Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Makedonien, die Perle des Balkans!

Auch in der Gegend um Demir Kapija wird gearbeitet, zwei weitere Grabstätten werden bei Koreshnica vermutet. Leider ist das Gebiet um Koreshnica in der Vergangenheit von Schatzsuchern durchkämmt worden...

АРХЕОЛОЗИТЕ ГО ИСПИТУВААТ ТЕРЕНОТ ОKОЛУ KОРЕШНИЦА

Демир Kапија крие уште две гробници со античко богатство

23B37FD285590D4C821351A30723DDB8.jpg

Уште најмалку две гробници има кај Демир Kапија, близу до местото на кое пред дваесетина години диви копачи го откриле богатиот гроб од 6 или од 5 век пред новата ера - периодот на античките македонски кралеви, од каде што е изваден и т.н. кратер од Kорешница, кој денес е во приватна колекција во САД, велат извори за „Дневник“. Македонските археолози подолго време го истражуваат теренот. Годинава тие работеа со колеги од Хрватска и детаљно прегледаа 1.500 квадратни метри од земјиштето. Резултатите треба да бидат готови наскоро.

„Дневник“ завчера ексклузивно објави интервју со археологот Дејвид Гил, професор од Велика Британија кој тврди дека од гробот заедно со кратерот биле извадени и три-четири златни маски, 18 шлемови, неколку панцири, неколку фигури, златен накит и сликана керамика.

Случајот со кратерот од Kорешница речиси една деценија ја бранува не само македонската, туку и светската јавност. Од Управата за заштита на културното наследство во последните години се обидуваат да допрат до предметот и по дипломатски пат.

Според нивните информации, кратерот е тајно изнесен од Македонија во 1992 година. Тие сознанијата ги добиле многу подоцна, откако го откриле експонатот во Америка.

- Директно стапив во контакт со тие што го откопале. Ме однесоа до гробницата каде го пронашле, кај нивата. Во гробницата нашле и оружје. Изнеле се што можеле да изнесат. Стапиле во контакт со човекот кој ја направил комбинацијата кратерот да замине во Швајцарија, па во Америка. За жал, човекот е починат. Станува збор за Синиша Јокиќ, Србин кој имаше куќа на Флорида и живееше на релација Белград-Америка. Тој е суден кај нас за изнесување предмети од Македонија. Беше едно време обвинет во Холандија дека некои слики им ги продал во Америка. Нему нашите му го продале кратерот - вели нашиот извор.

Поопширно во нашето печатено или во електронското издание.

Демир Kапија крие уште две гробници �о античко богат�тво

МАРJАН ЈОВАНОВ, ЕДИНСТВЕНИОТ АРХЕЛОГ КОJ ГО ИСКОПУВАЛ ГРОБОТ ВО ДЕМИРКАПИСКО

И Македонија има богатство од гробот во Kорешница

52EB7209427F544DBFD23E5A2390C553.jpg

Во Македонија останале предмети извадени од гробот во демиркапиското село Kорешница, од каде што пред петнаесетина години бил украден големиот бронзен кратер кој денес се наоѓа во САД, во приватана колекција. Бронзена лавја шепа која била дел од триножник, рачка од сад декорирана со цветови, двојни игли, едната со позлатена глава, осум луксузни керамички садови обоени со црн фирнајз, делови од сликана керамика, илјадници мали парченца бронза кои биле дел од парадна панцирна кошула, се наоѓаат во малиот музеј на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“ во Скопје. Малкумина знаат дека шлем од истиот гроб денес се наоѓа во Заводот и музеј во Струмица. „Дневник“ во изминатите два броја објави текстови поврзани со кратерот и со останати предмети за кои се шпекулира дека биле во богатиот гроб. Археологот Марјан Јованов, доцент на Институтот за историја на уметноста и археологија е единствениот кој го ископувал фамозниот гроб. Во 2007 година првпат стапнал на местото. Го запознал очевидецот кој бил присутен на дивите копања. Тој тврди дека гробот не бил ограбуван во 1992 година, како што посочуваа повеќе извори, туку во зимата меѓу 1995/96 година. „И Нова Година таму ги затекна“, раскажувал шеесетгодишниот човек од Kорешница.

