променил името на Ематија, нарекувајќи ја според своето име Македонија.

..."Ематиј, кој прв ја променил врховната власт во Македонија, се смета за автохтон или затоа што трагите на неговото потекло со тек на времето биле потполно избришани или едноставно затоа што така стојат работите. Според него, добиеното име кај Македонците, Ематија, се затврднало. Но Македон внук на Девкалион од мајчина страна, кој едноставно заедно со својата жена ја избегнал општата пропаст, го променил тој назив и ја нарекол земјата според своето име Македонија. Македон бил наследен од Каран"...

Ако според ова родословие за Македон (забележено од Хесиод, а повторено од Солин) се запрашаме во кое митолошко време се појавиле Македонците како народ, тогаш произлегува дека тоа е времето по Потопот што го преживеале Девкалион и Пира, чија ќерка била Тија, мајката на Македон. Овој период за постанокот на народите, па и на древниот македонски народ, се совпаѓа со времето за настанувањето на народите што Шелинг во "Филозофијата на митологијата" го определува по Потопот. Според Стариот завет тој преод од монотеизам кон политеизам се доживува како општа пропаст во вид на Потоп.

ГРЧКО ТОЛКУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ БОЖЕСТВА
Наспроти Хесиод и другите автори, според кои Македон бил син на Зевс и Тија, односно внук на Девкалион, кај древномакедонскиот историчар Марсија од Пела (околу 307 год. пред н.е.) се наведува дека таткото на Македон бил Дион, а мајка му се викала Ајтрија, односно Ајтија. Марсија од Пела напишал посебна Историја за Македонија (Македоника) во десет книги, од кои првите четири се однесувале на македонската митологија. Првата книга на ова дело, кое, за жал, не е зачувано, претставува основа за три схолии во кои стои дека Македон е син на: 1) Дион и Ајтија, 2) на Диос и на Ајтија и 3) на Диос и на Ајтрија. Од овие три схолии се гледа како имињата на македонските божества Дион и Ајтрија се промениле во божества со грчки имиња (Диос, односно Зевс и Тија), па според тоа преданието за Зевс и Тија не може да претставува ништо друго освен едно грчко толкување на македонските божества. Имено, во грчката митологија Дион и Ајтрија не се посведочени. Зборот "ајтрија" на грчки значи воздух, ведро време. Меѓутоа, зачувана е и една македонска глоса (абраиа) = грчки аиориа (ајтрија) со значење светло, јасно небо што покажува дека станува збор за грчки превод на името на македонската божица на светлината Ајтрија.

Од Марсија од Пела исто така постои податок дека Орестија, според Македон била наречена Макета. Овој податок го наведува Константин ВИИ Порфирогенит, во делото "За Темите":
"Дел од Македонија се нарекува Макета, како што вели Марсија во првата книга Македоникон: а и Орестија по Македон ја нарекуваат Макета".

Едно друго родословие за Македон кое од корен се разликува од Хесиодовото, доаѓа до нас од Хеланик В в. пред. н.е. од Лезбос.

Според ова родословие Македон бил син на Еол. Тој фрагмент, зачуван од првата книга "Светковини во Аргос" од Хеланик, доаѓа до нас преку делото "За Темите" од Константин ВИИ Порфирогенит:

"Другите, пак, сметаат дека Македонија е наречена според Македон, синот на Еол, како што вели Хеланик во првата книга "Светковини во Аргос". Од Македон (синот) на Еол, по кого сега се нарекуваат Македонци, кои тогаш живееле сами меѓу Мизите.".
Исто така и Евстатиј во схолиите за делото на Дионисиј Периегет забележал дека Македон бил син на Еол.
Според овие двајца автори (Хеланик и Евстатиј), Македон се прикажува како син на Еол со јасна цел: затоа што македонските владетели не биле Хелени, како што тоа го истакнува и проф. В. Бешевлиев, се барала врската со Хелен (Еол бил син на Хелен) за да може потоа оттаму да се извлекува грчко потекло на македонските владетели. Според тоа, тие владетели можеле да бидат Еолиди само доколку влечеле корен од Еол. Примерот на македонскиот крал Александар И Филхелен, кој за да учествува на

Олимписките игри докажувал дека наводно водел потекло од Аргос од Пелопонез, бил добар повод за лажно прикажување на македонските владетели дека биле Еолиди, односно Хелени. "Хеланик бил тој кој го направил Македон син на Еол", вели проф. В. Бешевлиев, а потоа додава:

МАКЕДОН ВО КРЗНО ОД ВОЛК
Македон се спомнува и кај Псевдо Скимнос. Тој забележал дека Македон бил староседелец кој кралувал над македонската земја.

