Zoran
Μακεδоν τ
Diese Woche soll in Bunardzik der Grundstein für zwei weitere Fabriken gelegt werden.
[h=3]Старт на изградбата на неколку фабрики во Македонија[/h]
[h=5]Мартин Пушевски[/h]Италијанската “Текнохозе” идната недела стартува со пробно производство во Бунарџик. Инвестираа 10 милиони евра во фабрика наменета за армирани гумени црева за автомобилската индустрија, во која ќе работат 150 луѓе.
Раздвижено e и во Бунарџик 2. На средината на јули и “Ван Хол” стартува со изградба на фабриката, во која за 3 години ќе треба да ги произведат веќе нарачаните 300 автобуси за американскиот пазар. Планираат да инвестираат 20 милиони евра и да вработат околу 500 луѓе. Фабриката ќе се простира на површина од 40.000 квадратни метри.
Веќе в понеделник ќе биде поставен и камен - темелник на објектот на “Кромберг и Шуберт” во Битола. Планираат да инвестираат 20 милиони евра и да вработат околу 2 500 луѓе.
Нов газда доби и рудникот Тамјиште. Турски Курум Холдинг за него понуди 2 милиони евра. Во рудникот за железо ќе инвестираат 100 милиони и ќе отворат околу 500 нови работни места. Во септември со работа треба да почнат руски “Протек груп” и црногорската “НИН Фибер”.
“Во едни вакви, исклучително тешки околности, правиме сè што можеме и даваме сè што е во наша моќ. Заедно со 2009-та ова е една од најтешките години во Европа, а ние сме целосно поврзан пазар со европскиот. Добро е што сепак нешто се движи, има држави во кои комплетно сè е застанато во однос на фабрики, нови градби, погони, нова опрема”, изјави Никола Груевски, претседател на Владата на Р. Македонија
Рецесијата во еврозоната ја погоди Македонија. Странските директни инвестиции заклучно со април изнесуваат 30.6 милиони евра, што е пад од над 80 проценти споредено со истиот период лани, покажуваат податоците на Народна банка.