Zoran
Μακεδоν τ
Deine Muddiiiiiii
Du bist mal wirklich Peinlich, dass ist ja fast schon nicht mehr normal :weise:
Übrigens, Velinovska, Nonkovikj und Milenkovski werden Chatzimarkakis verklagen
Велиновска, Неделковски и Нонковиќ ќе го тужат Шацимаркакис
Македонските новинари ќе поднесат тужба против европратеникот за навреда и физички контакт. Велиновска смета дека со изјавата дека навредите биле за обезбедувањето, Шацимаркакис најавил како ќе се брани на суд
Новинарите Мирка Велиновска, Бобан Нонковиќ и Миленко Неделковски ќе поднесат тужба против германскиот европратеник со грчко потекло Јорго Шацимаркакис за навреда и физички контакт. Причина за тужбата е непристојното однесување на Шацимаркакис кон новинарите за време на панел-деискусијата за состојбите во македонското новинарство, во Брисел, во вторникот. Новинарите се непријатно изненадени од односот на европратеникот како и од одлуката на организаторите на дебатата да им дадат право на збор единствено на новинарите Биљана Секуловска, Борјан Јовановски и Слободанка Јовановска и на судијката Маргарита Цаца-Николовска. На реакцијата на Велиновска, Нонковиќ и Неделковски, Шацимаркакис изреволтиран им го одзеде правото на збор, ја оттурна Велиновска за да ја напуштат салата и им се обрати на грчки со "малака". Дополнително, Шацимаркакис одби да им се извини на македонските новинари за навредите и рече дека "малака" било наменето за обезбедувањето и го употребил овој збор изнервиран од нивната задоцнета реакција.
-Со ова Шацимаркакис испрати порака како ќе се брани на суд. Ќе поднесеме тужба против него за физички контакт и навреда, вели Велиновска. Таа смета дека се работи за пропагандна машинерија која има за цел да го минимизира успехот на Македонија.
-Тоа е истата машинерија која функционира со години. Тоа се вика демократски централизам. Главата мисли, а останатите под него спроведуваат, смета Велиновска.
И Бобан Нонковиќ вели дека е јасно кому му беше упатен погрдниот збор.
-Целата македонска јавност можеше да види кому му се обрати. Ме гледаше во очи кога го изговори тоа. Претходно ми ја турна раката. Се однесуваше насилнички, вели Нонковиќ.
Зачудувачки, но ЕК вчера излезе со став дека организирана група индивидуаци од ПЈРМ и нивните поддржувачи ја попречиле расправата.
-Комисијата е запозната со овој инцидент и жали за тоа. Сметаме дека ова беше обид на група индивидуалци од Поранешната Југословенска Република Македонија и нивните поддржувачи да ја попречат јавната расправа во Европскиот парламент. Инволвираните во инцидентот пропуштија убава можност да земат учество во една отворена дебата, се вели во соопштението од канцеларијата на ЕК во Скопје.
И поранешниот министер за надворешни работи, а сега претседател на собраниската комисија Антонио Милошоски смета дека однесувањето на Шацимаркакис нема да придонесе за негова подобра репутација и углед.
-Нашата цел како Парламент е Мешовитиот македонско-европски парламентарен комитет да работи, да функционира добро, да има углед, копретседавачите да имаат добра соработка и приемот и во македонската и во европската јавност да биде добар. Овој настан не оди во прилог на едно такво функционирање. Затоа, секој политичар треба да биде внимателен. Без да навлегувам во содржината на настанот или да заземам една или друга страна, моето мислење е дека овој настан нема да придонесе за подобра репутација и углед на европратеникот Шацимаркакис, изјави вчера во Собранието Милошоски по седницата на Комисијата за надворешна политика.
Велинов�ка, �еделков�ки и �онковиќ ќе го тужат Шацимаркаки