"Над Темпе се наоѓа македонската земја, распространета покрај Олимп, над која, како што раскажуваат, кралувал земнородниот Македон".

Страбон во својата "Географија", исто така забележал дека Македон по потекло бил староседелец, односно еден од старите владетели. Кај Страбон стои: "Сегашна Македонија едно време се нарекувала Ематија. Името го добила од Македон, еден од своите стари владетели. Исто така, постоел и град Ематија на море."

Македон го спомнува и Диодор од Сицилија. Тој во своето дело "Историска библиотека" забележал едно сосема поинакво родословие, според кое Македон бил син на Озирис и брат на Анубис.

"Тие (египетските свештеници) раскажуваат дека заедно со Озирис тргнале и неговите двајца синови Анубис и Македон, кои се одликувале со храброст. Двајцата биле облечени во најдобра воена облека од крзна на животни што сосема одговарала на нивната храброст и смелост. Анубис носел крзно од куче, а Македон преден дел од крзно на волк, па затоа Египќаните ги обожаваат овие животни.

"Но тој (Озирис) ги посетил и другите народи на Азија, па потоа преку Хелеспонт навлегол во Европа. Притоа во Тракија тој го убил кралот на варварите Ликург, кој им се спротивставувал на неговите одредби... Својот син Македон тој го поставил да владее како крал со земјата која според него го добила името Македонија".



Оти бил Македонец, на Александар Први не му дозволувале да се трка

Херодот во книга В, зборува за обидот на Александар I да учествува на Олимписките игри: "Имено, кога Александар сакал да се натпреварува и кога слегол таму, оние Хелени кои требало да се натпреваруваат во трчање не му допуштиле да земе учество, велејќи дека натпреварот не е за натпреварувачи варвари, туку за Хелени". Ова покажува дека на Александар I не му дозволувале да учествува во трката, бидејќи како претставник на Македонците бил сметан за варварин (во очите на Хелените, значи, Македонците биле варвари, т.е. не Хелени)

Во Историја на Херодот стои: "Пердика, прадедото на тој Александар во седмото колено, ја воспоставил власта над Македонија на следниот начин. Од Арг избегале кај Илирите тројца браќа, кои биле потомци на Темен, а тоа биле Гаван, Аероп и Пердика. Откај Илирите, преминувајќи ги планините стасале во Горна Македонија, во градот Лебаја. Таму се главиле кај месниот крал... Подоцна, откако биле избркани тие дошле во друг дел на Македонија и се населиле близу до таканаречените Градини на Мида, синот на Гордиј... напаѓајќи оттаму, тие ги покориле и другите делови на Македонија".

"Од тој Пердика", стои кај Херодот, "Александар води потекло вака:
Александар бил син на Аминта, а Аминта син на Алкет, на Алкет му бил татко Аероп, кој бил син на Филип, а на Филип му бил татко Аргај, а на Аргај татко - Пердика, тој што ја освоил кралската власт."

Така, Херодот во првиот дел на ова родословие ја воспоставил врската меѓу македонскиот кралски род и Теменидите, односно Хераклидите така како што некој му раскажал додека престојувал на македонскиот двор во времето на владеењето на Александар I Филхелен. На овој начин Херодот го дели потеклото на династијата, од потеклото на народот. Но и со ваквата поделба не се негира дека пред тројцата браќа (Гаван, Аероп и Пердика), како што наведува и самиот Херодот, веќе постоела Македонија, а тоа значи дека постоеле и древните Македонци како народ, пред да се појават оние кралеви со наводно хераклидско потекло.
Кога го спомнува Арг, Херодот го имал предвид пелопонескиот Арг, а потоа македонските кралеви ги претставил како потомци на Темен. И според други автори, Темен бил ставен во родословието за да се поврзат македонските кралеви со Хераклидите, од една, и со пелопонескиот Арг, од друга страна.

