Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Religion in Mazedonien

За многу години Цветници Македонци

Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
kАДЕ ШТО ИМА МАКЕДОНЦИ, ГО ИМА И ВОЈСКОВОДЕЦОТ


И во Пустец се крстеле на фрески со Александар Македонски


Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.



Гробот на големиот војсководец е насликан на фрески во дваесетина црковни храмови, бил најексплоатиран во народното творештво, а античките симболи останале до денес и во македонската резба


Жанета Здравковска


Фреска на која е насликан Александар Велики со круна на главата има и во околината на Пустец, Албанија. Освен во манастирите во Сливница во Преспа, Слепче и Журче во Демир Хисар, фрески со гробот на Александар Македонски има и во храмови во Полошко и на други места населени со Македонци, категорична е Ангелина Маркус, историчар и професор по филозофија во пензија.


- Фреските се само мала епизода од жешкото прашање каде е гробот на војсководецот со кој народот на овие простори бил опседнат со векови. Со фреската се објаснувало некое сознание за Александар - вели Маркус.


Историчари на уметност велат дека најмалку во дваесетина храмови во нашата земја има фрески на кои е прикажан свети Сисое над гробот на античкиот војсководец.


- Ваквите примери се доказ дека и пред четири века култот за Александар Македонски постоел меѓу народот на овие простори, па тој бил инспирација и за уметнички творби. Александар Македонски е еден од ретките војсководци, императори, кои се појавуваат на фреска во црква - вели Ленче kрстевска, магистер по фрескосликарство и иконографија.


Песни и приказни за војсководецот


Византолозите напомнуваат дека фреската во Сливничкиот манастир е насликана по текст од христијанска беседа, која била актуелна во 16 и во 17 век на овие простори.


- Се работи за сцена што произлегува од поучните беседи на монахот Сисое дека с` овоземно, материјално, завршува еднакво како она што го поседувал најголемиот меѓу најголемите, Александар Великиот, т.е. завршува со костур како што ќе заврши секој човек - вели Анета Серафимова, професор на Институтот за историја на уметност и археологија при Универзитетот „Свети kирил и Методиј“ во Скопје. Историчарот Александар Донски, професор на штипскиот универзитет, во книгата „Античко-македонското наследство во денешната македонска нација – фолклорни елементи“, пишува за патописците и за лингвистите кои на овие простори пред неколку века забележале песни и приказни за античкиот владетел.


- Францускиот генерал Франсоа де Тот во 18 век запишал дека неговите работници (кои ги нарекувал Македонци) пееле песна за Александар Македонски. Рускиот филолог Виктор Григорович во 1845 година запишал дека најчесто име кај Македонците било Александар. Тој запишал и народна приказна за царот Филип Втори. Песни за Александар запишале и фолклористот Стефан Верковиќ и францускиот славист Сипријан Робер во 19 век. Kузман Шапкарев сведочел за приказни за Александар, кои му ги раскажувал татко му - вели Донски.


Според него, преданија за Александар се регистрирани и од браќата Миладиновци, Цепенков, како и од францускиот лингвист Андре Мазон и други.


Шеснаесеткракото сонце во резба


Античките симболи, пак, како код што се провлекува низ вековите, се зачувани до денес во македонската резба. Битолскиот копаничар Злате kрстевски вели дека сонцето што во минатото било на облеката на македонската војска до денес е континуитет во копаничарството.


- Сонцето како симбол на вечниот живот многу често е изрезбарено во иконостасите, крај распетието, на владичките тронови, царските двери, балдахините и друго. Честопати тоа е шеснаесет или осумзрачно - вели kрстевски.


Во книгата „Симболи на македонското копаничарство“ тој посочува дека шеснаесетзрачното сонце е изрезбарено на владичкиот стол на мајстор Стојко од Оровце, Радовишко, 1505-1506 година, за манастирот „Свети Прохор Пчински“. Потоа, на иконостасот во црквата „Свети Ѓорги“ во Лазарополе, во 19 век има изрезбарено повеќезрачно сонце во црквата „Свети Димитрија“ во Битола, на тронот е изрезбарено шеснаесетзрачно сонце и на многу други места.


„Дневник“ деновиве, повикувајќи се на kрстевска, магистер по фрескосликарство и иконографија, објави дека фреската во Сливница е идентична на онаа од Варлам на Метеорите насликани во 17 век, а се верува дека фреските ги работел македонскиот зограф Никола.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Pilgrims lighted candles at a service led by Archimandrite Partenie, center, in the centuries-old monastery of St. Jovan Bigorski in Mavrovo, Macedonia. The Macedonian Orthodox Church celebrates Easter according to the Julian calendar.


Celebrating Orthodox Easter -- Photos - WSJ.com

Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Religionsfreiheit in FYROM

Ten years suffering for Christ in FYROMacedonia



Um diese Inhalte anzuzeigen, benötigen wir die Zustimmung zum Setzen von Drittanbieter-Cookies.
Für weitere Informationen siehe die Seite Verwendung von Cookies.
 
Zuletzt bearbeitet:
Zurück
Oben