Поопширно во нашето печатено или во електронското издание.

И Македонија има богат�тво од гробот во Kорешница
 
Nach Delcevo, Demir Kapija und Bigla wurde auch bekannt das in der Nähe bei Katlanovo-Veles verstärkt gegraben wird, auch unter Polizeischutz.

Потрагата по нацистичко злато кај Катланово продолжува

Багери и вчера го „рушеа“ ридот што е меѓу автопатот од Велес за Скопје и стариот пат кон Велес. Мистериозното ископување и понатаму продолжува, а никој од надлежните нема информација по што се трага. Полицијата ги чува копачите за кои официјално никој не кажува ниту кои се ниту од каде се

policija-kopa-vo-velesko-D-[1].jpg



Обележувањето на теренот почнало од почетокот на ноември, а на десетти багерите ги ископале првите кубици земја
Златна треска владее низ повеќе локалитети во земјата. Се копа меѓу Скопје и Велес, во Делчевско, во атарот на Бигла, а не ги одминува ниту струмичани. Злато се бара на археолошките локалитети Цареви кули, Струмин гроб, старите турски гробишта и на падините на Беласица.

Близу Катланово багери и вчера го „рушеа“ ридот што е меѓу автопатот од Велес за Скопје и стариот пат кон Велес. Полицијата е поставена наоколу и ги чува копачите за кои официјално никој не кажува ниту кои се ниту од каде се.

Мистериозното ископување понатаму продолжува, а никој од надлежните нема информација по што се трага. Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека нивни службеници деноноќно се таму, на локалитетот кај Брезица, а за други информации нé упатија во Управата за заштита на културното наследство. Директорот Паско Кузман, пак, е дециден дека меѓу Велес и Скопје не се работело ништо. Кога му кажавме дека имаме фотографии од местото на кои јасно се гледаат и градежните машини и полицајците што го обезбедуваат теренот, тој налутено рече дека не знае ништо и ја прекина телефонската врска.

Луѓето што работат на овој „проект“ веруваат дека среќата ќе им се насмевне и дека се на пат да најдат огромен бункер со златни резерви од Третиот рајх, кои никогаш не стигнале до крајната дестинација, до Берлин. Нешто слично, велат, било најдено во шума близу Лајпциг, Германија, и во рудник за сол во Полска. Дури било направено и подземно снимање на теренот со дупчалка во која имало инсталирано специјална камера и резултатите биле позитивни.

Нашите информации добиени од член на експедицијата се дека копањето не почнало сега, туку дека тие на тој локалитет се од почетокот на ноември, а дека на десетти багерите ги ископале првите кубици земја.
Информациите дека кај Катланово постоел подземен комплекс и дека пленот е огромен, ни кажа соговорникот, не биле од сега, туку биле од поодамна. За тоа, наводно, постоеле стари мапи и други пишани документи, кои уште од времето ги имало во музеј. Приказната е, ни рече, дека таму, на местото каде што сега се копа, некогаш имало тунел во кој имало оставено камиони полни со злато. Во текот на Втората светска војна, според него, германските војници ограбувале банкарски трезори од покорените земји и оттаму златото го носеле во Германија. Познато е, вели, дека жртвите на холокаустот биле лишени од какви било вредни работи што ги имале, вклучувајќи и златен накит. Златото било топено и жигосувано со ознака на тогашната германска централна банка Рајхбанк. Голем дел од овој плен бил искористен да се плати за направените воени штети, а дел сé уште е недопрен и „складиран“ некаде по Европа.

Верувањето дека Германците закопале тони злато за дел од историчарите не е поткрепено со факти.
Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја, не верува дека има толку злато во државава и, според него, тоа биле само „гусарски приказни“. Ниту професорот Методија Манојловски, чија специјалност бил Балканот од 20 век, не верува во легендите за нацистичкото злато. Тоа, вели тој, биле обични приказни што се раскажувале меѓу локалното население.