Подоцна ова предание на Херодот го презел и Тукидид, кај кого исто така стои дека предци на македонскиот кралски род биле Теменидите кои воделе потекло од Арг.
Од друга страна, самата приказна на Херодот за потеклото на македонските кралеви само потврдува дека древните Македонци биле народ различен од Хелените. Херодот во книга V, зборува за обидот на Александар I да учествува на Олимписките игри: "Имено, кога Александар сакал да се натпреварува и кога слегол таму, оние Хелени кои требало да се натпреваруваат во трчање не му допуштиле да земе учество, велејќи дека натпреварот не е за натпреварувачи варвари, туку за Хелени". Ова покажува дека на Александар I не му дозволувале да учествува во трката, бидејќи како претставник на Македонците бил сметан за варварин (во очите на Хелените, значи, Македонците биле варвари, т.е. не Хелени). Наедно, оваа случка и инцидент на Олимписките игри потврдува дека дотогаш Хелените сметале дека и македонските кралеви имаат варварско потекло. Тој тоа право го остварил дури откако докажувал за себе лично, а не и за народот, дека по потекло, наводно, бил Хелен.

Врз основа на вакви лични кажувања, Херодот се обидува да покаже дека македонската кралска династија, како потомци на Пердика, од минатото влечеле некакво хеленско потекло. Потребата пак на Александар I да истакнува дека има хеленско потекло само покажува дека Македонците во тоа време не биле сметани за Хелени.

МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ

Постојат повеќе историчари кои не го прифаќаат ваквото Херодотово тврдење и начин на толкување. Според нив, ако Александар I бил Хелен, тогаш немало потреба да докажува дека е Хелен. Човек кој по потекло е Хелен, не би требало да има таков епитет - "филхелен", каков што го имал Александар I, бидејќи во тој случај би бил љубител на самиот себе. И за Е. Н. Борза навистина е чудно еден Грк да нарекуваш дека е "љубител на Грците", и таа титула нормално е да биде резервирана само за не Грци. Тој го
поставува и прашањето: "Зошто ниту еден Спартанец, Атињанин или Аргивец не бил принуден да докажува на другите дека тој или неговото семејство се Хелени?"
Според други автори, името на Александар I го нема во списоците на победниците - Олимпиките, ниту, пак, постојат други сведоштва за учеството на Македонци на овие игри се до Филип II.
Наспроти Херодот, постојат податоци според кои во Македонија, во градот Дион кој бил религиски центар на древните Македонци, биле организирани македонски олимписки игри, не заради друго, туку и заради тоа што Македонците како различен народ од Хелените не учествувале на хеленските Олимписки игри во Елида, Пелопонез.
Проф. В. Бешевлиев, исто така, не го прифаќа хеленското потекло на Александар I. Според него, предците на македонските кралеви не дошле од пелопонескиот Аргос и таквата хеленизација "побргу треба да изумре, отколку да постои."
Тврдењето на Херодот го отфрлаат и други историчари, кои се занимавале со потеклото на македонските кралеви. П. Грин ќе напомене дека:
"Всушност, се она што Херодот го говори е дека Александар лично демонстрирал негово аргеадско потекло (во едно многу сомнително генеалошко тврдење), и така бил признат за Хелен наспроти лутите противници".
Всушност и самиот Херодот говори за Тесалците како први Хелени кои биле потчинети од Персијците, што покажува дека древните Македонците не ги сметал за Хелени.

И според Е. Н. Борза "Херодотовата приказна е исполнета со многу нејаснотии, за да има некаква смисла. Тој, исто така, е категоричен дека Теменидите треба да исчезнат од македонската историја.
По сето ова, сепак како единствен валиден историски факт останува дека македонското кралско семејство потекнувало од македонскиот Арг во Орестија.


МАКЕДОНСКИОТ КРАЛ КАРАН

На сличен начин, подоцна (кон крајот на V век пред н.е.) како предок на македонскиот кралски род се појавил некојси Каран, кој според Теопомп, исто така се поврзува со Темен, односно со Хераклидите и со градот Арг на Пелопонез.
Преданието за Каран не се среќава ни кај Херодот, ни кај Тукидид. За него дознаваме од други антички автори. Основањето на градот Ајга од Каран, преку кој се поврзува македонскиот кралски род со Хераклидите, го раскажал и Помпеј Трог, според Јустин:
"Каран заедно со голем број Грци, по заповед на Оракулот, трагајќи по место за населување во Македонија, дошол во Ематија и го зазел градот Едеса, без да го забележат жителите поради поројните дождови и големата магла. Тој минал зад стадо кози, кои заради дождот бегале во градот. Откако се сетил на Оракулот, кој му претскажал да се зацари таму кадешто ќе го одведат козите и да ја воспостави во тој град престолнината на своето царство... Во спомен на укажаната помош од козите, градот Едеса го нарекол Ајга (коза)".

