Zoran
Μακεδоν τ
Илинден станува економски тигар во скопскиот регион
Илинден формираше 9 локални економски зони, на кои досега се почнати 110 инвестиции за изградба на нови стопански објекти. Комплетно се изградени и ставени во функција 75, а останатите се во процес на изградба
Со огромен број странски и домашни инвестиции за нови стопански објекти во индустриските зони кои интензивно се развиваат, Илинден прераснува во економски неразвиена општина во скопскиот регион. Британската Џонсон Мети, холандската Вп- Текс, белгиската Ван Хол како и многу други интернационални компании се само дел од оние што се одлучија да ги прошират своите ланци на фабрики, претставништва или логистички центри во оваа општина. Технолошкиот развој исклучително напредна во последниот период и донесе нови можности за развој во работењето, управувањето, безбедноста и давање на услуги. Илинден како една од најнапредните и најактивни општини во Републиката, цели на целосно искористување на нејзините силни страни и можности. Геостратешката положба, развиената сообраќајна инфраструктура, близината до железницата и товарната железничка станица и до Аеродромот "Александар Велики", слободните економски зони во Бунарџик, ги прават 9-те локални економски зони на Илинден најатрактивните локации за инвестиции во скопскиот регион.
Илинден формираше 9 локални економски зони, на кои досега се почнати 110 инвестиции за изградба на нови стопански објекти. Комплетно се изградени и ставени во функција 75 стопански објекти, дел се во завршна фаза на изградба, а дел, пак, почнуваат да се градат. Во својата стратегија, Илинден како локална самоуправа е насочена кон што полесно и поедноставно овозможување услови за нови инвестиции, поддршка за проширување на постојните, а со тоа и отворање на нови работни места.
- Развојот на локалната заедница е основен темел за развојот на државата. Локалната самоуправа како јавен сервис на граѓаните го стимулира социо-економскиот
развој преку негување на вредноста на пријателски односи со деловни партнери и соработници, како и работењето со граѓаните. Зајакнувањето на локалната демократија, граѓанското учество, развојот на човечкиот капитал и одржливиот приход на граѓаните на општината се приоритети во општинското работење. Затоа, се вложуваат сите напори за транспарентност, отчетност, финансиска стабилност и ефективност во извршувањето на општинските услуги, вели градоначалникот Жика Стојановски.
Освен големиот број инвестиции за обезбедување на што подобри услови за стопанскиот сектор, Илинден подеднакво инвестира и во решавање на инфраструктурните проблеми се кои се среќаваат жителите.
Решавањето на приоритетниот проблем - реализација на проектот за изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води е само еден од завршените. Изграден и пуштен во употреба е првиот сегмент од фекалната канализација во должина од 5.700 метри, со пречистителна станица. На овој затворен систем приклучени се 320 домаќинства, односно околу 1.200 жители. Целиот систем за прифаќање и третман на отпадните води на територијата на Илинден се состои од 24 сегменти, кои се целосно независни еден од друг.
Во областа на образованието изградено е новото Модуларно училиште, со кое се создадоа услови и за воведување на средно образование во општината. Модуларното училиште е високо енергетско-ефикасен објект, во кој се воведени нови технологии и еколошки материјали, греење и ладење со алтернативни извори на енергија со искористување на топлинската енергија од подземните води, при што заштедата на енергија е до 60 проценти. Новото училиште е со оптимален капацитет од 420 ученици во една смена, има 14 училници, 8 кабинети како и компјутер за секое дете.
40 километри улици и локални патишта
Изградбата на нови локални патишта и улици како и санација на постоечките е еден од приоритетите на општината. Општината го има препознаено значењето на квалитетната патна инфраструктура како основен услов за брзиот локален економски развој, па затоа изминативе 4 години асфалтирани се вкупно 40 километри улици и локални патишта со што значително е подобрена целокупната слика на сообраќајната инфраструктура. Само за оваа намена вложени се вкупно 212 милиони денари.