????????? ?? ?????????? ????? ??? ????????? ?????????? - ???? ??????????


Кај Велешко Eзеро се бараат 220 тони злато. Што однесе хеликоптерот од тунелот кај Бигла?


Дваесетина дена трае потрагата по богатство што го оставила, наводно, германската војска при повлекувањето во 1944 година. Од завчера во бункерот е инсталирано светло, за што се донесени моќни агрегати

866486E90ACCC54EB577D6AA86E7AEA4.jpg


Горан Адамовски


Велешко Езеро - Македонија ја зафати златна треска. По пребарувањето во делчевското село Бигла каде што се трага по злато од Втората светска војна, слична акција се изведува и во близина на велешкото езеро „Младост“. Концесионери со дозвола на државата копаат под ридот во близина на Катланово, надевајќи се дека ќе откријат стотици тони злато, кои, наводно, фашистичките сили ги оставиле кога се повлекувале по поразот во Втората светска војна.

Како што се зборува, копајќи под земјата, тие веќе го скенирале богатиот плен, но, наводно, бил миниран, па сега се чека стручна помош за деминирање. Улогата на државата е јасна: доколку навистина се пронајде златото, нејзе ќе и' припадне повеќе од 85 проценти.

Неверојната приказна, како што зборуваат мештаните, започнува од времето на византискиот император Јустинијан, кој под ридот на стариот пат меѓу Катланово и Велес изградил „мал град“. Оваа тајна им била позната на Германците, кои решиле да го отворат ридот кога се повлекувале од земјава во 1944 година.

„Под ридот скриле 220 тони злато, односно педесетина камиони натоварени со злато, а внатре има и болница, штаб, цела соба со уметнички слики, четири сандаци со дијаманти и којзнае што не“, ја раскажуваат велешани легендата што се пренесува од колено на колено.

Повозрасните се присетуваат дека во поранешна Југославија, тогашната народна армија не дозволувала никаков пристап околу ридот. Војници држеле стража околу земјиштето, никој не смеел ниту да се доближи до местото, во кое биле „скриено нешто“.

„Се зборува дури и дека над ридот има скриена писта за слетување и полетување на авиони“, кажуваат мештаните.

Мит или вистина? Тоа била дилемата на неколкумина бизнисмени, кои одлучиле да го побараат скриениот град. Како што се зборува низ Велес, станува збор за бизнисмени и за сопственици на фирми и угостителски објекти од градот, но и други делови на земјата. Есенва, тие побарале концесија да копаат по ридот. Дозволата ја добиле пред три недели.

„Не станува збор за археолошки локалитет. Луѓето побараа да копаат за некоја своја акција и, за да не копаат на диво, им дадовме дозвола. Трошоците си ги сносат самите, а копаат во присуство на наши инспектори и под полициско обезбедување“, вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Тој укажува дека според законот, доколку концесионерите навистина пронајдат злато, повеќе од 85 проценти ќе припадне на државата. Се' што ќе се најде 60 сантиметри под земјата и' припаѓа на државата, а пропишаната награда за чесните пронаоѓачи е 13-14 отсто, објаснуваат правници.

Да се стигне до „тајната“ локација не е баш лесна работа. Откако ќе дојдете до Велес и до езерото „Младост“, мештаните ќе ве упатат кон стариот пат за Катланово, односно Скопје. Станува збор за ужасно лош земјен пат, полн со кратери, а асфалт ѕирка. По калдрмата речиси и не поминува никој, а од страните е опкружен со грмушки, трева и дрвја, па во непрегледното пространство тешко е да се забележи што било. Штом видите џипови, сфаќате дека сте на вистинската трага. На помалку од десет километри од Велешкото езеро, здогледуваме полициско возило. Стотина метри зад синиот џип се забележуваат багери, кранови и друга механизација. Се работи под полна пареа. Но, да се приближите до локацијата нема шанса.