Ќе го спомнеме и преданието за Каран, забележано од Павзаниј:
"Македонците раскажуваат дека македонскиот крал Каран во војна го победил Кисеј, кој владеел во соседната земја. Каран тогаш во чест на победата подигнал споменик (трофеј). Но еден лав, раскажуваат, дошол од Олимп и го превртел трофејот и потоа исчезнал. Каран, тврдат тие, тогаш сфатил дека не била добра одлуката да биде изложен на непомирлива омраза кај соседните барбари. Оттогаш се воспоставило правилото, ни Каран, ни македонските кралеви по него, да не подигаат трофеи, доколку сакаат некаде да ја постигнат наклонетоста на соседните народи".
 
Грците го „украдоха“ черепот на свети Климент од Охрид!
?????? ?? ?????????? ??????? ?? ????? ??????? ?? ?????! - ???? ??????????

Во писмото, пишувано во Охрид, на 25 февруари 1845 година, упатено до рускиот научник Виктор Иванович Григорович, кој во пролетта 1845 година патувал низ Македонија за да собира „материјали пишани со старото писмо на Македонците“, Димитрија Миладинов го моли рускиот научник да се застапи пред рускиот цар да ја присили Грција да ги врати назад во Охрид моштите на свети Климент, односно черепот однесен во манастирот „Свети Јоан Продром“ кај Бер

plaosnik---jovanovic-02.jpg



Сведоштво на Димитрија Миладинов
Дека Грците присвојувале сѐ што е поврзано со Македонија, без разлика дали станува збор за таканаречениот антички или словенски период, сведочи бескрупулозната акција во врска со моштите на свети Климент од Охрид. Според Димитрија Миладинов, тоа се случило четири века по неговата смрт, односно во времето кога Охридската архиепископија била под доминација на грчко-византиски владици, а со манастирите управувале луѓе лојални на патријархот. Подоцна, во 1845 година, Миладинов со жалење констатира дека во прочуениот град Охрид не останало „ништо од стародревности, само светите мошти на свети Климента, но и тие без светиот череп, кој е во Бер“ (денешна Верија, Грција). Како се случило тоа?

ГЛАГОЛИЦАТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ

Според проф. д-р Харалампије Поленаковиќ, токму Димитрија Миладинов доста рано покажува интерес за делото на свети Климент Охридски, а тоа, впрочем, воопшто не е чудно бидејќи споменот за свети Климент бил мошне жив и во родниот град на Миладиновци.
Дека е така потврдува и фактот што крајезерскиот дел на Струга го носел името Климентица. Од друга страна, учителствувајќи во Охрид, Димитрија Миладинов имал можност да ја почувствува почитта што охридското население ја покажувало кон заштитникот на градот, својот свети Климент. Или, како што вели самиот Миладинов, буквално на секој чекор се среќавал со таа почит во црквата „Свети Климент“, крај гробот на светителот, пред иконите и фреските, пред дрвениот кип, пред икончињата, во тврдите подврски на книгите - сето тоа било исполнето со уважување кон првиот словенски просветител. Следејќи ги писмените сведоштва на Димитрија Миладинов, проф. д-р Поленаковиќ констатира дека неговото интересирање за свети Климент директно се потврдува со писмото на Димитрија Миладинов, пишувано во Охрид, на 25 февруари 1845 година, а упатено до рускиот научник Виктор Иванович Григорович, кој во пролетта 1845 година патувал низ Македонија со цел да собира „материјали пишани со старото писмо на Климент, да го запознае јазикот на населението и да запишува народни умотворби“. Имено, заедно со Димитрија Миладинов го посетил манастирот „Свети Климент“, нашол едно Климентово житие, зел некои дреболии, а потоа го посетиле селото Издеглавје, во Долна Дебарца, верувајќи дека тука била некогашната Главеница, едно од местата каде што престојувал Климент и каде што, според пишувањето во житието што го нашол во Охрид, се наоѓале камени столбови со „натписи во кои се говорело за покрстувањето на Словените“. Меѓутоа, за жал, како што потврдува и Миладинов, при посетата не нашле такви столбови, па Димитрија во писмото му ветува на рускиот научник дека „напролет ќе појде да ги бара оние камени столбови од некогашната Главеница“.

