Вардар – БАТЕ – најпосетен спортски настан во историјата на Македонија
Враќањето на македонскиот фудбалски бренд Вардар во шампионското друштво на стариот континент, по девет години пауза, ја наполни вечерва националната арена „Филип Втори“ и со тоа и официјално постави нов рекорд во посетеност на еден спортски настан во Македонија.
На првиот меч на најголемиот спортски објект во земјава по десетмесечна реконструкција на теренот и атлетската патека, присуствуваат околу 31 илјади гледачи, најмногу во историјата на македонскиот спорт. Уште од саботата, кога за пет часа пламнаа билетите за речиси половина стадион беше јасно дека дуелот со БАТЕ Борисов ќе донесе и нов рекорд. Само два блока, по еден на источната страна и на западната останаа празни. Источниот краен блок до јужната трибина беше испразнет поради малубројните гостински навивачи од Белорусија.
Најпосетени клупски мечеви во изминативе 21 година од независноста беа Вардаровите дуели пред девет години во квалификациите за Лигата на шампионите, со ЦСКА Москва и Спарта Прага. На репрезентативен план, пак, дуелот со Република Ирска, лани на 5 јуни и тој со Шпанија во 1994 година со над 25 илјади гледачи важеа за апсолутни рекорди во независна Македонија.
Постарите љубители на фудбалот ги паметат настапите на Вардар во првенството на поранешна Југославија, на кои дуелите со големата четворка редовно носеле по 30 илјади гледачи, иако Градскиот стадион имаше помал капацитет. Како рекорд на Вардар се уште стои дуелот со белградски Партизан во 1997 година (0-0), во сезоната на златната Вардарова генерација, на кој присуствувале над 30 илјади гледачи и бил остварен рекорден приход од продажба на скапоцените парчиња хартија.
Abe Vardar
War bestimmt geil im Stadion
Abe Vardar
War bestimmt geil im Stadion
Folge dem Video um zu sehen, wie unsere Website als Web-App auf dem Startbildschirm installiert werden kann.
Anmerkung: Diese Funktion ist in einigen Browsern möglicherweise nicht verfügbar.
Wir verwenden essentielle Cookies, damit diese Website funktioniert, und optionale Cookies, um den Komfort bei der Nutzung zu verbessern.
Siehe weitere Informationen und konfiguriere deine Einstellungen