„Ние сме новинари, дали може да појдеме и да видиме што се копа“, ги прашуваме двајцата полициски „специјалци“, кои не' пресретнаа со џипот. „Знаеме кои сте и што сакате, но да минете не може. Ве молиме, продолжете кон Катланово или вратете се во Велес. Бидете коректни за да нема потреба да ве следиме“, љубезно не' бркаат полицајците.

„По барање на Дирекцијата за заштита на културното наследство, нашата улога и задача е да асистираме при ископувањето“,го пренесува Иво Котевски ставот на Министерството за внатрешни работи.

Неофицијално се дознава дека рокот на траење на концесијата бил до 5 декември годинава, но, наводно, тој ќе биде продолжен. Концесионерите не сакаат јавно да зборуваат за случајот. Не сакаат да ги потврдат гласиштата дека со специјалните машини веќе го скенирале златото. Проблем било тоа што златото било минирано. Сега се чекале деминери.

Едни сметаат дека станува збор за голема глупост, други, пак, се убедени дека вистинско богатство е скриено под ридот кај Велешкото езеро. Разврската на „златната треска“ што ја зафати земјава ќе се дознае деновиве.



Што однесе хеликоптерот од тунелот кај Бигла?

Од завчера во бункерот е инсталирано светло, за што се донесени моќни агрегати


Иван Бојаџиски

776EAFE5062C974A90ECB98D463043C0.jpg

Штип – Хеликоптери не само што го надлетуваат теренот околу тунелот кај делчевското село Бигла во кој се трага по засега непознати предмети туку веќе почнаа и да изнесуваат нешто. Очевидци тврдат дека завчера еден хеликоптер се спуштил блиску до локацијата каде што се вршат мистериозните ископувања и од него нешто се истоварило, а потоа повторно се натоварило, по што леталото го напуштило теренот.

Во отсуство на официјални информации, мештаните и натаму само шпекулираат околу тоа дали има злато во нашуштениот тунел. Веќе седми ден, според официјалното соопштение, тука копаат археолози ангажирани од Дирекцијата за заштита на културното наследство. Неофицијално, нема археолози, туку експерти за кои се смета дека умеат да препознаат траги од благородни метали, односно злато. Целата операција се изведува под најстроги мерки на безбедност и на теренот на кој се работи не може ниту пиле да прелета.

„Наместо пилиња, овој терен секој ден го надлетуваат хеликоптери. Вчера со свои очи видов како еден хеликоптер се спушти во непосредна близина на тунелот. Некои луѓе од него изнесуваа, а потоа внесуваа нешто. Бев на поголема оддалеченост, односно на патот кој од Виница преку Бигла води за Делчево и затоа не можев да видам добро што е тоа што се внесува во хеликоптерот“, ни рече еден возач на камион од Штип.

За побргу да оди работата од завчера во бункерот е инсталирано светло, за што се донесени моќни агрегати чија работа го ремети планинскиот спокој. Селаните од Бигла, Драмче и од некои други околни села не можат да си ги извршуваат работите во своите кории, како што велат, бидејќи пристапот до нивните имоти им е забранет веќе една недела.

„Наслушнав дека луѓето што го пробиваат затрупаниот тунел веќе навлегле триесеттина метри во него. За побрзо да напредуваат, работат со мал багер кој може да функционира во простор широк пет, а висок 4.5 метри. Машината им обезбедува брзо напредување кон конечната цел“, тврди наш соговорник од Делчево упатен во случувањата на теренот.

Од порано постојат информации дека овој тунел е долг од 150 до 200 метри. Приказните за него од година на година стануваа се' помистериозни. Одеа во насока дека тунелот е миниран, па до тоа дека во него живеело големо чудовиште поради што селаните го избегнувале, иако неговиот влез бил со децении затрупан. Третата верзија, во која сега 90 проценти од тукашното население верува, е дека во тунелот има закопано злато од непроценлива вредност и дека државата, всушност, трага по него. Како што беше во времето на СФРЈ кога ЈНА го имаше „окупирано“ теренеот околу штипското село Суво грло каде мистериозно се копаше цела една недела под најстроги мерки на безбедност, а никогаш не беше соопштено што беше ископано. И поради тоа искуство денес се верува дека кај Бигла се трага по злато оставено од фашистичката дивизија „Принц Еуген“ која се повлекувала од Грција преку Гевгелија, Радовиш, Штип, Виница, Бигла, Делчево, а од таму и кон Бугарија.