„СВЈАТАТА КАРА ГРЦИ ЈА УКРАДОХА!“

Во продолжение на ова писмо, кое содржи и некои други многу важни работи за историјата на Македонија, Димитрија го моли рускиот научник да се застапи пред власта да се врати назад во Охрид дел од моштите на свети Климент, односно „свјатата кара“, черепот што го однеле специјално обучени калуѓери од манастирот „Свети Јован“ кај Бер. Кражбата е извршена за време на пренесувањето на моштите на свети Климент од црквата „Свети Пантелејмон“ во црквата „Света Богородица“, денешна „Свети Климент“. „Операцијата“ се случила во времето кога црквата „Свети Пантелејмон“ била претворена во џамија. Денес на тоа место, на Плаошник, врз темелите на старата црква „Свети Пантелејмон“, каде што бил погребан свети Климент, е изградена новата црква „Свети Климент“, каде што е пренесен дел од неговите зачувани мошти, но тоа е само дреболија во однос на она што го поседуваат Грците. Затоа, Димитрија Миладинов уште пред 166 години го моли Виктор Григорович да се зазема кај рускиот цар да се врати главниот дел од моштите, односно „свјатата кара“, светиот череп на Климент во Охрид, во црквата каде што биле „цели четири века по неговата смрт“. Дека Димитрија Миладинов бил многу загрижен за кражбата на светите мошти на Климент, но и упорен да ги врати назад во Охрид, зборува и фактот што петнаесетина години подоцна, мислејќи како да ја врати „свјатата кара“ од Бер, објавува допис во цариградски весник: „Во прочутиот град Охрид“, пишува Миладинов, „не остана нишчо од великиолепие и од стародревности, само свјатите мошти од свјатога Климента, - и тије, без свјатата кара на која стоит златоткаено и бисер, и која у Верија (Бер) Грци ја украдоха и ја држат денеска во обителот свјатога Јоана Продрома, - два кодика од архиепископските први јустинијански и гробот од свјатога Климента со една скршена плоча и манастир церква митрополитска на лево влегваешчи во партика...“ Мошне интересен е и податокот што Димитрија Миладинов го објавува во 1860 година во студентското списание „Братски труд“, гласило на македонските и на бугарските студенти во Москва, а се однесува на записот на камената плоча врз гробот на свети Климент: „Надгробни негов надпис ушче стоит во соборната црква в Охрид: 27 месец јулија 916 претстави се Климент Охридски“.

МОШТИТЕ ЈА ДЕЛАТ СУДБИНАТА НА МАКЕДОНИЈА

Според записот на протојереј-ставрофор Георги Николовски, кој долго време служел во црквата „Свети Климент“ во Охрид, Светиклиментовите мошти всушност ја делат судбината на Македонија. Имено, по смртта во 916 година, свети Климент бил положен во гробот што сам си го подготвил во манастирот што го подигнал и му го посветил на свети Пантелејмон. Кога Охрид потпаѓа под турска власт, манастирот „Свети Пантелејмон“, или како што старите охриѓани го нарекувале „Стар Свети Климент“, бил претворен во џамија. Сепак, Турците им дозволиле на охриѓани светите мошти да ги префрлат во некоја друга охридска црква. Сето тоа било организирано од монасите, но, за жал, двајца од нив успеале да го скријат черепот, а потоа скришум да го однесат во манастирот „Свети Јоан Продром“ кај Бер. Остатокот од моштите биле сместени во малата црквичка, таканаречена „Мал Свети Климент“, но охриѓани набрзо издејствувале од турските власти моштите да бидат пренесени во некој храм од повисок ранг, па им било дозволено да ги префрлат во црквата „Свети Богородица Перивлепта“. По овој чин црквата го добила денешното име „Свети Климент“, а името „Света Богородица Перивлепта“ фигурира само во некои стари извори и во литературата од тоа време. Откако биле пренесени во оваа црква, моштите биле погребани во нартексот, но подоцна, во 19 век, повторно биле откопани и сместени во сребрена кутија украсена со орнаменти. Кутијата со ситните остатоци од моштите, без черепот, се разбира, била ставена во изрезбан ореов саркофаг, во кој, на десната страна пред иконостасот, почивале и сѐ до 1 септември 1952 година. За жал, во 1952 година, како што сведочи протојереј-ставрофор Николовски, власта носи решение црквата „Свети Климент“ да ја претвори во музеј, па тој, како последен свештеник во црквата каде што се чувале светите мошти, бил известен дека црквата станува музеј, но моштите може да останат во црквата: „Без да прашам никого, во отсуство на претставник на Музејот, ја зедов кутијата со светите мошти, ја покрив со чаршаф, и скришум, под пазува, по споредни сокачиња, ги однесов привремено во црквата ‘Свети Никола Геракомија’, оставајќи ги на Светиот престол. Подоцна го размонтиравме и саркофагот и пак скришум го однесовме во истата црква и ги сместивме моштите во него. Во таа црква останаа до 22 септември 1991 година, кога со враќањето на црквата ‘Свети Климент’ на МПЦ и моштите повторно беа вратени во неа“, забележал во своите спомени Николовски.

