Aktuelles
  • Herzlich Willkommen im Balkanforum
    Sind Sie neu hier? Dann werden Sie Mitglied in unserer Community.
    Bitte hier registrieren

Religion in Mazedonien

[h=1]ФОТО: Погребан Владиката Кирил[/h]

Владиката Полошко-кумановски Кирил денеска беше погребан во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Дељадровци во општина Илинден.

vladika-kiril50.jpg

Претходно во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во присуство на највисокото свешетенство на МПЦ, на државниот врв и голем број граѓани, беше отслужено опело за упокоениот владика.
Во негова чест МПЦ и општина Илинден денешниот ден го прогласија за ден на жалост.
Митрополитот Полошко - кумановски господин Кирил почина по кратко боледување на 11 јуни на 79-годишна возраст.
kiril500.jpg

Манастирот „Свети Ѓорѓија“ во Дељадровци, кој ќе биде вечното почивалиште на митрополитот Кирил е изграден 1921 година, а во негов состав се наоѓаат црквите „Св.Ѓорѓија“, „Св.Петка“, „Св.Недела“, „Св.Архангел“, „Михаил и Гаврил“, „Св.Злата Мегленска“ и „Св.Мала Богородица“. Овој манастирски комплекс претставува црковна лавра единствена во Полошко-кумановската епархија.
 
[h=1]СЕ НАЛУТИ ЛИ БОГ? – ЧУДНА ПОЈАВА ВО ЦРКВАТА ВО ВРАНЕШТИЦА (ФОТО)[/h]Духовден, долго ќе остане запаметен во меморијата на вранештичани. Откако утрото поставија блокада со жив ѕид со цел да не се сече црковната шума во нивното село, се случи чуден феномен од кој очевидците се сеуште возбудени и го коментираат како божја работа, пишува Кичево.мк.Фотографиите можат само да го потврдат она што селаните возбудено го раскажуваат. Во црквата посветена на Свети Никола, на очиглед на дваесетина жени кои купувале и палеле свеќи по повод големиот празник Духовден, наеднаш почнала да се рони и отпаднала фреската на Свети Илија, додека пукнатини се јавувале на останатите фрески.Црквата иако е стара, била целосно обновена пред околу 7 години, со народни и со црковни пари. Никој не памети дека на самиот објект се појавил некој проблем кој би предизвикал оштетување на фрескоживописот.„Се случи Божја работа“ – коментираат селаните.Додека ова се случувало, надвор сеуште траел протестот на селаните, па така повеќе луѓе дошле и на лице место се увериле. Оставаат надлежните институции да го кажат крајниот збор за овој чуден настан кој ја разбранува кичевската јавност.Селото Вранештица е многу старо и е населено со илјадници години наназад. Две од неговите цркви се зборува дека датираат уште од шестиот век.Повеќе фото на – Кичево.мк
Sv.-Nikola-Vranestica-2.jpg
 
Денеска е Св. Наум Охридски
Среда, 03 Јули 2013 07:55
Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.

Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ.




Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник.


Десетина години пред смртта Свети Наум го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро.


Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се претстави пред Бога околу 910 година, на 23 декември (по јулијанскиот календар).


Со оглед на тоа што тој ден паѓа во пост, за поторжествено празнување на неговиот спомен, уште од старо време Охридската Архиепископија го установи неговиот празник за време на летото, на денешен ден.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
Kirche Sveti Nikola in Mainz
Sv. Nikola, Mainz - Germanija

Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.


Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.


Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.


Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
 

Anhänge

    Sie haben keine Berechtigung Anhänge anzusehen. Anhänge sind ausgeblendet.
[h=1]Scandalous (Video): Muslim cleric in Oktisi, Struga called for stopping the construction of church ‘’St. Demetrius’’[/h]Објавено во: Ексклузивно Автор: Фаланга Датум: 26 Август, 2013
Scandal in Oktisi, Struga.......
1097450_10151794952161250_1144846374_n.jpg
Yesterday in Struga village Oktisi there were problems where Muslim cleric of that village called locals to come out and stop the process of setting the foundations of a local church "St. Demetrius ".
Tensions reached to that level when was called police buteverything ended without unpleasant scenes.
According to locals this is not the first time something like this to happen in Oktisi village, few years ago it was not allowed building a church where villagers poured sand to the foundation for the church and blocked the road to the church by cars.
Yesterday, to calm the situation, traveled Bishop Timotej and Mayor of Struga Zijadin Sela, when it was decided to compromise and to discuss in the coming days.
Orthodox citizens of the village are disappointed because their basic human rights of religion and freedom of movement are shortened. In the village there are graphites with threatening content directed against the Orthodox population.
Oktisi is one of the villages that unofficially tie with the actions of radical Islam, as was pointed out yesterday,here is what the Muslim clericsaid "I call upon all citizens of the village Oktisi, our Muslim brothers to come in a peaceful protest against the construction of the church "theclericsaid from the minaret of a mosque in Oktisi.
Watch the video

Scandalous (Video): Muslim cleric in Oktisi, Struga called for stopping the construction of church

 
Neue Kirche in Butel wird gebaut

Фото: Нова црква на Јован Крстител ќе се гради во Скопје

30.08.2013 - 10:58:00
crkva1.jpg

Имотно-правните проблеми за изградба на црква во Бутел 1 се решени, па наредниот месец ктиторот најавува поставување камен-темелник за новиот храм „Свети Јован Kрстител“, пишува Дневник.


Црквата треба да се гради на местото на ракометното игралиште на некогашниот клуб „Бутел“, во истоимената населба. Локацијата веќе е расчистена, а од Општината деновиве најавија дека ќе го дислоцираат игралиштето стотина метри подалеку, во дворот на ОУ„Свети Kлимент Охридски“.
- Подготвителните работи за црквата се почнати уште пролетта кога почна да се расчистува просторот, да се гребе асфалтот од игралиштето и да се отстрануваат други придружни објекти. Се рамнеше теренот, но имаше мал застој поради нерешените имотно-правни работи. Сега нема ништо спорно и очекуваме наскоро да започне изградбата – објасни Снежана Kлинчарова, портпарол во Општината Бутел.
Изградбата на црквата ќе ја финансира Мите Јовановски, сопственик на „Мак оил“.
Раскажа за своите мотиви да подигне храм на Јован Kрстител.
- На 2 или 5 септември ќе пристигне фирмата „Бетон“од Штип, која е изведувач, а треба да се договорам и со Македонската православна црква. Трипати почнував и трипати беа запирани работите. Темелите се ископани уште пред пет месеци, но се појавија проблеми со привремените објекти. Општината Бутел расчисти 90 отсто од работите, остануваат оние 10 отсто, но сепак ќе почнам. Ова си го ветив уште пред 20 години. Господ мене ми даде. Бев обичен занаетчија, сега имам с`, сега е ред јас да возвратам. Kамбанариите се купени уште во 1997 година и се кај мене дома, а нема смисла ниту да чекаат граѓаните – изјави ктиторот Јовановски.
Според проектот, површината на црковниот објект е над 500 квадратни метри, а нејзиниот највисок дел ќе биде 25 метри. Ќе се изградат и помошни простории за крштевање. Заедно со нив таа ќе зафаќа вкупна површина од над 1.000 квадратни метри. Kамбанаријата, пак, ќе биде висока 36 метри. Kтиторот Јовановски очекува храмот да биде готов за четири години, а да чини од 1,5 до 3,5 милиони евра.
- Планирам секоја година да издвојувам по 350.000 евра. Чинењето на црквата ќе зависи од тоа какви материјали ќе се употребат, какви фрески ќе се цртаат, каква ќе биде фасадата -објасни тој.
 
Zurück
Oben