Во целата оваа мистерија едно е само јасно, дека однапред се знаело дека тунелот не е миниран и оти во него нема складирано големи количини експлозив. Да беше така, наместо археолози, како што сега се тврди, таму ќе работеа стручњаци за експлозив. Во целата приказна се приклучи и Општината Делчево која и официјално од централната власт бара информација за тоа по што се трага во тунелот кај Бигла. Делчево најверојатно цени дека ако се пронајде злато некој дел треба да припадне и на Општината, со оглед дека целата операција се одвива на нејзин терен.

Паско Кузман: Ова не е археологија

„Не се работи на тој простор за археолошки ситуации, за археолошки локалитет, за постоење на културно наследство, и ако беше така немаше да дадеме согласност да копа било кој, туку надлежна институција која би вршела стручни истражувања. Ова е и начин да се избегнат и дивите, романтичарски археолошки копања, поради што ние понекогаш прифаќаме предлози од одредени страни кои сакаат да финансираат и од нивен аспект да вршат истражувања на теренот. Се разбира, ако при тоа наидат на културно наследство тој што ќе најде нешто такво, е должен според законот тоа и да и го отстапи на државата“, изјави вчера Паско Кузман, директорот на Управата за културно наследство потенцирајќи дека актуелните копања во потрага по златото кое наводно го оставиле Германците кај делчевското село Бигла, цело време се надгледувани и од стручни лица од Управата.

„Истражувањата се во тек“, вака одговори Кузман на прашањето дали очекува наскоро нешто и да биде откриено.

Неколкумина археолози кои сакаа да останат анонимни, вчера изразија чудење од начинот на кој во медиумите се третира трагањето по заборавеното злато.

Сметаат дека истражувањата се мотивирани од гласини кои се шират меѓу тамошното население и дека досега не чуле во рудниците да има било какви археолошки остатоци. Нагласија дека ниту во Археолошката карта на Македонија на тој тесен простор не е евидентиран археолошки локалитет, и велат дека ако навистина постои нешто немаше да се дозволи копање со багер. (К.Б.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=D16D89E25477B445872B7DC4B19D9D0C


Bei Kocani wurden auch Funde gemacht, aus der Bronzezeit.

Кај Кочанско откриени артефакти од енеолитот

На археолошкиот локалитет „Св.Атанасиј“ кај кочанското село Спанчево, екипа предводена од археологот Ирена Колиштроска Настева откри значајни артефакти кои потекнуваат од енеолитскиот период, 4.000 години пред нашата ера
01122011163448_kocani1.jpg


Според Колиштроска Настева, откриени се наоди од скулптурална пластика изработена во глина, женски фигури во глина со тетоважа на своите тела и со шари кои се украс на нивното живеење.

Археолошките истражувања се финансирани со средства од Министерството за култура на Република Македонија.

??? ???????? ???????? ????????? ?? ????????? - ???? ??????????
 
Zuletzt bearbeitet:
In letzter zeit werden wieder vermehrt Ikonen aus den makedonischen Kirchen gestohlen. Eine Reprotage der Deutschen Welle "Mit den Ikonen wird die makedonische Identität geraubt"

Со иконите се краде и идентитетот на Македонците


0,,2437906_1,00.jpg

Вредните дела на црквата мора да се заштитат
Кражбите на икони и други артефакти од црквите во Македонија станаа секојдневие. На удар се светилиштата во зафрлените и ретко населени места. Верниците негодуваат, полицијата трага по сторителите, но со мал успех.