Десетина години подоцна, кога беше изградена, односно обновена или, поточно, реконструирана неговата црква на Плаошник, моштите на свети Климент беа пренесени во неа, и сега остатокот од нив е таму, на Плаошник, но черепот, или „свјатата кара“, како што вели Димитрија Миладинов, сѐ уште е во Грција. Дали Македонија некогаш барала оваа своја скапоцена „свјата кара“, на која „стоит златоткаено и бисер“ да се врати во Охрид, нема податоци, но факт е дека, на пример, Грците им ја позајмија украдената „свјата кара“ на Бугарите за изложба и потоа, по престојот во Софија, веднаш беше вратена во Грција, односно во манастирот „Свети Јован Продром“ кај Бер, каде што се чува близу седум века.

grob---jovanovic.jpg
 
Vatican had Scholarships for Macedonians since 1600's
Monday, 26 March 2012

Local Skopje daily "Nova Makedonija" published documents and letters from the Vatican archives dating back to the 17th century, or to be more precise to 1619.
In those documents, the Vatican had a special program in which they provided scholarships to Macedonian bishops for 400 years.

The most interesting are two original letters written by Macedonian bishop Mardarije, member of the Ohrid Patriarchy sent to Cardinal Beberini in which he speaks of the problems created by the Turks and in particularly the Albanians in his diocese. Both letters were received by the Pope. The Macedonian priest was presented to the Pope as "he hails from the land of the big king, Alexander."

Interestingly enough, Vatican made a distinction between Macedonians, Serbians (Servians) and Bulgarians 400 years ago. Even more interesting, Greeks or Greece are not mentioned in any of the documents! Though this is expected since Greece at the time was mainly populated by Macedonians, Albanians and Turks. The nationality "Greek" begun circulating much later, in the 19th century, introduced by Germany.

In 1619, Dalmatian bishops requested from Pope Paul V to make a decision and relocate the College back to Loreto, and allocate more spots for bishops from Servia (Vatican's name for Serbia), Bulgaria and Macedonia who in the future will no longer need to contact the Wholy See for scholarships.
According to Vatican archives, in 1620, there were three Macedonian bishops at the College.
There are additional communications between Macedonian bishops and the College of Cardinals and the Pope in 1625 and later on.


Светата столица одвојувала посебни стипендии за Македонци пред четири века!
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32512204537&id=9&prilog=0&setIzdanie=22540
Во огромниот фонд на Ватикан има многу интересни, всушност сензационални сведоштва за Македонија и за Македонците, кои покриваат период од 1622 до 1644 година. Според еден од документите, во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан

Ватикански документи за Македонија од 17 век

Во трезорите на Ватикан се чуваат значаен број документи за Македонија и за Македонците, кои допрва треба да бидат истражени и објавени. Во архивот на Конгрегацијата за пропаганда на верата во Рим (Арцхивио делла Сацра Цонгрегазионе де Пропаганда Фиде), кој е формиран за да ги собира и чува документите од тајното дипломатско функционирање на Светата столица, се чуваат документи што го покриваат периодот од 1622 година до денес. Првиот секретар на Конгрегацијата, Франческо Инголи, уште од основањето на Конгрегацијата како „ресор за пропаганда на католицизмот во светот“, целокупната документација систематски и стручно ја распоредувал, а на тој начин ги удрил темелите на денешниот архив.

