Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Religion in Mazedonien

"Alle verborgene Reliquien der Klöster in Makedonien"

[TABLE="width: 100%"]
[TR]
[TD="class: WB_DNEVNIK_Normal, width: 100%"](ФОТОГАЛЕРИЈА) Сите неоткриени мошти на македонските манастири
BF6A27C3F1E8AF4195417FFB934EDF51.jpg

Фото: Маја Златевска

Македонските манастири стануваат се поголема ризница на моштите од познати христијански светители - свети Јован Крстител, свети Јаков брат Божји, свети Стефан првомаченик, свети Трифун, свети Пантелејмон, свети Василиј Велики, свети Климент Охридски...
ЦРКВА „СВЕТА ПЕТКА“, ВЕЛГОШТИ, ОХРИДСКО
F250D3A0DE132F4BB7BF42BB70C83BF8.jpg

E93DD9F137B53C46B328D90FA7AFFEBB.jpg

AE6040E099B9184D82CF14223CCA1726.jpg

Дел од моштите на света Петка-Римјанка: Светителка од 2 век, родена во Рим, позната по својата истрајност во верата. По нејзината маченичка смрт биле забележани многу чуда,а православните верници продолжуваат да сведочат за нејзините чуда до денес. Се слави во повеќе балкански земји.
МАНАСТИРОТ „СВЕТИ ЃОРЃИ“, РАЈЧИЦА
F6027C62D303804B847BA6B704A61679.JPG

02018B6521C75A4CA925C8055AFD48B4.jpg

B08448BC44B5FA458A858BAAC329DE2D.JPG

Мошти на свети Ѓорѓи Победоносецот: Голем христијански светител, кој истрпел големи маки поради својата вера. Безбројни се чудата што се јавиле на неговиот гроб. Многубројни се и неговите јавувања во сон и на јаве на многумина што го спомнуваат и ја бараат неговата помош до денес. Тука се чуваат и моштите на свети Јован Кукузел, свети Јован Руски и света Варвара.
МАНАСТИР „СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“, ВАРОШ, ПРИЛЕП
2CF02888DCE409468BA2E9B3506C5FDC.jpg

37477DC95179E14C91D5F30AD893C50C.jpg

6E4FA793EB5F0D488B9441B28827A23E.jpg

D29B0C4F7792C74995703B4F5FFFCE2C.jpg

Мошти на свети Козма и Дамјан: Браќа светители што од Господ го добиле дарот да исцелуваат разни болести и тоа го правеле бесплатно. Моќта да ги лекуваат луѓето продолжила и по нивната смрт.
01B2DF27D62D4D4F9267AC0843416D1A.jpg

Свети Стилијан: Светител што правеше чуда лекувајќи ги луѓето. Запишано е дека излекувал многу деца и оттогаш се смета за чудотворец. Им помага особено на болните деца и на бездетни родители.
МАНАСТИР „СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ“, ЗРЗЕ, ПРИЛЕПСКО
CCF43BAF3FF62946B11A44D5A42645ED.jpg

C33F6DCB70C42647A5029DB64ED4AF25.jpg

B26C0960D3E5FF4AA50C992C0658279E.jpg

Дел од моштите на св. Пантелејмон: Голем христијански светител од 3 век. Дарот за исцеление го добил кога со помош на молитва воскреснал момче умртвено од отровна змија. Негови мошти има во повеќе манастири и цркви во светот.
5611B72F3DC6BD4ABC00240CBF21AC20.jpg

Свети вмч. Прокопиј: Роден е во 3 век во познато римско семејство во Ерусалим. Неговото трпение во многуте измачувања привлекло мноштво граѓани во христијанство, вклучувајќи ја и неговата мајка.
БИГОРСКИ МАНАСТИР „СВЕТИ ЈОВАН КРСТИТЕЛ“
AF2556C8531DE842820FC19E45010B6A.jpg

C6F061684B7A3143B14D69D0A0B69D23.jpg

Во кофчежето направено од Дичо Зограф се чуваат 10-тина највредни мошти. Парче од Светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Дел од моштите на свети Јован Крстител: Светител кој му бил братучед на Исус Христос и човекот кој го крстил во реката Јордан. Тој имал голема улога во првите векови во христијанството и сега се смета за светец и маченик.
51431D2817BBAA4591BF4296D568B1D7.jpg