Од ден во ден црковните храмови, особено во околината на Струга, Дебар, Кичево и Охрид стануваат се’ посиромашни за вредни икони, дела на познатите средновековни македонски зографи. Се крадат пари и предмети кои се дел од црковната историја, дури и црковни книги на кои им се губи трага, а се значајни за опстојувањето на цели генерации на овие простори. Колку икони точно исчезнаа пред очите на надлежните последниве неколку години, не се знае. Правењето регистар за тоа што поседуваат црквите почна подоцна, откако крадците оперираа на терен. Се краде и од џамиите во регионот, но тие кражби се далеку поретки. Црквата, полицијата, локалното население и заштитниците на културното наследство лани седнаа на заедничка маса, формираа Координативно тело за заштита и договорија повеќе мерки, но ефектите се мали.


Тања Паскали Бунташеска директор на Заводот и Музеј во Охрид вели: „Беше констатирано вредните икони да бидат дислоцирани во соодветни депоа, а на нивно место да се направат копии за храмовите да не се празни. Констатиравме дека црковните одбори треба да се убедат да направат заштитни метални врати на црквите и да не прават проблеми при дислокацијата на иконите затоа што никој од нас не ги зема дома, туку само да ги заштити во депо. Акцијата отпочна и како пример ќе го земам струшкото село Дренок. Оттаму иконите од иконостасот се веќе на сигурно во депо.“

0,,2481997_1,00.jpg


И полицијата немоќна, уште трага по крадците

Останува забележано дека оваа година, до сега во струшко се евидентирани осум тешки кражби во цркви, а лани биле дури осумнаесет.

„СВР – Охрид неодамна лиши од слобода и поднесе кривична пријава против четири лица од Република Албанија кои на подрачјето на Охрид извршија тешки кражби“, вели портпаролот Стефан Димоски на чија инцијатива беа изработени флаери и упатства за заштита на црквите.

„Го зголемивме нашето присуство. Повеќе полициски службеници беа наменски ангажирани во делот на заштита на црквите. Во рамките на сите превентивни и репересивни мерки полицијата имаше и има одлична соработка со месното население“, додава Димоски.

Верниците се шокирани разочарани

0,,4559796_1,00.jpg

Верниците во шок
Токму жителите од пограничните области со Алабанија всушност се во шок и неверување. Новинарот Наум Кутаноски од Радожда, струшко село од чии цркви исчезнаа вредни икони разочарано вели: „Згрозени сме од оваа дрскост со која се посегнува по нашите корени, по нашиот идентитет, по нашата историја. На сите им е јасно дека станува збор да добро организирана група која знае што сака. Ова не е првпат да се случуваат вакви кражби, а полицијата никако да ги открие.“

Светиот Синод на МПЦ – ОА изрази незадоволство од соработката со Управата за заштита на културното наследство. Владиката господин Тимотеј за Дојче веле рече дека проблемите се повеќеслојни: „Прво ги има во институцијата црква и нејзината поставеност со законските регулативи со кои на хартија сме овластени да ги правиме како сопственици, а од друга страна тоа ни се попречува од државните институции кои се повикуваат за овластени и единствено легални да го чуваат и заштитуваат културното богатство кое му припаѓа на македонскиот народ.“

Иконите вредат многу пари, а уште повеќе се вредна историја и доказ

0,,6485016_1,00.jpg

Плаошник
Каде завршуваат иконите и колку евентуално заработуваат крадците, господин Тимотеј не знае: „Не сум се занимавал со тоа и не можам да кажам ништо. Но претпоставувам дека се работи за баснословни суми. До сега се крадеа сребрени предмети, но во последно време интересот е кон нашата преродба што е нешто највредното што како македонски народ и МПЦ го имаме.“

Дел од иконите имаат и подлабоко значење. Во времето кога биле изработени архиереите зборувале и пееле на старогрчки, но тие се потпишани на црковнословенски јазик.

Идеја е дел од вредните икони кои ќе бидат прибрани пред крадците да го сторат тоа во иднина да се најдат во Галеријата на икони во Охрид и во новиот галериски комплекс на Плаошник кој ќе се гради допрва.