Кога по десет години работа се собрала голема збирка на тајни документи, Инголи почнал да го пишува првиот водич (Мемориа Рерум), овозможувајќи со тоа лесно и едноставно пронаоѓање на сите архивирани списи. Од друга страна, пак, одредувајќи простор во Ватиканската палата за сместување на архивската граѓа, папата Урбан Осми покажал не само разбирање за напорите на Инголи туку со тоа оваа драгоцена збирка ја ставил под личен надзор и патронат. Извесен период документите се наоѓале во Апостолската канцеларија, каде што била и канцеларијата на Инголи, а потоа оттаму, по неговата смрт, збирката била преместена во зградата на Конгрегацијата за пропаганда на верата. Веќе кон крајот на 18 век овој архив поседувал богатство со кое го привлекол вниманието и на францускиот цар Наполеон. Имено, Наполеон наредил целокупната архивска граѓа да се пренесе во Франција, од каде што, по неговиот пад, повторно е вратена во Рим и сместена во просториите на Конгрегацијата, каде што се наоѓа и денес. За време на транспортот во Франција, односно при враќањето назад, одреден број кутии со значајни документи засекогаш биле изгубени, а 74 кутии стигнале во Виена. Овие 74 кутии австриската влада ги вратила во Конгрегацијата дури во 1925 година. Како работела Конгрегацијата, односно Центарот за пропаганда на верата во Ватикан?

СЕДНИЦИ ВО ПРИСУСТВО НА ПАПАТА

Според документите од функционирањето на оваа институција може да се види дека е основана во времето на папата Григориј Петнаесетти. Документот за основање е потпишан на 6 јануари 1622 година, а основна задача била да стане централен и врховен орган за ширење на римокатоличката вера, односно за создавање унија со православието и враќање на протестантите во пазувите на Римокатоличката црква. Освен тоа, обврска на Конгрегацијата била да го организира и надгледува ширењето на католицизмот меѓу нехристијаните. Конгрегацијата, според актот за нејзиното основање ја сочинувале 13 кардинали, од кои еден бил префект, двајца прелати и секретар. Во овој состав подоцна влегол и еден кармелитанец, а потоа и протонотар и акцесор на Светиот уред. Членовите на Конгрегацијата редовно одржувале седници еднаш месечно, и тоа најчесто во присуство на папата. На тие седници (Цонгрегазионе Генерали) биле разгледувани важни прашања, додека оние сложените биле поверувани на посебни комисии што ги воделе кардиналите во Конгрегацијата и други експерти (Цонгрегазионе патриколари). Секојдневните работи ги водел префектот на Конгрегацијата со секретарот и минутантите. Тие одржувале седници еднаш неделно (Цонгресси). Прашањата, кои барале интервенција на папата, му биле соопштувани лично нему на аудиенција. Своите одлуки Конгрегацијата ги објавувала со декрет, препораки и писма.

До 1665 година генералните или месечните седници се одржувале во присуство на папата, меѓутоа таа практика е прекината во 1666 година. Оттогаш, секретарот на Конгрегацијата, во одредени денови, го известувал папата за најважните прашања и од него барал неопходни одобрувања за решавање на прашањата што ја надминувале надлежноста на префектот и на целата конгрегација. Од овие извештаи, и кратки молби, поднесени до папата, основан е посебен фонд. Мнозинството документи во овој фонд се однесуваат на прашања од приватен карактер, како молби, индулгенции, привилегии, одобренија за склопување брак во недозволени степени на сродство и слично. Овие прашања, односно прашањата за кои реферирал папата, во почетокот биле бележени во општи бележници, а подоцна секој предмет бил запишуван на посебен лист. На крајот на листот секретарот на Конгрегацијата ја нотирал и одлуката на папата.

СТИПЕНДИИ ВО 1619 ГОДИНА!

