Малакас
Зборот "малакас" го употребуваат Грците, кога сакаат некого долно да навредат. По нашки, тоа би било: педериште, дркаџија, кретен... Ете, со тој збор, германскиот европратеник Јорго Шацимаркакис ги навреди македонските новинари Мирка Велиновска, Миленко Неделковски и Бобан Нонковиќ кои дојдоа во Брисел да бараат збор, и да учествуваат на дебата која се организираше во Европарламентот, на тема, ни помалку ни повеќе: Мрак во македонското новинарство! Што ќе ти е дебата, ако ти уште во насловот си дефинирал дека македонското новинарство е во мрак?!
Колку што јас знам, а и колку што самите можете да видите, во мрак е само А1 на Велија Рамковски, и двата негови весници за кои тој стално тврдеше дека не се негови. А испаднаа дека се. Се друго работи нормално.
А во мрак се затоа што на државата и должат 10 милиони евра, неплатени даноци. Што мене не ми е сеедно, затоа што ни украле најмалку едно школо, што би го изградиле со тие пари, или барем еден булевар низ Скопје, утопен од кланот на Велија... Во мрак се и затоа што, според изјавите на уредници и новинари дадени на судењето за таа цел, а во А1, Шпиц и Време немало ни уредници ни директори... Велија и кланот биле се што требало да води и уредува медиум. Пред судот, неговите новинари изјавија дека ги плаќал на рака.
За вакви работи, и во Америка и во Русија, како и во Лондон или Рим, оди во мрак секоја фирма. А особено ако е медиум, чиј газда со години јавно се заканува дека никој ништо не му може, и дека тој менува влади и министри, а не тие него. Газда кој избрка три гарнитури уредници, со јавно дадени изјави дека тој ја води телевизијата, а никој од нив не бил важен. Неговите молчеа за ова.
Тие молчеле со причина, биле платени за тоа.
При вакви состојби, новинарите на А1: Биљана Секуловска, Борјан Јовановски, Тања Милевска помогнати од домашната им пријателка Слободанка Јовановска, дописник од Брисел, со Шацимаркакис организирале дебата во Европарламентот - за мракот во македонското новинарство.
Мрак во кој сите опозициски медиуми, од националните телевизии Телма, Алсат или Алфа... до опозициските Утрински, Фокус, Дневник, Вест... слободно работат, пишувааат, објавуваат... ама и плаќаат данок, па работат нормално.
Оваа дискусија, патем треба да даде придонес кон лош Извештај од Брисел за Македонија, особено во делот на медиумите.
Од новинарите на таа дискусија, скоро ниту еден не е новинар активен во Македонија. Борјан Јовановски е хиберниран, и вон себе затоа што добива пари од Брисел за Еврозум, а нема каде да го објавува. А парите се озбилни: годинава за евроемисии се доделуваат 70.000 евра! Навидум многу, ама 50 пати помалку од фондовите за таа цел во Србија. Нашиве одработуваат прилично евтино.
Тој, заедно со неговата сестра Светлана Јовановска, и внуката од сестра Тања Милевска... и двете дописнички од Брисел, а не новинарки од Македонија,... со Шацимаркакис и Словенецот Јелко Кацин организираат бриселска трибина - за новинарскиот мрак во Македонија.
Еден репрезентативен новинарски примерок, ептен!
Дваесет години слушаме за вакви оргии: новинари, политичари, интелектуалци... одат во Брисел, кај извесни мастиљари, и ја лајат сопствената држава за да добијат поддршка, и пари за своите кариери. Нивните лаења, потоа, стануваат факти за притисок врз Македонија од позиции на грчки услови, големоалбански аспирации, вртење на на ти - дај ми проекти и грантови... Сме слушале, ама се до овој настан не сме виделе како изгледа тоа.
Ние овде лустрираме, казнуваме кодоши што биле тастери на сопствена полиција, заради ќар во кариерите. А што прават овие, во Брисел?! Мирка, Миленко и Бобан ја отворија тајната бриселска врата на бесчестието! И јас сум им благодарен за тоа! Шаци ги избрка, само затоа што барале збор. Од таму ги избрка, а ги внесе во историјата. Додека ги бркаше, и потоа, видовме политички куплерај снимен во живо. Како во времето на бугарската окупација што певаљките им се вовлекувале и смешкале на бугарските офицери, така Биљана Секуловска и Жижи Јованоска им се вовлекуваа, и им шапутаа на уво на Шаци и Јелко Кацин.
Балканска работа, коментираа.
Тие, демек, не се од Балкан. Тие се балкански изроди.
Врв на се, кога Шаци во бриселскиот ходник им се дере: Малакас! на тројцата македонски новинари, тукушто избркани од салата, Тања Милевска на поминување му пружа рака за поддршка! Филмска сцена! Не издржа срце јуначко, па германскиот пратеник Шаци опцу на грчки. Соросоидната банда од А1, и дописничкиот клан од Брисел, со насмевка поддржа замолкнување, бркање и навреда на нивни колеги. Новинари, и Македонци. Ладно, дошепнувајќи се со своите ментори. Да ти е срам што го гледаш тоа. Што ли си прават, кога нема камери да ги снимаат... Две децении соросоидите држат монопол на 5 милони евра пари за корупција на новинарството, Здружението на новинари, Советот за радиодифузија, сурија професори и невладиниот сектор... градат свој тим, обезбедувајќи му добар пристап кај дипломатите, до бриселските фондови, заштита на нивните медиуми од законот... се досега. Додека не се отворија бриселските врати, и ние за прв пат видовме какви перверзии се тоа.
Фамилијата на Борјан и соросоидите немале работа, откако се затворени А1, Шпиц и Време... а дали им текна дека не ги бива, па затоа никој не ги ни вработува. Која телевизија не сака уредник и новинар кој им дига гледаност? Дали им текна дека поддржувале криминал во А1, Шпиц и Време. Оставиле долгови, и без работа стотици кои никогаш не дошле до своите пари, што Велија им ги должел, а неговите новинари биле неговата преторијанска гарда за рекет врз државата и должниците... како во Сведмилк, на пример.
Ништо, во Македонија, не е веќе како порано. Ни улици, ни болници, ни плоштади, ни факултети, ни пензии... ни новинарски рекети и корупција на новинарството, невладиниот сектор, уметноста и слободната мисла... ништо.
Бранко, Борјан, Милчин, Макрадули, Рада... дописничкиот клан од Брисел, Велија... ова не го видоа на време.
Но ние, на време, ние ги видовме нив. Малакас!
Пишува: Драган П. ЛАТАС
Малакас