Со иконите �е краде и идентитетот на Македонците | Македонија | Deutsche Welle | 13.12.2011
 
Reportage: Geographische Fakten über Mazedonien die ihr bestimmt noch nicht wusstet!

ИНТЕРЕСНИ ГЕОГРАФСКИ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНИЈА КОИ НЕ СТЕ ГИ ЗНАЕЛЕ

Во наредниот преглед се претставени некои географски факти за Македонија кои можеби не сте ги знаеле!

-Во Македонија, на така мал простор се застапени речиси сите видови на карпи и почви што ги има во Европа. Некои карпи во источниот дел на државата се извонредно стари – близу милијарда години! Исто така, во нашата држава се наоѓа можеби единственото европско наоѓалиште на рубини. Многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско.

rubin.jpg

Ова е линк од ebay каде што е објавена информацијата за продажба

Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот Сивец.

-Околината на Прилеп, посебно кај Сивец, претставува најголемо и најквалитетно наоѓалиште на бел мермер во Светот! Дневно од овде се извезува меѓу две и три илјади квадратни метри мермерни финални производи во Грција, во Саудиска Арабија, Африка, Австралија, САД, Јапонија и во други континенти и земји. Секој ден од Прилеп за светот патуваат најмалку три шлепери со непреработени грамадни мермерни блокови, а секој блок е тежок меѓу дваесет и триесет тони.

sivec_mermer.jpg


Нивната крајна адреса се скулпторски ателјеа или мини-фабрики за производство на украсни фасади, подиуми и ѕидови на многу сакрални христијански и муслимански верски објекти и галерии и најразлични мали фигури од овој постојано студен и светол камен. Белиот Град, наоѓалиштето на мермер – Сивец, на североисточниот дел на Прилеп, има импресивна и мистична креација. Низ светлите заслепувачки бели ходници под отвореното темно сино небо, движењето на посетителот е по бели комплекси мермерни блокови, високи и шеесет метри. Тоа што може да се доживеат во Сивец крај Прилеп ретко се доживува некаде во светот.

-Македонскиот рудник “Алшар” на планината Кожув е единственото позначајно наоѓалиште на лорандит и талиум во светот. Од 2008 год. рудникот е прогласен за споменик на природата и дел од мрежата на “Емералд” – мрежата за заштита на природните реткости. Во јавноста со децении кружат и неверојатни приказни за интересот на странските разузнавачки служби за Алшар.

alsar.jpg


Тие сметаат дека со негова помош може да се прават експерименти за истражување на вселената што е во интерес на нивните вселенски програми. Со употреба на лорандитот може да се регистрираат најстарите процеси во вселената. Поради реткоста, лорандитот од Алшар е извонредно скап и баран минерал.

-Јужно од Свети Николе се јавуваат таканаречени бели солени почви: солонец, солоѓ и солончак, кои главно се застапени по руските степи. По површината имаат тенка солена кора, особено впечатлива во летниот период. Во Гевгелиско пак (кај с. Ѓавато) има појави на интересни песочни почви или ареносоли!

-Македонија е меѓу земјите што има најмногу планини во однос на површината: 38 планини на 25.713 км кв. или по една планина на околу 700 км кв. Од тој број 12 планини се повисоки од 2000 м, а 5 пак од нив се повисоки од 2500 м.

momina_cuka.jpg


Ако се наредат сите планини една врз друга, нивната височина ќе достигне 65 км, а само оние над 2000 м заедно се високи 31 км!

-Во Македонија има многу добро сочувани остатоци од 30-тина вулкани во североисточниот дел на државата и тоа од Кокино на север до Кочани на југ. Во близина на Злетово, поточно кај с. Лесново е еден од најдобро сочуваните кратери (калдери) на Балканот и пошироко. Најголем дел од овие вулкани биле активни пред десетина милиони години, со спектакуларни експлозивни ерупции!

lesnovookna.jpg


Слични остатоци на вулкани има од Кавадарци до границата со Грција, а Витачево е меѓу ретките во Европа висорамнини од вулканско-ерозивен тип!

