ТУРСКИ СУТАШ ОТВОРИ МЛЕКАРНИЦА ВО МАКЕДОНИЈА. ЌЕ ГО КУПИ ЛИ СВЕДМИЛК?
TIME.mk - ???????? ?? ?????
Турската компанија Суташ, за која се шпекулираше дека е заинтересирана да ги купи производствените погони на млекарницата Сведмилк, отвори фирма во Македонија. Според податоците од Централниот регистар, млекарницата којашто турската компанија ја основаше во Македонија се вика Балканска млекара, а е основана со паричен влог од седум милиони евра. Според податоците од Регистарот, основач е Акционерското друштво Суташ сут урунлери аноним ширкети од Бурса, а на македонскиот пазар планира да произведува млеко и сирење.
Управители на млекарницата во Македонија ќе бидат Хусеин Мустафа Чевик, Мухарем Јилмаз, Хајдар Јилмаз, Ајкут Билбај и Али Мусфик Созер. „Капитал“ неколку пати пишуваше за интересот на Суташ за Сведмилк и дека преговорите со НЛБ Тутунска банка, која е најголем доверител на пропаднатата млекарница, се веќе при крај. Менаџерскиот тим на Суташ повеќе од половина година ја скенираше состојбата на производствените погони на Сведмилк и на македонскиот пазар.
Пред осум месеци НЛБ Тутунска банка ги нудеше на продажба земјиштето и фабричката хала во која се одвиваше производниот процес на Сведмилк, како и дел од опремата за 7,5 милиони евра, но продажбата беше неуспешна. На јавното наддавање не се јави ниту една заинтересирана компанија. Иако втор оглас беше најавен за еден месец, подоцна рокот неколкупати беше пробиен, а од банката изјавија дека оглас за продажба нема да биде објавен с$ додека не се договорат со некој конкретен купувач.