Свети Јаков, брат божји: Познат и како Јаков Ерусалимски, важна личност од периодот на раното христијанство. Водач на христијаните во првите децении по смртта на Исус. Свети Евстатиј Плакида: Голем војсководач во времето на царот Тит и Трајан, кој прво бил незнабожец, па станал христијанин, кој маченички пострадал за верата. Света Марина: Светителка, која маченички пострада поради својата христијанска вера. Во народот е позната и како Огнена Марија. Свети Пантелејмон. Свети Кирик и Јулија: Маченици што пострадале поради својата вера.
298A5310353A9E4FBC97ACBA335699EF.jpg

Свети Харалампиј: Христијански светител и маченик од 3 век, епископ во Магнезија, кој до смрт не се откажал од верата. Св. Никита: беше епископ ремесијански, кој освен својата мисионерска
служба напишал и многу верски книги. Почина во 420 година. Света Петка. Свети Трифун: Светител, заштитник на лозарите. Неговиот поглед ги лекувал и душевно заболените.
8A68B5F82BC7AC4B96B9ADCDEDBDF54D.jpg

Свети Климент Охридски: Основоположник на МПЦ-ОА, светител и еден од учениците на светите Кирил и Методиј. Во 886 година ја формира Охридската книжевна школа. Св.Климент бил и првиот епископ словенски со титула епископ велички.
390ED36C38421E4EA272E2FE7CA69E8E.jpg


Свети Никола: Еден од најпочитуваните светители во наша земја. Свети Никола е роден во Патара, Ликија, Мала Азија, околу 270 година, познат е и како заштитиник на морнарите.
00AA566DB577BA41AF6505CFF1674966.jpg

Свети Стефан првомаченик: Свети Стефан првомаченик бил еден од седумте ѓакони назначени од апостолите да се грижат за старите жени, вдовиците и за сирачињата.
042B5905E27E7D4EAA50A815B91511FE.jpg

Св. Климентиј, римски: познат христијански светител
7BA7144552059547AC8A7F36011B3041.jpg

Св. Агатангел битолски: Податоци за свети Агатангел Битолски има многу малку. Пострадал маченички во Битола во 1727 година откако дошол во судир со екстремните исповедници на исламот затоа што се спротивставил на присилното исламизирање на христијаните.
0BC50A5C80315A40ACA0AD97B9A82C40.jpg

Свети Нектариј Егински: Роден е во 1846 година, во Силвира, регионот на Траки (Грција). Во 1904 година, по барање на неколку монахињи основа женски манастир на островот Егина.
296E38152220EA43BC15524BD2A4E7EE.jpg

Свети Јован Шангајски: Беше православен епископ во Шангај.
Роден е во 1896 година, во Русија, а за светител е прогласен во 1994 година. Во еден период, по 1926 година, работел и во Православната семинарија „Свети Јован Богослов“ во Битола. Не еднаш тогашниот би-толски владика ќе рече: „Сакате ли да видите жив светија - одете кај отец Јован“.
4FCB8D7224CB4F4E862FC89EDA5A0FB2.jpg

Св. Серафим Саровски: Роден во 1833 година и е еден од најголемите руски подвижници, претскажувачи и чудотворци. Се одликувал со големо смирение. Кога целиот свет го славел, тој себеси се нарекувал „сакатиот Серафим“.
93D3DFAF2073B040B76D0F920A036BA8.jpg

Св. Јован Руски: Светител од Русија кој бил војник и учествувал во руско-турска војна. Бил заробен и како слуга служел во Турција, каде направил многу чуда.
#[/TD]
[/TR]
[/TABLE]


[TABLE="width: 100%"]
[TR]
[TD]

[/TD]
[/TR]
[/TABLE]

- - - Aktualisiert - - -

(
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
[h=1]Денеска е Св. цар Константин и царица Елена[/h]






sv-konstantin-i-elena.jpg

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 мај.
Денеска е Св. цар Константин и царица Елена.
Во времето кога во Рим царуваше Диоклецијан, управник на западните римски области беше христољубивиот Констанциј Флор, кој во бракот со света Елена го доби синот Константин. Последниов во историјата толку се прослави, што го доби името Велики. За христијаните, пак, тој е првиот благочестив цар. Во 313 година, тој го издаде познатиот Милански едикт, со што се прекина тривековниот прогон на христијаните во Римската империја. Со него почнува една нова, христијанска ера во Римската државна историја, а тоа Константин го одбележи со пренесувањето на престолнината од древниот многубожечки Рим, во новиот град Константинопол. Свети Константин го свика и Првиот вселенски собор во 325 година, на кој црквата ја осуди ереста на Ариј. Изгради многу величествени цркви, посебно во Ерусалим. Пред смртта се крсти, а по смртта црквата го приброи овој цар меѓу своите светила, заедно со неговата мајка Елена.