-Земјотресот што се случил во 1904 година кај Пехчево имал магнитуда од 7,8 степени по Рихтер и 10 степени по ЕМС и до сега е најсилен забележан земјотрес на Балканот и меѓу посилните во Европа. Всушност, во Македонија има повеќе земјотресно активни зони бидејќи овие подрачја од земјината кора се вклештени помеѓу големата Европска (Евроазиска) континентална плоча на север, Африканската плоча на југ и 2 помали плочи на исток и запад.

-Во Македонија се утврдени неколку стотици пештери и јами (пропасти). Во внатрешноста на пештерата Ѓоноица или Убавица кај Гостивар има подземен водопад и подземна река. Под водите на вештачкото езеро Матка пак е откриена една од најдлабоките подводни пештери во Европа (Врело), до сега истражена до длабочина од 212 метри!

Vrelo.jpg


Отворот на пештерата Пешна пак кај Македонски Брод е меѓу најголемите во светот! Неодамна откриената Словачка јама близу врвот Солунска Глава, според досегашните истражувања е длабока 600 метри, а се очекува да биде многу подлабока, поточно меѓу најдлабоките во овој дел на Балканот!

Македонија е меѓу ретките земји со толкаво шаренило на климата на растојание од стотина километри: од Гевгелија и Дојран каде климата е топла, изменето медитеранска, до високите планински подрачја каде има студена алпска клима. Беровско и Кривопаланечко имаат континентална клима, а Охридско-Струшкиот регион има умерена клима со езерско влијание. Најниската забележана температура во Македонија е -31 степен во Берово и Битола, а највисоката е 45 степени (на сенка) во Демир Капија или екстрем од 76 степени! Според количеството на врнежи од околу 300-400 мм годишно, подрачјето на Градско е меѓу најсушните во Европа! Во Тетовскиот, Гевгелискиот, Беровскиот и други краишта се случувало половина од таа годишна количина да наврне за само еден ден (1962, 1979, 2010)!

Покрај десетината, за наши услови поголеми реки како Вардар, Црна, Брегалница, Треска, Црни Дрим, Струмица, Пчиња и др., во Македонија има уште стотици помали рекички, потоци, повремени и периодични водотеци. Нивната вкупна должина е околу 20.000 км! Воедно, Македонија има и околу 70 природни езера: тектонски или котлински како Охридското, Преспанското, Дојранското, потоа 30-тина глацијални, десетина пештерски, неколку карстни, 3 мочуришни, неколку свлечишни и други.

ohridsko%20ezero.jpg



Од нив, Охридското е меѓу најстарите и најдлабоките во Европа (288 м), со голем број на ендемични видови. Македонија има голем број на топли, односно термоминерални извори, од кои 8 се користат како бањи. Кочанската и Струмичката котлина се особено богати со подземни топли води, односно со геотермални лежишта!

Автор: д-р Ивица Милевски
Извор:Игео-Портал
Веб портал на Институтот за географија во Скопје

http://www.fakulteti.mk/news/11-12-...fakti_za_makedonija_koi_ne_ste_gi_znaele.aspx
 
Kocani - 2012 City of Culture
Skopje, 23 January 2012 (MIA) - Kocani is Macedonia's City of Culture in 2012, an event organized by the Ministry of Culture for the ninth year running.
image1.jsp

"An expert commission decided to give Kocani the opportunity to host the event in 2012 as a result of the diverse programme that the municipality offers. All institutions and associations at the municipality's territory have been involved", says the Ministry of Culture.

Musical events of all genres, book fairs, children's drama festivals, poetry festival, exhibitions and New Year's concerts are planned within the programme.

Over the past eight years the event has been hosted by Radovis, Bitola, Prilep, Kumanovo, Stip, Veles, Kavadarci and Gevgelija.
 
16 КРАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА - НОВИТЕ ГЕНЕРAЦИИ ПОБЕДУВААТ

16
 
Zurück
Oben