Bei dem Regierungskritischen ALFA TV ist nur von Albaner die rede, auch das Bedzeti keinen Grund für seinen Rücktritt angab.
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&egId=6&eventId=41236
Неизвесен попис
четврток, 29 септември 2011, 16:59
Оставки во Државната пописна комисија. Членовите на Комисијата, Албанци, предводени од потпретседателот Абдулменаф Беџети, вечерва ја напуштија работата на пописната комисија. И целосно го ставаат под знак прашање одржувањето на пописот, на само еден ден пред почетокот на попишувањето.
Беџети ја потврди оставката за Алфа, без да ги наведе причините за таквиот негов потег. Неофицијално, тој и останатите членови Албанци се повлекле, незадоволни од, како што се вели, неисполнетите политички и технички услови за одржување на операцијата. Каменот на сопнување - различното толкување на законот - како да се попишат печалбарите.
Од друга страна претседателката на Комисијата Весна Јаневска, како што вели, не ги добила оставките од членовите Албанци, но меѓу редови, признава дека тие се случиле. Останува уште еден ден - време кое е доволно да се премислат и да се вратат, смета Јаневска.
Оставките дополнително ја искомпликуваа и онака нималку наивната ситуација со пописот, која тлееше цело време, а своја кулминација доживува вечерва. Оставките не сакаше да ги коментира лидерот на ДУИ Ахмети. Најави изјава за утре.
Ахмети, кој видно вознемирен излезе од средбата со турскиот премиер Таип Ердоган, со сопартијците ќе има долга ноќ, да ги разубеди членовите Албанци да се вратат во работата на комисијата. Несогласувањето со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ остана на површина околу тоа како ќе се евидентираат гастербајтерите.
Од друга страна пак лидерот на ДПА Мендух Тачи, оставките ги прокоментира како очекувана последица на неподготвеноста на која тие предупредувале.
Во меѓувреме почнаа апелите за попишување на населението - движењето Разбуди се, со соопштение ги повика граѓаните, особено Албанците, масовно да одговорат на попишувачките тимови - предупредувајќи ги дека за нив, освен статистички ќе има и политички последици, затоа што нивните права зависат од квантитативната претставеност.
Апел до граѓаните Срби испрати и пратеникот Драгиша Милетиќ.
Паралелно, тече и обуката на повеќе од 16 илјади попишувачи кои треба да ја изведат целокупната операција. Иако, според некои неофицијални информации, се уште не е затворен и списокот на попишувачите. Ако утре состојбаста се нормализира, а Комисијата почне да работи во полн состав, пописот треба да почне в сабота во 8 часот.