 
Neue Kirche in Prilep eingeweiht, passend zum heutigem Feiertag "Hl.Konstantin und Elena"



[h=1]Прилеп после сто години доби нов свет храм[/h]03.06.2013 0 Коментари

Градоначалникот Марјан Ристески денеска присуствуваше на света литургија во црквата „Св. Константин и Елена“, каде за прв пат се одржа Света Боженствена Литургија по повод Храмовиот празник на црквата „Св. Константин и Елена“.

„На сите православни верници им упатувам искрени честитки по повод христијанскиот празник „Св. Константин и Елена“, посакувам мигови на разбирање, љубов, надеж и бериќет во секој дом и Господ да ги поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата“, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Црквата „Св. Константин и Елена“ вчера во чест на денешниот празник беше осветена, а Прилеп после сто години доби нов свет храм. Осветувањето беше извршено во присуство на Митрополит Преспанско – Пелагониски и Администратор Астралиско Новозеландски Господин Петар и архиереите на МПЦ.


Tags: празник, прилеп, ЦРКВА



 
[h=1]Мирен протест за поддршка на изградбата на црквата „Св. Константин и Елена[/h]6.06.2013 - 08:23:36

s_g_konstantinielena.jpg
Граѓанската иницијатива ВЕРИТАС денес во 11,30 часот организира мирен собир пред локацијата каде се гради црквата „Св. Константин и Елена“

Граѓанската иницијатива ги повикува граѓаните заедно да го искажат незадоволство и да упатат апел да се повлече точката за укинување на ДУПОТ во кој е вцртана нејзината изградба.

„Градоначалникот Жерновски и Општината Центар немаат ниту законско а уште помалку морално право да се дрзнат да ја стопираат изградбата на Црквата која преставува Божји храм. Црквата се гради со донации на верниците и добронамерни граѓани, што сведочи дека црковниот храм е по волјата на самите граѓани. Ниту господинот Жерновски, ниту било кој друг нема право да ја погази таа волја“, стои во соопштението на Граѓанската иницијатива.

Во истото се нагласува дека зад таа црква која е симбол на скопјани, која се гради по божјата волја и со благослов на Македонската православна црква -охридска архиепископија, стојат граѓаните.
 
[h=1]Ден на жалост во Општина Илинден поради смртта на Владиката Господин Кирил[/h]
Општина Илинден денот 14.06.2013 година (петок) го прогласи за Ден на жалост во Општината поради смртта на Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил, чии посмртни останки ќе бидат закопани во манастирскиот комплекс „Свети Ѓорѓи“, кој се наоѓа на територија на Општина Илинден.
Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил даде голема поддршка и значаен придонес за развој на Општина Илинден.
Манастирот „Свети Ѓорѓи“ во н.м. Дељадровци во Општина Илинден кој ќе биде вечното почивалиште на Митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил е изграден во 1921 година, а во негов состав се наоѓаат следните цркви : „Св.Ѓорѓи“, „Св.Петка“, „Св.Недела“, „Св.Архангел“, „Михаил и Гаврил“,„Света Злата Мегленска“ и „Св.Мала Богородица“. Овој манастирски комплекс претставува црковна лавра единствена во Полошко-Кумановската Епархија.

Manastirski_kompleks_Deljadrovci_manastir_Sv_Djordji_sl.5.jpg
 
[h=1]Денеска е Спасовден[/h]пред 6 минути











Денеска е Спасовден, празникот на Христовото вознесување на небото и четириесеттиот ден од Воскресението. Господ во текот на 40 дена по своето воскресение им се јавуваше на учениците, зборувајќи им за царството Божјо.


И откако им заповеда да не го напуштаат Ерусалим, туку да го чекаат слегувањето на Светиот Дух, тој ги изведе своите ученици во Витанија, ги благослови и се вознесе на небото.
Додека учениците гледаа во облакот што го сокри Господа пред нивните очи, ангелите им објавија дека истиот Исус кој од нив се вознесе на небото пак ќе дојде на ист начин како што го видоа да се вознесува.
Овој празник се нарекува Спасовден затоа што во денот на Христовото вознесение се доврши делото на спасението.
 
FYROM betet doch die ganze Zeit Götzen an, siehe all die Statuen and shit.
Und sowas nennt sich christlich.

Wann wird die fyromian church of Alexander the gay gegründet?
 
Zurück
Oben