Во еден документ од 1624 година се зборува за обновување на Илирскиот колеџ, значи Словенски колеџ во Лорето, кој би основан 1580 година. Токму своето образование на овој колеџ го почнале 40 студенти. Пред тоа, во 1593 година, истиот колеџ бил преселен во Рим, а бројот на слушателите бил сведен на 12 ученици. Во 1619 година, далматинските бискупи побарале папата Павле Петти да донесе одлука колеџот да се врати во Лорето, а истовремено да се доделат места на питомци „Срби, Бугари и Македонци, кои во иднина нема да имаат причина да се обраќаат до Светата столица за стипендии“. Значи, уште во 1619 година во Ватикан правеле разлика меѓу Македонците, Србите и Бугарите, па затоа за нив била одобрена посебна квота во колеџот, посебна графа во документите за апликација како за одделен народ за кој треба да се одвојат одреден број места според националната припадност. Во Колеџот во Лорето во 1620 година студирале тројца Македонци, стипендирани од Ватикан.

Освен овој, во Архивот на Когрегацијата, односно во Ватикан, има и друг документ што е мошне значаен за нас. Станува збор за писмо од февруари 1625 година, испратено од Мантова од охридскиот патријарх Порфириј Палеолог. Во писмото го известува папата дека поради болест се задржал во Мантова, и дека тука ја добил веста да не се враќа во својата резиденција во Охрид, затоа што му се заканува голема опасност од Турците поради големиот долг на неговите претходници кон Портата. Се работи за даноци што ги наметнал султанот, а кои Охридската патријаршија не можела да ги плати. Во прашање се околу 40.000 скуди. Откако Конгрегацијата го добила ова писмо на патријархот Порфириј, стигнува понуда да остане во Мантова и да служи во црквата според неговиот обред, но Порфириј таа понуда не сакал да ја прифати без дозвола на папата. Конгрегацијата веднаш го известила папата за барањето на охридскиот патријарх, односно одлучила писмото на Порфириј да го достави за одлука до папата.

ОД ТАТКОВИНАТА НА АЛЕКСАНДАР!

Исклучително интересни се двете оригинални писма на „епископот македонски Мардарије од отечества великого цара Александра“, епископ на Охридската архиепископија, испратени до кардиналот Беберини, во кои жали за зулумите што ги прават Турците, особено Албанците, во неговата диецеза. Во двете негови писма, кои стигнале во Конгрегацијата, а со нив бил запознат и папата, стои дека тој е „епископ македонски од татковината на големиот цар Александар“. На заднината на истото писмо во Конгрегацијата било запишано да се достави на увид на кардиналите Алвициј и Инголиј, за да видат што може да се направи по тоа прашање. Врз основа на документацијата што се чува во Ватикан, Францеско Инголи, како прв човек на оваа своевидна влада на Ватикан, детално го известува папата за овој проблем на охридскиот архиепископ. Целата таа преписка се случува во јануари и февруари 1640 година.

Мошне интересен документ е и писмото испратено од Паштровиќи на 15 февруари 1642 година, во кое Франческо де Леонардис, специјален пратеник на папата, кој чекал да отпатува за Пеќ, каде што со српскиот патријарх требало да преговара за унија на Српската православна црква со Светата столица во Ватикан, известува за состојбите на теренот. Во своето доверливо писмо, Леонардис го известува папата дека е принуден да го одложи патувањето за Пеќ, затоа што бил известен дека српскиот патријарх отпатувал за Цариград „каде што охридскиот патријарх се обидува повторно да ги потчини сите поранешни територии под своја јурисдикција, односно да се прогласи за глава на ‘Бугарија, Србија, Македонија и Босна‘“. Тоа се случува во средината на 17 век. Во таа насока мошне интересно е и едно известување испратено од Скопје, на 22 март 1642 година, значи еден месец по паниката на Србите дека охридскиот патријарх ќе договори со султанот враќање на целосната контрола на Охридската архиепископија врз своите поранешни, одземени територии. Имено, барскиот надбискуп Георго Бјанки, известува дека на Скопска Црна Гора, освен православни, живеат и 500 католици, а ниту еден муслиман.
Како и кога се населени Албанците на теренот од денешното Арачиново до Танушевци, нема податоци во Конгрегацијата.

Во секој случај, овие и многу други документи што се чуваат во Ватикан сигурно ќе фрлат ново светло на затемнетиот дел на балканската историја, која, како што се знае, особено по пропаста на античка Македонија, ја пишувале само победниците.

pismo1.jpg


pismo2.jpg
 
Zuletzt bearbeitet:
Zurück
Oben